Амбасадорот на денс музиката и „Греми“ наградуваниот продуцент и диџеј РОЏЕР САНЧЕЗ го потврди својот настап на главната бина на Д ФЕСТИВАЛ! Еден од водечките светски артисти во денс и хаус музиката со статус „господар на жанрот“, на големата сцена на Д ФЕСТИВАЛ ќе го претстави својот секогаш актуелен звук поради кој стекна армија фанови, меѓу кои и останатите ѕвезди од сцената кои го направија познат и како „DJ’s DJ“ и „Producer’s producer“. Минатата година се покажа како една од најкреативните и најактивните години за Роџер Санчез, продолжувајќи го успехот…
повеќе...Tag: дојран
Завршни активности околу непосредната заштита на црквата „Свети Илија“ во Стар Дојран
Со финансиска поддршка од Министерството за култура на Република Македонија се реализира непосредната заштита на црквата „Св. Илија“ во Стар Дојран, која претставува значајно културно наследство од XIX век. Проектот, кој го спроведува Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Струмица, целосно ќе биде завршен до крајот на годинава во спомен на стогодишнината од бомбардирањето на црквата во Првата светска војна кога претрпе сериозни оштетувања и беше ставена надвор од употреба. Неславниот јубилеј ќе биде одбележан со преосветување на храмот и негово ставање во активна црковна служба.…
повеќе...До јуни обнова на регионалниот пат Дојран-Николиќ, инвестиција од 1,1 милион евра
До јуни годинава се очекува да завршат градежните работи за обнова на регионалниот пат Дојран – Николиќ, во должина од 5,5 километри, инвестиција од 1,1 милион евра. Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, кој денеска изврши увид во градежните активности, истакна дека е задоволен од динамиката на изградбата на регионалниот пат како значајна врска за двете населени места. – Овој пат пат беше едно од ветувањата пред граѓаните на општина Дојран. Според динамиката на работа, задоволен сум како се одвива реконструкцијата и очекувам дека градежните работи ќе завршат и…
повеќе...Презентирана програмата за „Дојран – град на културата за 2016“
Со концерт на Каролина Гочева, Даниел Кајмаковски и ДНК в сабота, на плоштадот „Под јаворите“ во Нов Дојран, ќе биде отворена манифестацијата „Дојран – град на културата за 2016 година“. За најмладите ќе настапат учесниците на детскиот фестивал „Калинка“ и студиото за модерен балет од Богданци. Се подготвува и огномет. На денешната прес-конференција програмата ја презентираа министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и градоначалникот на општина Дојран Борче Стамов. „Оваа година, Дојран во рамки на манифестацијата „Град на културата“ ќе понуди широк спектар на квалитетни и разновидни културни содржини од сите…
повеќе...Презентирана програмата за „Дојран – град на културата за 2016“
Со концерт на Каролина Гочева, Даниел Кајмаковски и ДНК в сабота, на плоштадот „Под јаворите“ во Нов Дојран, ќе биде отворена манифестацијата „Дојран – град на културата за 2016 година“. За најмладите ќе настапат учесниците на детскиот фестивал „Калинка“ и студиото за модерен балет од Богданци. Се подготвува и огномет. На денешната прес-конференција програмата ја презентираа министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и градоначалникот на општина Дојран Борче Стамов. „Оваа година, Дојран во рамки на манифестацијата „Град на културата“ ќе понуди широк спектар на квалитетни и разновидни културни содржини од сите…
повеќе...Дојран – град на културата за 2016 година
Во врска со објавениот Конкурс на Министерството за култура за финансирање проект од национален интерес за манифестацијата „Град на културата за 2016 година“, ве известуваме дека по разгледувањето на пристигнатите пет пријави од градовите Битола, Берово, Струмица, Дојран и Тетово, беше одлучено дека Дојран, со понудената апликација, ги исполнува условите да биде престолнина на културата за 2016 година. Програмата на Дојран содржи широк спектар на конкретни, квалитетни и разновидни културни содржини од сите дејности, проекти кои ја афирмираат културата и промовираат врвни културни вредности кај младата популација, активности кои го…
повеќе...Непосредна заштита на црквата „Св. Илија“ во Стар Дојран
Црквата „Св. Илија“ во Стар Дојран претставува значајно културно наследство од XIX век … Со финансиска поддршка од Министерството за култура на Република Македонија, четврта година по ред се реализира непосредната заштита на црквата „Св. Илија“ во Стар Дојран, која претставува значајно културно наследство од XIX век. Во првата фаза беше направена конзервација на оригинално зачуваните делови од подната покривка на црквата и реставрација на партиите што недостигаат, по што целосно е оформен подот на црквата. На овие конзерваторско-реставраторски активности претходеше археолошко истражување на просторот под подното ниво, со што…
повеќе...Откриени акцизни неправилности кај 6 угостителски објекти во Дојран
На 25-ти јули комбинирани тимови на Царинската управа и на Управата за јавни приходи извршија координирани контроли во повеќе угостителски објекти во Дојран. Царинската управа контролите ги вршеше согласно своите надлежности кои што произлегуваат од Законот за акцизите, додека Управата за приходи согласно Законот за регистрирање на готовински плаќања. При контролата во 6 угостителски објекти е откриена незаконска продажба на алкохолни пијалоци. Притоа, привремено се задржани околу 64,5 литри литри жестоки алкохолни пиајлоци од кои 30 литри се домашна ракија и мастика за кои не е платена акциза и за…
повеќе...Ману Чао Ла Вентура за совршен крај на Д Фестивал
Ману Чао Ла Вентура разнесоа, за финиш на единствената фестивалска понуда летово, која се случи во Дојран од 17-ти до 19-ти јули. „Зад нас се 3 интензивни денови преполни со забава, уживање и славје. Вкупно 13.000 посетители, преку 1.000 шатори во фестивалскиот камп и неброени спомени од оваа историска приказна. Имавме сензационален старт на Д Фестивал во петокот (17.07), уште поуспешна сабота и очекувано, најатрактивната последна ноќ. Совршениот крај беше одбележан со настапот на Ману Чао Ла Вентура, состав чиј настап не се опишува со зборови. Моќно, јасно и гласно,…
повеќе...Втора вечер на Д Фестивал
Речиси десет илјади луѓе присуствуваа на втората вечер на Д Фестивал, која беше распродадена околу полноќ. Сабота, 18.07.2015 ќе остане запомнет како ден кога во Дојран се случи нешто, кое не само што не е видено во малиот град, туку е реткост во македонската фестивалска историја. „Паркингот Гранит беше полн, расположението на највисоко можно ниво, а забавата по највисоките стандарди. Но, пред нас е последната и главна вечер, за која се’ уште има достапни влезници, чиј број се намалува од час во час. Оние што беа дел од оваа историска ноќ…
повеќе...