Пронајден хероин кај кичевчанец

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против Ќ.Х.(46) од Кичево. При претрес извршен во домот на сега пријавениот, пронајдени и одземени се две пластични боци со непозната течност и една самоделска цевка од алуминиумска фолија. Од извршеното вештачење во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, констатирано е дека трагите од кафеава материја на алуминиумската фолија претставуваат хероин, додека течноста во двете пластични шишиња со вкупен волумен од…

повеќе...

Пронајдена дрога кај повеќе лица во Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.Д. (30) и А.Б. (22), двајцата од Охрид, и непознат сторител поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и против А.Ј. (19) и А.Б. (22) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување употреба на наркотични дроги“. На 5ти ноември минатата година во Охрид, во ресторан, од страна на полициски службеници биле затекнати А.Б. и Р.Д., при што бил извршен претрес на објектот и на лицата каде се…

повеќе...

Кривична пријава за кичевчанец кај кого била пронајдена дрога

Полициската станица Кичево поднесе кривична пријава против Ќ.Х. (46) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На 3ти ноември минатата година во Кичево од страна на полициски службеници сопрено е патничко возило „Рено-Еспејс“, управувано од З.В. од с.Трапчин Дол. При преглед на возилото пронајдена е алуминиумска фолија со траги од хероин на истата, а од извршен претрес во домот на пријавениот, пронајдени и одземени се и 13 мл метадон-синтетички опијат. Од преземени мерки утврдено е дека…

повеќе...

Кривична пријава за скопјанец кај кого била пронајдена дрога

СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.Т. (20) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба на наркотични дроги“. На 31ви јули минатата година, околу 03,40 часот во Охрид од страна на полициски службеници забележан е пријавениот како користи рачно изработена цигара и истата му ја дал на неговиот познаник С.Ј. (21) од Велес. Од преземени мерки утврдено е дека станува збор на 0,26 грама мешавина на наркотична дрога марихуана и тутун.

повеќе...

Набавувале марихуана од Албанија – ја препродавале во Македонија

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во текот на вчерашниот ден, а по претходно изготвен план за преземање на мерки и активности изврши претреси на две локации на подрачјето Битола, заради обезбедување на докази за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” при што од слобода се лишени четири лица од кои едно од нив е лишено на ГП Табановце на излез од Р.Македонија. Имено Б.В.(1968) македонски државјанин, во Корча Р.Албанија, организирал мрежа на препродавачи и посредници заради натамошна продажба…

повеќе...

Кривична пријава за стружанец поради овозможување употреба на наркотична дрога

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Т. (29) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување употреба на наркотична дрога“. На 24-ти август минатата година околу 08.50 часот од страна полициски службеници во Струга во напуштен објект затекнати бил пријавениот и лицата З.Ш. (46) од с.Радожда и М.К. (43) од с. Велешта, како се одаваат на уживање на наркотична дрога и шприц со 13мл. мешавина на метадон и дијазепам. Од преземени мерки утврдено е дека пријавениот претходниот ден го набавил метадонот од Дневниот центар за зависници…

повеќе...

Седумнаесетгодишник од Скопје набавил речиси половина килограм марихуана со намера да ја препродава

СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога поднесе кривична пријава против 17-годишен малолетник од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека во текот на месецов, неовластено набавил и подготвил за улична продажба поголема количина на марихуана со што сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Од страна на Судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена. Пријавениот од засега непознато лице неовластено набавил поголема количина на марихуана, по што ја однел во неговиот дом, а потоа…

повеќе...

Во одвоени случаи пронајдена дрога кај кичевчани

НК за КР Кичево поднесе кривична пријава против П.П. (38) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 21.12.2015 година во Кичево од страна на полициски службеници извршен е преглед над пријавениот при што е пронајдена 0,67 грама наркотична дрога хероин. НК за КР Кичево поднесе кривична пријава против И.Ј. (25) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување употреба на наркотични дроги“. На 12.12.2015 година, во близина на Правниот…

повеќе...

При контрола во струшки интернет клуб пронајдена марихуана

Вчера во 18.20 часот во Струга, во интернет клуб, лоциран на ул. „Наум Лика“, при извршен преглед од страна на полициски службеници од Струга кај Е.Р.(27) од Струга во џебот од панталоните пронајдена е непозната зелена тревкаста материја со тежина од околу 1 грам, и Ч.А.(20) од Поградец- Р.Албанија, во џебот од палтото пронајдена е една најлонска паковка со непозната зелена тревкаста материја со тежина од околу 2 грама. Предметите се одземени, а лицата приведени за понатамошна постапка.

повеќе...

Пронајдена дрога кај 35 годишен охриѓанец

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Б.(35) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување употреба на наркотични дроги“. На 25/26-ти февруари годинава, од страна на полициски службеници извршен е претрес во домот на пријавениот каде се пронајдени 3,21 грама наркотична дрога марихуана и отпушоци од цигари-мешавина на тутун и марихуана. При претресот затекнати се уште седум лица сите од Охрид на кои пријавениот им овозможил уживање на наркотична дрога марихуана во неговиот дом.

повеќе...