Градоначалникот на Дебрца даде отчет за сработеното во 2016 година

Градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски денес на прес-конференција ги презентираше резултатите од работењето во изминатата 2016 година, како и  ги претстави проектите кои ќе се реализираат во 2017 година. „Преземајќи го управувањето на Општина Дебрца, уште на самиот почеток се поставија приоритетните проекти, активности и мерки кои беше неопходно да се преземат и имплементираат, со една заедничка крајна цел, обезбедување на директни придобивки и подобрени услуги за целото население во Општина Дебрца. Во изминатата 2016 година покажавме дека успесите се достижни. Се разбира за нивно постигнување беше потребен труд, време…

повеќе...

Започна реконструкцијата и санацијата на дел од културниот дом во Злести

Градоначалникот на Општина Дебрца, Игор Трајкоски беше во работна посета во Злести каде отпочнаа градежните работи околу реконструкцијата и санацијата на дел од Културниот дом во Злести. Согласно договорот за изведување на градежните работи предвидено е да се изврши санација на дел од Културниот дом, каде ќе се изврши, замена на кровниот покривач, целосна замена на надворешната столарија од објектот, изведување на нова армирано бетонска плоча, обработка на внатрешните ѕидови, изведба на нов спуштен плафон и замена на електричната инсталација во тој дел од објектот. „Со реконструкцијата и предавањето во…

повеќе...

Општина Дебрца: Народот добро ја препознава работата на градоначалникот Трајкоски

Во врска со соопштението од ОО на СДСМ Дебрца, реакција испрати Општина Дебрца во која стои: „Очигледно е оправдувањето на ОО СДСМ Дебрца кон нивните членови за поразот на изборните циклуси токму од ВМРО ДПМНЕ и градоначалникот Трајковски. Немајќи изговор за нивните последователни порази кои патем се зголемуваат од еден во друг изборен циклус во она што преставува краен исход, разбирлив е нивниот начин за неосновано напаѓање. Би ги запрашале дали овие тврдења во нивното соопштение се однесуваат за владеењето на претходниот градоначалник Којчиноски кој во 16 години ја имаше…

повеќе...

СДСМ: Трајкоски Дебрца ја направи затворена и заробена општина

ОО на СДСМ Дебрца денес испрати соопштение до медиумите, во кое стои: „Сведоци сме дека во изминативе 4 години откако градоначалник е Игор Трајкоски општина Дебрца се претвори во најзатворена и заробена институција, во која граѓаните имаа отежнат пристап до општинските услуги и истите ги добиваа на неквалитетен и неекономичен начин. Така, беа воведени административни и физички бариери за да се дојде до градоначалникот и општинската администрација, граѓаните не можеа или тешко остваруваа прием кај градоначалникот, за добивање на најобична потврда беа приморани да доаѓаат повеќе пати и да се…

повеќе...

Жител од Волино нападнал полициски службеник

Утрово во 02:30 часот во ПС Охрид, при приведување по претходно нарушен ЈРМ А.Т.(26) од с.Волино–Дебрца, физички нападнал полициски службеник удирајќи го со тупаници и клоци во пределот на главата и телото. Истиот бил приведен и задржан во ПС за понатамошна постапка. Се работи на целосно расчистување на случајот.

повеќе...

ОО на СДСМ Дебрца со Новогодишна честитка до граѓаните

ОО на СДСМ Дебрца испрати Новогодишна честитка до граѓаните: „Почитувани граѓани на Дебрца, драги пријатели, Секој граѓанин заслужува подостоинствен живот, заслужува да биде разбран, почитуван, спокоен, радосен, бидејќи во сето тоа е смислата на нашето живеење. Затоа, нека 2017-та година биде година на животот, кој го избравме. Година кога Македонија ќе стане нормална држава, општество на слободни и среќни граѓани. За децата да ни останат дома. Нека биде година кога животот и насмевките на граѓаните ќе се вратат насекаде, вклучително и во општина Дебрца. Ве повикуваме заедно да ги прифатиме…

повеќе...

Општина Дебрца: Им порачуваме на СДСМ да го земат календарот на Општина Дебрца и добро да го проучат

Во врска со соопштението од ОО на СДСМ Дебрца, реакција испрати Општина Дебрца во која се вели: „Во моменти кога помисливме дека нискиот политички морал и култура кој го поседуваат СДСМ Дебрца нема да го прикажат во последните денови од 2016 година сведоци сме на нивното соопштение во кое во целост се прикажува нивниот комплекс на поразени политичари. Имено, за нас и за јавноста општо познат е фактот дека Општина Дебрца од моментот кога ја води градоначалникот Трајковски нижи успеси во сите полиња, а особено во она што претставува медиумско…

повеќе...

СДСМ: Градоначалникот на општина Дебрца на Новогодишен календар како соцреалистички лидер

Општинската организација на СДСМ Дебрца денес испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Деновиве Градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски објавувајќи фотографија од предновогодишна средба со новинари од локалните медиуми, во присуство на неговите партиски ментори ќе се пофали дека оваа година била медиумски најуспешна за општина Дебрца. За општина Дебрца не сме сигурни, но за градоначалникот немаме причина да не веруваме во оваа констатација, ако се има во предвид дека врв на неговата „промоција“ е новогодишниот календар на општина Дебрца. На сите страници на календарот се ставени фотографии од…

повеќе...

Тампонирани повеќе улици во Лактиње

Општина Дебрца изврши тампонирање на најоштетените и најнепристапни улици во село Лактиње.Според Градоначалникот Игор Трајкоски, со овој градежен зафат се потврдуваат напорите на општината за подобрување на животот на жителите на целата територија. „Станува збор за тампонирање на повеќе локални улици во село Лактиње, со ширина од 3 метри и вкупна должина од 700 метри. Се надеваме дека со тампонирањето на овие улици жителите ќе имаат подобра и полесна комуникација, како и олеснат сообраќаен пристап.”, истакна Градоначалникот.

повеќе...

СДСМ: Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ соучесник во еколошкото уништување на Дебрца

Советничката група на СДСМ Дебрца испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Oткако на 46-та седница на Советот на општина Дебрца не помина точката за изградба на бетонска и асфалтна база во местноста „Царополе“, во атарот на село Ново Село, по барање на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, експресно, за ден 21.11.2016 година свикана е 48-та седница на која на дневен ред повторно е поставена точката за изградба на бетонската и асфалтната база, како и точката за рудникот за експлоатација на минерална суровина-варовник во местноста „Чифлиска Краста“, село Долно Средоречје. Станува…

повеќе...