Во Скопје и Холандија откриени четири лица за трговија со дрога

Изминатиов период, во рамки на оперативната акција „Мрежа“, во два одвоени случаи, Единицата за недозволена трговија со дрога при Одделот за спречување на организиран и сериозен криминал, спроведе меѓународни истраги за пронаоѓање на четири лица кај кои се пронајдени 198,6 грама хероин и 267 садници од растението Canabis sativa, а конфискувани се и неколку возила. Во првиот случај, по спроведена истрага утврдено е дека во текот на месец декември 2015 година, лицата Х.Ц. (46) од Скопје и М.Ј. (41) од Скопје, од НН лице за неутврдена цена набавиле околу 200…

повеќе...

Кривична пријава за 27-годишна дилерка на дрога

СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога, поднесе кривична пријава до надлежното ОЈО Скопје против В.А. (27) од Скопје, поради основи на сомневање дека неовластено набавила психотропна супстанца амфетамин и наркотична дрога, наменети за улична продажба на уживатели од Скопје. За стореното кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, предвидено и казниво по член 215, Судија на претходна постапка на В.А. и изрече мерка притвор во траење од 30 дена. Имено пријавената, која инаку во 2014 година била кривично пријавена за недозволена трговија…

повеќе...

Кривична за охриѓанец кој не поседувал одобрение за пушката од неговиот татко

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.К.(48) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 31ви јануари годинава, од страна на полициски службеници во атарот на с. Црвена вода, општина Дебрца затекнат е пријавениот со ловна пушка марка „црвена застава“ калибар 16 мм и седум куршуми со истиот калибар, а по преземени мерки утврдено е дека пријавениот не поседува одобрение за поседување и носење на огнено оружје, а оружјето било во сопственост на неговиот татко.

повеќе...

Откриени 20 кг. марихуана во возило на ГП Табановце

Вчера околу 23,20 часот на излез од Р.Македонија на ГП „Табановце“ за царинска и полициска контрола се пријавило ПМВ марка КИА тип Карнивал со бугарска регистерска ознака бр.Е4203КС, управувано од В.М.Ч (52 години), државјанин на Р.Бугарија. Наведеното ПМВ било селектирно од страна на полициски службеник од ПС за ГП „Табановце“ за детална контрола и личен претрес. При контролата на возилото во делот за резервната гума, во самата резервна гума, во задниот дел од задните седишта, во предните калници, во вратата за багажниот простор и во страничните пластики на задните седишта…

повеќе...

Реализиран проектот ,,Заштита од зависност на дроги, алкохол и цигари“

Преставници на Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, Оддел за гранични работи и миграции во соработка со Регионалните центри за Гранични работи и Одделенијата за превенција во Секторите за внатрешни работи и Министерството за образование и наука (Директори од Основни и Средни училишта) организираа заедничка активност од областа на превенцијата на тема: „Заштита од зависност на дроги ,алкохол и цигари “. Проектот има превентивен и едукативен карактер, се со цел младата популација (учениците од основните и средните училишта) да бидат запознаени со најчестите причини и опасности од користење и…

повеќе...

Пронајдена дрога кај 28-годишен охриѓанец

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Г.А. (28) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 9ти ноември минатата гдодина при преглед на патничко возило Ауди управувано од пријавениот, полициски службеници пронашле 0,34 грама наркотична дрога марихуана и 0,97 грама семки канабис.

повеќе...

Фатен скопски дилер на дрога

СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога, поднесе кривична пријава против И.С. (29) од Скопје, поради основано сомневање дека извршил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Имено на 08.04.2016 година на ул.„Кајларска“ од страна на полициски службеници било извршено легитимирање и преглед на пријавениот, кој бил во друштво со уште две лица, каде што при прегледот истиот доброволно предал четири зипер кесички со непозната растителна материја. Истиот ден врз основа на Судска наредба бил извршен претрес во домот на пријавениот, при што…

повеќе...

Кривична пријава за кичевчанец кај кого била пронајдена дрога

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „овозможување употреба на наркотични дроги“, полициската станица од Кичево, поднесе кривична пријава против Г.М. (25) од кичевското село Другово. Во текот на јануари оваа година, при извршен личен преглед над пријавениот, пронајдени и одземени се една самоделска цигара со мешавина од тутун и марихуана со нето маса од 0,18 грама како и едно целофанско пакување со наркотична дрога марихуана со нето маса од 0,15 грама. Опојната дрога марихуана, пријавениот ја набавил од лице од Скопје со цел заеднички да ја користат…

повеќе...

Пронајдена дрога при претрес во дом во Делогожда

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Ф.К. (28) од струшкото село Делогожда. На 27-ми јануари годинава, при претрес извршен во неговиот дом, пронајдени се 94 грама опојна дрога марихуана. Полициски инспектори од Струга, во фиока од масичка во спалната соба, забележаа две најлонски кеси со марихуана наменета за натамошна продажба на други наркозависници и една дигитална вага марка „Фуего“. Марихуаната е одземена и предадена не вештачење во…

повеќе...

Кривична пријава за 61 годишен охриѓанец кај кого била пронајдена дрога

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.М. (61) од Охрид. По претходно обезбедена наредба извршен е претрес во неговиот дом, при што во пластичен сад, пронајдени се две најлонски паковки со прашкаста материја. Со вештачење, утврдено е дека се работи за синтетичка дрога амфетамин, класифицира во Листа II на забранети опојни дроги и психотропни супстанци. Дополнително, пронајдена е уште една паковка со мешавина од бензокаин и фенацетин кои не…

повеќе...