Отворени Државните натпревари во пинг понг

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески ги отвори Државните натпревари за пинг понг за средни училишта со што и официјално стартува новиот циклус натпревари во организација на Федерацијата за училишен спорт. „Спортот има моќ да ги зближува луѓето, младите кои избираат спорт вложуваат во својата иднина. Неговите придобивки се долгорочни и затоа секогаш кога младите се дел од спортските активности знаеме дека тие го прават вистинскиот избор. Со учествувањето во Државните натпревари освен дружење добивате можност за учество на бесплатниот летен камп, кој Федерацијата во соработка со…

повеќе...

Груевски: Државата да ги плаќа придонесите за замените на жените на продилно

Владата размислува за можноста да се донесат законски измени со кои кога одредена вработена жена ќе има потреба да користи породилно боледување работодавачот да има право на нејзино место да прими друго лице за кое во тој период нема да плаќа придонеси. „Целта на овие измени би биле да се намали притисокот врз жените кои работат од страна на работодавачите во однос на користењето на породилното отсуство. Работодавачот на ваков начин дури може да оствари одреден профит бидејќи кога вработената жена ќе го користи породилното боледување во тој период не…

повеќе...

Груевски до Заев: Нема да ти дозволиме да си играш со безбедноста на државата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски од народниот собир во Прилеп на лидерот на опозциската СДСМ Зоран Заев му порача дека нема да му дозволат да направи граѓански конфликт во Македонија. „Го гледам пред некој ден така засилен и раскомотен малку, подолабавена кошулата, демек неформален е. Вика гордо, ако треба и крв ќе падне. Слушам не ми се верува, враќам назад, пак слушам, стварно тоа го збори, си велам абе човек, седи мирен и не си играј играчки, тешки зборови кажуваш, не си играј играчки, да не те лаже…

повеќе...

Државниот секретар Стефаноски во Брисел – Презентација на годишната националнa програма за членство во НАТО

Во седиштето на НАТО во Брисел, државниот секретар во Министерството за одбрана, Сашо Стефаноски заедно со државните секретари во Министерствата за Надворешни работи и Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор, Елена Кузмановска и Беким Алими, пред заменик-шефовите на Постојаните мисии на земјите-сојузници на Алијансата ја презентираа годишната национална програма за 2015 година на Република Македонија за пристапување во НАТО. Заклучокот на отворањето на 16-от циклус на Акцискиот план за членство (МАП) на Македонија во НАТО е дека Република Македонија направи извонредни реформи во одбраната и е подготвена да стане членка…

повеќе...

Државата ќе ги штити жртвите на семејно насилство

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов се обрати на јавната расправа за Предлог – Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство, во организација на Министерството за труд и социјална политика, која што започна денеска и ќе трае до 14 јули, а на која свое учество ќе земат релевантни институции, невладиниот сектор, судии, меѓународни организации, експерти и политичари, со цел подобрување на заштитата на жртвите на семејно насилство. Владата на Република Македонија со донесувањето за првпат на нов посебен Закон за превенција, спречување и заштита од семејно…

повеќе...

Македонија четврти пат по ред рангирана во групата држави ТИЕР 1

„Како министер за внатрешни работи, но и како граѓанин на Република Македонија, ми причинува огромна чест и задоволство да соопштам дека земјава, според најновиот Извештај на Стејт Департментот повторно и во 2013 година, исто како и за 2012, 2011, 2009 и 2008 година е рангирана во групата ТИЕР 1 – држави кои што целосно ги исполнуваат стандардите за борба против трговијата со луѓе“, Ова, меѓу другото го истакна министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска на денешната заедничка прес конференција со амбасадорот на САД во РМ Пол Волер а по…

повеќе...

ДИК му го врачи уверението на Иванов за нов претседателски мандат

Најстариот член на ДИК Бедредин Ибраими, денеска му го врачи уверението на Ѓорге Иванов, избран за претседател на Република Македонија. „Во име на Државната изборна комисија, како највозрасен член, имам чест денеска лично да му честитам на старо-ново избраниот претседател на Република Македонија Ѓорге Иванов и му посакувам среќна и успешна работа“, истакна Ибраими. За Иванов, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, ова ќе биде втор претседателски мандат. Според конечните резултати на ДИК, на гласањето на вториот круг од претседателските избори што се одржа во неделата на 27…

повеќе...

Од март интернет игри на среќа во Македонија

Портпаролот на Владата на Република Македонија, Александар Ѓорѓиев на прес-конференција најави дека од март годинава ќе се организираат инернет игри на среќа во Македонија. Интернет лотаријата, односно интернет игрите на среќа се широко распространети во светски рамки. Во Република Македонија во овој момент нема субјект кој оперативно ги организира, а како една од причините се гледа што за нивна организација и приредување е потребно големо инвестициско вложување. Нашите граѓани во овој момент играат интернет игри на среќа на странски сајтови и веб страни. Тоа пак од своја страна придонесува значителен…

повеќе...

Три илјади деца ја искористиле можноста за бесплатен одмор

Вкупно 3.000 деца од семејства во социјален ризик ја искористиле можноста да отидат на  бесплатен одмор и рекреација на трошок на државата. Од нив, 2.000 деца биле на летување во 2012 и 1.000 на зимување во јануари 2013 година. „Како Влада исклучително сме задоволни од реализацијата на овој проект бидејќи се помина во најдобар ред, без непредвидени ситуации и проблеми. Во неколку наврати ги посетивме дечињата во одморалиштата, при што видно беше задовиолството кај нив особено затоа што многу од нив за прв пат во животот имаа можност да одат…

повеќе...