Груевски: Растот во индустријата покажува дека економијата е во добар залет

Растот на прометот во индустријата покажува дека остваруваме добри резултати и оти економијата е во добар залет кој и понатаму ќе добие поддршка од Владата, оцени  премиерот Никола Груевски. Според него, статистичките податоци за порастот на прометот во индустријата за 20,5 проценти во септември годинава во однос на септември лани, како и зголемувањето на прометот кон странство за 27,7 проценти, е висок и респектабилен пораст. „Тоа покажува дека остваруваме добри резултати, дека економијата е во добар залет, што треба да се поддржи и понатаму од Владата која тоа и ќе…

повеќе...

Груевски: Градбата на трите автопатишта силен импулс за македонската економија

Градбата на трите автопатишта во Македонија е силен импулс за економијата. Се наоѓаме во силна инвестициска активност која продуцира вработување, раст на БДП и работа за градежната индустрија, а преку неа и на многу други индустрии кои се поврзани. Ова го истакна премиерот Никола Груевски во одговор на прашање по доделувањето решенија за легализација на бесправно изградени објекти во општина Кисела Вода. „Покрај трите автопатишта Кичево-Охрид, Демир Капија-Гевгелија и Скопје-Штип истовремено се проширува експресниот пат Велес-Кадрифаково и целосно и темелно се реконстурира автопатот Велес-Скопје што е речиси како градба на…

повеќе...

Груевски: Растот на индустриското производство добар показател за развој на економијата

Државниот завод за статистика денеска објави дека индустриското производство во јуни 2014 година, во однос на јуни лани е поголемо за 4,9 отсто, што е одличен раст и е добар показател за развој на економијата. Ова го изјави  премиерот Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање по промоцијата на нови дела од капиталниот проект „130 тома македонска книжевност“. Индустриското производство во првото полугодие од оваа година, како што рече премиерот, во однос на истиот период лани е поголемо за 4,5 отсто. „Растот на индустриското производство е одличен тренд. Пред некое време…

повеќе...

Економски сметки во земјоделството, по постојани цени

Пресметките на економските сметки во земјоделството, по постојани цени, се направени врз база на препораките дадени во Прирачникот за економски сметки во земјоделството и шумарството, ревизија 1.1. и според Европската регулатива за економски сметки во земјоделството 138/2004. Целта на овие пресметки е да може да се направат подобри економски анализи, како и потребата да се разграничат трендовите што се однесуваат на промената на волуменот и оние што се однесуваат на промената на цените. Според ESA 95 (European System of Accounts), ценовната компонента треба да ги содржи промените што се однесуваат само на цените, а сите…

повеќе...

Поповолна економската состојба во мај 2014 во однос на април

Според податоците на Државниот завод за статистика, раководителите ја оценуваат економската состојба на деловните субјекти во мај 2014 година како поповолна во однос на претходниот месец, а како понеповолна во однос на мај 2013. Оценката за обезбеденоста на производството со порачки е понеповолна во однос на претходниот месец. Oценката за обемот на производството во мај 2014 година е понеповолна во однос на претходниот месец, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни, а очекувањата за бројот на вработени се понеповолни. Во мај 2014 година, залихите на суровини и репроматеријали, како и тековните набавки…

повеќе...

Интензивирање на економскиот раст- Приоритет на Владата во наредните четири години

Главен приоритет за Владата во наредните четири години е интензивирање на економскиот раст, со стапка на пораст на БДП помеѓу 3 проценти и 6 проценти, истакна мандатарот Никола Груевски при презентацијата на Предлог-владината програма за периодот 2014-2018 година. Во првата половина од мандатот, според Груевски, заложбите се растот да е 3 проценти до 4,5 проценти, а во периодот 2017−2018 година да биде повисок и да достигне 4,5 до 6 проценти. „Овие претпоставки се остварливи само доколку се исполни претпостaвката за натамошна стабилизација на светската и европската економија и доколку не…

повеќе...

Премиерот Груевски во економска работна посета на Велика Британија

Премиерот Никола Груевски од денеска ќе престојува во неколкудневна економска работна посета на Велика Британија. Во владиниот економски тим се и вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставревски и директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони Виктор Мизо. Премиерот Груевски заедно со владиниот тим во Ливерпул ќе присуствува на „Глобалниот економски форум 2014“ кој што се одржува во Ливерпул Велика Британија како дел од програмата на глобалниот економски настан „Интернационален фестивал за бизнис“. Ваквиот форум е прилика за размена на искуства за актуелните економски предизвици, како и за можностите…

повеќе...

Македонија подобра од многу земји од ЕУ според економските слободи

Фондацијата “Херитиџ” оваа година меѓу 180 земји според економските слободи ја рангираше Македонија на високото 43. место. Преку измерените 10 индекси во четири области нашата држава се најде на лидерска позиција во Југоисточна Европа и пред дваесетина европски земји. Премиерот Никола Груевски истакна дека напорите што Македонија ги правеше во минатиот период се валоризираат во извештајот затоа што земјава прави сериозен скок од 2006-та до сега за цели 35 места на ранг-листата за слобода на економијата. „Македонија е пласирана на 43-тото место, што е подобро од било која земја во…

повеќе...

Груевски: Македонската економија нотирана како најбрзорастечка од Светска банка

Прогнозите на Светска банка за растот на економијата во Македонија се валоризација на вложениот труд да се придвижи економијата во исклучително тешки околности на кризи, оцени премиерот Никола Груевски, одговарајќи на новинарски прашања по промоцијата на нови дела од проектот „Македонски искушенија“. „Светска банка цени дека минатата година Македонија имаше трет најголем раст на економијата во Европа, дека оваа година ќе има втор најголем раст и следната година еден од најголемите. Тоа е верификација на она што и ние го говоревме и го прогнозиравме. Резултатите се валоризација на целиот вложен…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески најави економски препород на Охрид

По долги години, Охрид конечно очекува економски препород, стопанско заживување и отворање нови работни места. Синоќешната најава на премиерот Никола Груевски дека германскиот гигант од областа на автомобилската индустрија ОДВ електрик ќе инвестира  во  Охрид, денес ја потврди и градоначалникот Никола Бакрачески, кој откривајќи ги деталите посочи дека станува збор за инвестиција тешка 15 милиони евра која ќе обезбеди 1 000  работни места за охриѓани  во наредниве четири години. Во фабриката ќе се произведуваат автомобилски делови за познатите брендови: „Мерцедес“, „Фолксваген“, БМВ и Порше. „Се работи за  фирма  која што…

повеќе...