Денот на пролетта одбележан со голем хепенинг во општина Дебарца

После успешно сработениот проект „Заедно до почиста општина“ денес во с.Белчишта учениците и вработените во ОУ „Дебрца“ и Локалната самоуправа организираа свечен хепенинг и продажна акција. Проектот се одвиваше во 6 работни седници, а секоја седница имаше различни активности меѓу кои: поставување корпи за отпадоци, засадување рози кои беа донирани од страна на градоначалникот Игор Трајкоски, уредување на училишниот двор, одржување јавна трибина, марш на учениците со еко транспаренти низ повеќе локации на општината, поставување хранилки за птици пред училиштата. Целиот проект се заокружи со свеченост при што имаше богата…

повеќе...

Во Белчишта ќе се одржи свечен хепенинг за успешно завршениот проект „Заедно до почиста општина“

По повод успешно реализираниот проект „Заедно до почиста општина“,  утре  ќе се одржи свечен хепенинг со почеток во 12 часот во с.Белчишта, каде ќе настапи охридскиот пејач Ѓоко Танески. Учениците од ОУ „Дебрца“ изготвија цветни украси со разни декорации кои ќе бидат изложени во продажната акција која ќе започне во 11 часот. Исто така во овој проект на Министерството за животна средина и просторно планирање „Македонија земја на розите“ ќе се организира засадување на рози од страна на учениците, локалната самоуправа и градоначалникот  Игор Трајкоски.

повеќе...

Одобрени средства за првото новороденче во општина Дебарца

Честитки од градоначалникот на општина Дебарца, Игор Трајкоски до Стојче и Маријана Мувчески родители на првото новороденче во општина Дебарца во оваа година, Славица Мувческа од село Требеништа родена на 01.02.2014 година. Согласно програмата донесена од страна на Општина Дебарца, денес им се одобрени финансиски средства во вредност од 5 000 денари.

повеќе...

Пратеникот Николоски во посета на изградбата на канализациона мрежа во Мешеишта

Денес во посета на општина Дебарца престојуваше пратеникот Александар Николоски, кој заедно со градоначалникот Игор Трајкоски го посетија с.Мешеишта, каде што ги согледаа градежните активности околу изградбата на канализационата мрежа, која започна да се гради пред месец и пол. Според договорот фирмата изведувач работите траба да ги заврши во рок од 10 месеци. При посетата од страна на изведувачот беше кажано дека темпото на изградба се одвива со одлична динамика и дека досега е изградена една третина од канализацијата односно 3 километри цевковод со поставени шахти. Вредноста на договорот е…

повеќе...

Форумот на жени на ОО СДСМ Дебарца го одбележа 8ми март

Форумот на жени на Општинската организација СДСМ-Дебарца денеска го одбележа  Денот на жената-8 март. Активистките на СДСМ Дебарца ги посетија домовите на жителите во населените места во општината и на постарите припаднички  на понежниот пол им поделија симболични подароци . „На овој начин со овој гест сакаме да им оддадеме почит и да им го честитаме празникот на сите жени, бидејќи тие се основниот столб не само за семејството туку за целото општество. 8- ми март е ден кога ја одбележуваме борбата на жената за рамноправност, еманципација и мир. Социјалдемократијата…

повеќе...

Во тек е изградбата на канализациона мрежа во село Мешеишта

Во село Мешеишта деновиве интезивно се гради канализационата мрежа во должина од 8 километри. Договорот за изградба на канализационата мрежа со фирмата изведувач е десет (10) месеци, тоа значи дека до крајот на годината мешеиштани ќе ја добијат долгоочекуваната канализациона мрежа со што конечно ќе се реши проблемот со преполнетите септички јами. Средствата за изградба на канализационата мрежа се обезбедени од Агенција за земјоделство и рурален развој во висина од 14.545.000,00 денари и претставува еден од поголемите инфраструктурни зафати во општината, односно еден од ветените проекти на Градоначалникот Трајкоски.

повеќе...

Дворот во ОУ„ Дебрца“ разубавен со ружи

Во текот на реализацијата на проектот „Заедно до почиста општина“ учениците и вработените на Основното училиште „Дебрца“, с. Белчишта засадија 100 садници ружи. Ружите беа донирани од страна на Локалната самоуправа на Општина Дебарца, на чело со градоначалникот Игор Трајкоски. Исто така беа засадени и 10 борчиња, кои беа  донирани од Гарден Центар „Розенталис“ од село Волино. Учениците од ОУ „Дебрца“ ги разубавија училиниците и училишните холови со засадување на цвеќиња.

повеќе...

ЈЗУ Здравствен Дом Охрид успешно го спроведува Проектот „Рурален доктор“ на подрачјето на Охрид и Дебарца

Во изминатиов период, односно од почетокот на јануари 2014 година, ЈЗУ Здравствен Дом Охрид го спроведува Проектот на Владата на РМ „Рурален доктор“ на подрачјето на општина Охрид и општина Дебарца. Целта на овој проект е доближување на здравствената дејност на примарно ниво до целокупното население. Од тие причини и Здравствениот Дом е должен да организира вршење на здравствена дејност на примарно ниво во населени места надвор од своето седиште. Континуирано, согласно утврдена Програма, со одредена динамика се посетуваат сите села во двете општини од страна на медицински тим составен…

повеќе...

Сојузот на борци утре ќе одржи трибина по повод 70 години од Февруарскиот поход

Општинската организација на СБ од Народноослободителната и антифашистичката војна на Македонија 1941-1945 и на граѓани продолжувачи во општините Охрид и Дебарца,  утре ќе одржи свечена трибина по повод 70 годишнината од февруарскиот поход, еден од многу значајните настани од НОАВМ и 70 години од смртта на народниот херој  Кузман Јосифоски Питу. На трибината за значењето на февруарскиот поход ќе зборува историчарот Наце Иваноски. За ликот и делото на Кузман Јосифоски Питу ќе зборува Гоце Георгиески, претседател на ОО на СБ за Охрид и Дебарца.

повеќе...

Група австралиски бизнисмени се сретнаа со градоначалникот на општина Дебарца Трајкоски

Денес во просториите на општина Дебарца престојуваа група aвстралиски бизнисмени предводени од Македонскиот почесен конзул во Перт (Австралија) Зоран Ќосески. Бизнисмените ги прими градоначалникот Трајкоски, кој им ги презентира потенцијалите со кои располага општина Дебарца за инвестирање. Градоначалникот Трајкоски, австралиските бизнисмени ги однесе на повеќе локации во општина Дебрца каде што би можеле тие да инвестираат.

повеќе...