ЈП „Билјанини Извори“ со позитивни резултати од работењето

Директорот на ЈП „Билјанини Извори“, Ристе Мишев денес одржа прес-конференција, на која даде отчет за сработеното во изминатите две години. „Го имам задоволството да ги презентирам пред јавноста позитивните резултати од работењето на ЈП „Билјанини Извори“ во изминатите две години, период во кој соочени со бројни потешкотии во елементарното функционирање кое е последица од наследените долгови од минатото, сепак успеавме да го стопираме задолжувањето, да го намалиме вкупниот долг, да исплаќаме редовно плати, но и да се избориме за средства кои се инвестираа во нови објекти кои ќе останат за…

повеќе...

Владата објави јавен повик за директор на ФЗО

Владата денеска објави јавен повик за директор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија. Ги повикува сите заинтересирани до 15 март 2015 година да пополнат електронска апликација, која може да се најде на веб страницата http://vlada.mk/konkursi/apliciraj/fzom. „Јавниот повик е објавен денес и ќе трае до 15 март, во него меѓу другите се содржани и условите и критериумите во поглед на искуството и определени вештини што треба да ги исполнуваат кандидатите, а се резултат на законските измени направени пред една година и стапуваат на сила на 12 март оваа година“, изјави…

повеќе...

Притвор за директорот на Здравствен дом Охрид и двајца негови соработници

Поради постоење на основано сомневање за сторен финансиски криминал тежок повеќе од 7,5 милиони денари, Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство во Охрид поднесе кривична пријава против директорот на Здравствениот дом Охрид и двајца негови најблиски соработници. Лицата се товарат дека во периодот 2010-2014 година сториле повеќе кривични дела и тоа „проневера во службата“, „поттикнување“, „помагање“ и „фалсификување или уништување на деловни книги“. Од страна на Управата за финансиска полиција, била извршена контрола на благајничкото работење и сметководствената евиденција на ЈЗУ Здравствен Дом Охрид при што се обезбедени…

повеќе...

Разрешен директорот на Јавното претпријатие „Дебрца“

Со решение од страна на Градоначалникот на општина Дебрца Игор Трајкоски разрешен е директорот на јавното претпријатие за комунална дејност во општина Дебрца, Јасмина Мицкоска, поради неисполнувањето на очекуваните резултати во претпријатието изминатиов период и реакциите од жителите на општина Дебрца. За в.д. Директор назначен е Стојмир Велјаноски, вработен во јавното претпријатие, согласно законските одредби од законот за Јавни претпријатија. Во наредните денови од страна на Градоначалникот ќе биде распишан Оглас за пројавување на интерес за функцијата – директор на јавното претпријатие на кој ќе се бара компетентна личност која…

повеќе...

Звонко Трпески е новиот директор на ОСУ „Св.Климент Охридски“

Градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески го прифати предлогот на Училишниот одбор и за нов директор на Општинското средно училиште „Св.Климент Охридски“ го избра Звонко Трпески, професор по историја. Претходно беа спроведени сите законски процедури за избор на прв човек на оваа образовна институција.

повеќе...

Костеска: Должни сме да ги усогласиме цените за престој што паѓа на товар на родителите согласно прописите

Очигледно на опозицијата и сметаат сите развојни елементи и дејствија што се преземаат во градинката. Додека истата чмаеше изминатите 10-тина години без една закојана шајка, рече на денешната прес-конференција директорката на ЈОУДГ „Јасна Ритеска“, Розе Костеска. „Во оваа година и пол обезбедени се соодветна стручна литература, дидактички материјали и средства, соодветен стручен кадар, кој е лиценциран, променета е дограмата во три објекти, ставени се клима-уреди скоро во сите занимални, отворени се три нови групи во други просторни услови, реконструирани се дел од објектите и прибавени се имотни листови за сите објекти.“-…

повеќе...

Ученици од ОМУ „Методи Патче“ учествуваа на концерти во Блед и Љубљана

Во годината на големиот јубилеј 50 години од постоењето Основното музичко училиште „Методи Патче“ со уште еден успех. Минатата недела учениците од ова училиште – виолинистите: Даниел Мојсоски и Александар Грунчески од класата на професор Елица Џуклеска и виолинстот Бајрам Рамаданоски од класата на професор Мухамед Бајрам учествуваа на два концерти во Блед и Љубљана, во рамките на проектот „Концерт на 100 млади“. „Задоволни сме од она што го видовме и најмногу од придонесот на тројцата наши млади виолинисти“, – вели директорката на училиштето м-р Нина Момировска. Таа потенцира дека…

повеќе...

ЈП „Билјанини Извори“ интензивно преговара за вклучување на електрична енергија

„Јавното претпријатие ЈП „ Билјанини извори“ со поддршка на Локалната самоуправа и градоначалникот Никола Бакрачески, води интензивни преговори со ЕВН за начинот на плаќање на заостанатиот наследен долг и вклучување на напојувањето со електрична енергија“ – изјави денеска директорот на претпријатието Ристе Мишев. Тој објасни дека голем дел од наследените долгови од претходното раководство ,кое недомаќински работело се сервисирани, сметката е одблокирана уште на почетокот на летото и дека е уверен за брзо решавање на проблемот со исклучената електрична енергија. „Јавното претпријатие „Билјанини извори“ нема плаќано фактури за електрична енергија…

повеќе...

Средба на министерот за труд и социјална политика и директорот на Мировен корпус

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов оствари средба со директорот на Мировниот корпус во Македонија, Кејтлин Кори при што разговараа за продлабочување на соработката во повеќе полиња. Покрај останатите теми за разговор беше отворена и темата за потпишување на Меморандум за соработка на Министерство за труд и социјална политика со Мировниот Корпус. Инаку, во Македонија Мировниот корпус почна со работа по покана на Владата на Република Македонија во 1996 година кога беше потпишан и формален меѓудржавен договор. Од тогаш до сега во Македонија служеле околу 495 волонтери. Во…

повеќе...

Директорот на ЈП „Проаква“, Паскалоски во работна посета на Јапонија

На покана од јапонската страна која е вклучена во проекти за рехабилитација на колекторскиот систем во охридско – струшкиот регион кој го опфаќа колекторскиот систем кој го штити од загадување Охридското езери, директорот на ЈП „Проаква“, Томе Паскалоски престојуваше во Токио каде на студиско патување се сеткнаа со претстава и презнаење за функционирањето на канализациониот и пречистителниот систем во јапонската престолнина. „Најважен сегмент на престојот се сознанијата околу тоа како во Јапонија се рехабилитира на дотраените цевки од канализациониот систем кој е еден од најстарите и најголемите во светот. Стекнатото…

повеќе...