Емилија Маринова нова директорка на ОМУ „Методи Патче“

Емилија Маринова е новиот директор на ОМУ „ Методи Патче“. Со решение на градоначалникот Никола Бакрачески од 7 септември 2015 година, Маринова и официјално ја презеде оваа функција од досегашната директорка Нина Момировска која претходно во два мандати ја водеше институцијата. Маринова е професор по пијано а во ОМУ „Методи Патче“ работи неколку години.

повеќе...

Најдобриот македонски атлетичар на прием во Агенцијата за млади и спорт

Директорот на Агенцијата за млади и спорт мр.Марјан Спасески го прими државниот првак во Атлетика на кратки патеки и учесник на претстојниот мундијал во Пекинг како единствен представник на Македонија, Ристе Пандев. Разговорот беше околу очекувањата од настапот на Светското во Пекинг, можностите за тренирање, но и за самите почетоци на нашиот најдобар атлетичар. Имено Пандев е роден 1994 год. во Струмица, а со Атлетика почнува да се занимава сосем случајно во рамките на училишните натпревари. Неговиот талент бил веднаш забележан од неговиот сегашен тренер Ване Стојанов кој е истовремено…

повеќе...

Олеснување за матични лекари – помалку бирократија за поефикасна превентивна здравствена заштита

ФЗОМ денес заедно со Здружението на приватни лекари на Р.Македонија информираа за новиот софвтер, со кој ќе се унапреди и олесни работата на матичните лекари, а се однесува на полето на превенцијата која тие веќе ја спроведуваат. Во договорите со Фондот за здравство, матичните лекари од општа пракса имаат обврска да спроведат мерки и активности за превенција и рано откривање на кардиоваскуларни болести, дијабетес и нефролошки заболувања, кои се трите најчести незаразни заболувања во Република Македонија. Овие превентивни мерки се спроведуваат на 1.3 милиони осигуреници на возраст од 14-65 години. „Целта на…

повеќе...

Конзервирана ранохристијанска базилика на локалитетот „Манчевци“

Министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска денеска го промовираше локалитетот „Манчевци“ во Охрид, каде е извршена конзервација на ранохристијанска базилика од периодот меѓу 4 и 6­тиот век. ­ ж „Станува збор за една од деветте ранохристијански базилики откриени во стариот дел на Охрид. За проектот спроведен во неколку фази од Министерството беа издвоени 5,5 милиони денари, во чии рамки беа извршени системско археолошко истражување на локалитетот, консолидација на објектот, конзервација на сите мозаични подови, а беа поставени и автентичните столбови откриени на локалитетот“, истакна Канческа – Милевска. Локалитетот „Манчевци“…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески на крстарење заедно со учесниците на ракометната академија „Андреа Лекиќ“

Градоначалникот Никола Бакрачески заедно со директорот на СРЦ „Билјанини извори“ Ристе Мишев и учесниците на ракометната академија „Андреа Лекиќ“, беа на двочасовно крстарење по Охридското езеро. Пред учесниците на третата по ред ракометна академија „Андреа Лекиќ“ се обрати градоначалникот Бакрачески кој им посака пријатен престој во Охрид и успешно совладување на сите ракометни тајни од големите мајстори како што е Андреа Лекиќ. „Ми причинува огромно задоволство што имам можност да присуствувам во вашето друштво помеѓу овие ведри, насмеани и задоволни лица од успешното совладувањето на ракометните вештини. Благодарен сум што…

повеќе...

Поранешниот директор на Здравствен дом Охрид и се предаде на полицијата

Поранешниот директор на Здравствен дом Охрид, Митко Дабески, по четири месеци бегство утрово и се предал на полицијата. Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски информира дека Дабески е предаден во Основниот суд во Охрид, каде му е изречена мерка притвор од 30 дена. Дабески, со уште двајца вработени, шефот на сметководство и благајникот, во медицинската установа во февруари годинава беа осомничени за криминал од околу 7,5 милиони денари. Финансиската полиција ги товари за „проневера во службата“, „поттикнување“, „помагање“ и „фалсификување или уништување на деловни книги“. Во периодот од 2010 до…

повеќе...

Горанче Савевски нов директор на БЈБ, Љупчо Андоновски на УБК

На денешната седница Владата на Република Македонија именуваше директори на Бирото за јавна безбедност и на Управата за безбедност и контраразузнавање. За директор на Бирото за јавна безбедност е именуван Горанче Савевски, досегашен началник на Централните полициски служби. За директор на Управата за безбедност и контраразузнавање е именуван Љупчо Андоновски, досегашен началник на Одделот за безбедност и контраразузнавање – Скопје. Горанче Савевски и Љупчо Андоновски имаат завршено високо образование на Факултетот за безбедност. И двајцата имаат големо професионално работно искуство во Министерството за внатрешни работи.

повеќе...

Отворен Центар за кариера во средното училиште „Св.Наум Охридски“

Во Општинскиот електро- машински училишен центар „Св.Наум Охридски“, свечено беше отворен Центар за кариера, проект кој е дел од Младинската мрежа за стекнување вештини за вработување, финансирана од Американската агенција за меѓународен развој УСАИД. „Уверен сум дека со отворањето на Центарот за кариера ќе се овозможи стекнување на драгоцени вештини за учениците и невработените лица, кои ќе им помогнат подготвени да излезат на пазарот на трудот. Тука, заедно со наставниците и претставниците на Агенцијата за вработување, ќе можат да добиваат ииформации и услуги поврзани со пазарот на трудот на локално…

повеќе...

Одговорно, транспарентно и отчетно работење на ЈП „Охридски Комуналец“

Директорката на ЈП „Охридски Комуналец“, Елена Скрческа, денес одржа прес-конференција, на која даде отчет за сработеното во изминативе две години. „Оваа прес конференција е свикана со цел исполнување на нашата обврска за одговорно, транспарентно и отчетно работење. Пред две години, она што беше затекнато како исклучително тешка финансиска состојба и стар возен парк беше и предизвикува тешка задача за да се вложат напори за консолидирање на состојбата, а претпријатието да застане на здрава основа од каде ќе може да се напредува кон поуспешно работење и проширување на матерјалната основа со можност…

повеќе...

ЈП „Градски Пазар“ Охрид со позитивни финансиски резултати од работењето

Директорот на ЈП „Градски Пазар“ Охрид, Тони Коталески денес одржа прес-конференција, на која даде отчет за сработеното за изминатите две години. Директорот посочи дека изминатите две години ги завршиле со позитивни финансиски резултати  и тоа вкупно од 745,866,00 денари или за 2014 година 351.901,00 , и за 2013 година 393.965,00 денари. Платите и паушалите редовно се исплаќаат без доцнење, исплатени се сите обврски. „Финанасиската состојба во Јавното претпиријатие во периодот на преземање на претпријатието истото по основ на обврски должеше 1.107.885,00 денари од кои обврски према добавувачи 556.958,00 денари, четири неплатени паушали кон УО и…

повеќе...