Министерот за животна средина и просторно планирање, Абдилаќим Адеми, на прес-конференција информираше за реализацијата на Акциониот план за чистење на 142 километри речни корита, кој го усвои Владата на РМ. При тоа, со одлука на Влада обезбедени се 946.600 литри нафта за негова реализација. „Се надевам дека со реализација на оваа акција ќе придонесеме во иднина да нема поплави, особено карактеристични за пролетниот период, а во исто време ќе обезбедиме и подобар квалитетот на водата“, рече Адеми. Нафтата, како што истакна министерот, е обезбедена и отстапена на МЖСПП, а на…
повеќе...Tag: дожд
Викендов дожд, грмежи и ветер
Денес не очекува нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата во нашиот град ќе се движи од минимални 15 до максимални 25 степени. Од Управата за хидрометеоролошки работи највуваат променливо облачно време со врнежи од дожд и грмежи и во наредните два дена сабота и недела, со температура до 24 степени. Ваквото време според најавите на УХМР ќе се задржи до почетокот на следната недела.
повеќе...Викендов облачно време со дожд, грмежи и ветер
Викендов во Македонија времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, грмежи, а на некои места и град. И во Охрид се очекува да биде нестабилно со врнежи од дожд и грмежи, како и засилен ветер, најавуваат од Управата за Хидрометеоролошки работи. Температурата ќе се движи од 7 до 20 степени. Во недела ќе преовладува исто така облачно време со врнежи од дожд и грмежи во попладневните часови. Температурата во недела ќе се движи од 8 до 18 степени. Додека во понеделник ќе се задржи облачното време со врнежи од…
повеќе...Денес и утре сонце, од недела дожд
Времето денеска во Охрид ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 3 до 15 степени. Во сабота ќе преовладува сончево време со мала умерена облачност, со температура до 15 степени. Во недела не очекува облачно време со услови за врнежи од дожд и температура до 17 степени. Од понеделник до среда, метеоролозите најавуваат облачно време со врнежи од дожд. Температурите ќе се движат од 4 до 18 степени.
повеќе...Утре дожд и умерен северен ветер
Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека под влијание на циклонска активност и постудена воздушна маса, во текот на ноќта и утре времето ќе биде облачно со услови за врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има во западните и јужните делови каде се очекува да наврнат до 30 литри на метри квадратни. Утре ќе дува умерен северен ветер, што ќе придонесе и мал пад на температурата, која ќе се движи од 3 до 10 степени во Охрид. Во текот на следната недела ќе преовладува претежно сончево време со умерена локална…
повеќе...Центарот за управување со кризи испрати препораки до надлежните институции
Поради драстично зголемениот водостој на Охридското езеро, во изминатите денови, (Водостојот на Охридското езеро ја надмина за 24 см. максималната кота „693,75“) Центарот за управување со кризи на Р.Македонија, во изминатите денови испрати препорака до надлежните институции, од аспект на превенција да преземат мерки за регулирање на водостојот. Во тој контекст, во просториите на РЦУК – Струга во изминатиот период беа одржани два состаноци на регионалниот штаб за управување со кризи и донесени се заклучоци врз основа на кои се дадени препораки до МЗШВ, Управата за водостопанство, надлежниот Сектор за…
повеќе...Викендов врнежи од дожд
Според метеоролозите во текот на денешниот ден ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд. Во сабота ќе имаме мало стабилизирање на времето, а веќе во недела се очекуваат обилни врнежи од дожд, грмежи и силен ветер. Температурите ќе се движат од 4 до 16 степени. Како што информираат од УХМР, и во текот на наредната недела се очекуваат врнежи од дожд. WebOhrid
повеќе...Од денес до среда врнежи од дожд
Од Управата за хидрометеоролошки работи од денес, до среда, најавуваат повремени врнежи од дожд кои на места ќе имаат пообилен карактер. Во Охрид времето ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе се движи до максимални 10 °С. За понеделник и вторник метеоролозите најавуваат облачно време со врнежи од дожд, во среда врнежи од снег и веќе од четврток ќе имаме сончево време. Температурите ќе се движат од -1 °С до 10 °С.
повеќе...УХМР: Не очекува променливо облачно време со услови за врнежи од дожд и снег
Времето денеска вo Охрид ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд и снег, а на планините само снег, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи. Tемпературата ќе се движи од -5 до 7 °С. Според метеоролозите, во текот на оваа недела ќе преовладува променливо облачно време со услови за повремени врнежи од дожд и снег. Температурите ќе се движат од 0 до 10 степени. Веќе од понеделник не очекува сончево време, каде што температурата ќе достигне до 16 степени. Според најновите информации добиени во АМСМ од ЈП Македонијапат, сообраќајот на сите…
повеќе...Викендов променливо-облачно со услови за дожд и снег
Според Управата за Хидрометеоролошки работи за време на викендот во Охрид ќе имаме променливо облачно време со можни врнежи од дожд, а на повисоките места врнежи од снег. Денес температурата ќе достигне до 7 степени, а утре (недела) до шестиот степен. Во текот на наредната недела се очекува променливо облачно време со услови за врнежи од дожд и снег. Утринските температури ќе бидат под нулата, но во текот на денот ќе се зголемуваат и ќе достигнат температура до 8 степени, најавуваат од УХМР.
повеќе...