На малиот плоштад со богата културно-уметничка програма, приредена од учениците од општинските училишта се одбележа Денот на Европа. На денешен ден, пред 64 години, Роберт Шуман ја презентираше декларацијата, која се смета за темел на денешната Европска унија. На почетокот, во заедницата беа Белгија, Франција, Германија, Италија, Луксембург и Холандија, за да сега, по бројни процеси на трансформирање и проширување во Европската унија членуваат 27 земји. „Древниот Охрид е вистинското место од каде можеме уште еднаш да ги упатиме пораките за чување на цивилизациските вредности како темел за развој на…
повеќе...Tag: еу
Попоски: Интересот на ЕУ е обединет и просперитетен Балкан
Македонската порака денеска во Солун беше многу јасна, а тоа е дека исто толку сериозно колку што ги имаме прифатено сите барања и очекувања за исполнување на критериумите, исто толку сериозно очекуваме и да биде задржан процесот на проширување од страна на ЕУ. Ова го изјави министерот за надворешни работи Никола Попоски кој денеска во Солун учествуваше на министерскиот состанок ЕУ-Западен Балкан, кој воглавно беше посветен на 11. годишнината од Солунската агенда. „Упативме признание и до Европската комисија која и покрај сериозен политички притисок опстои пет години во нејзината објективна…
повеќе...Попоски по средбата со Кери: Наша стратегиска цел е прием во НАТО и во ЕУ
Министерот за надворешни работи Никола Попоски вчера во Вашингтон се сретна со државниот секретар на САД Џон Кери, при што на маргините на конференцијата посветена на проширувањето на НАТО и Европската Унија разговараа за кризната состојба во Украина и нејзиното влијание врз интеграциите. И по спроведените избори, нагласи Попоски, нашата стратегиска цел останува членството во НАТО и во Европската Унија. „Тука имавме можност да размениме мислења со државниот секретар Кери и со министрите за надворешни работи од нашиот регион за приоритетите во следниот период. Она што ја преокупира јавноста е…
повеќе...Болстром: Мерките што ги презема Македонија за лажните азиланти вродуваат со плод
Кога ќе се споредат годинашниве бројки по однос на лажните баратели на азил со оние од минатата година разликата е исклучително позитивна, што значи дека мерките што ги преземаат македонската Влада и институции, пред се Министерството за внатрешни работи вродуваат со плод. Ова, меѓу другото, го истакна министерот за миграции и политика на азил на Кралството Шведска, Тобиас Билстром на вчерашната средба со министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во МВР. На средбата на која се разговараше за повеќе прашања од взаемен интерес, министерот Билстром нагласи дека иако во почетокот…
повеќе...Денес е Светски ден на енергетската ефикасност
По повод 5 март – Светски ден на енергетска ефиксаност, тимот од Локалната агенција за развој, Струга која го спроведува проектот „Сино и зелено наспроти црно и сиво“, ја известува јавноста дека трошат речиси двојно повеќе енергија од европскиот просек. „Во таа смисла потребна ни е поширока акција за намалување на потрошувачката на електрична и топлинска енергија. Токму енергетската ефикасност значи намалување на енергетската потрошувачка без притоа да се наруши комфорот на животот и работата на населението. Едно од решенијата е и инвестирање во обновливите извори на енергија. Обновливите извори…
повеќе...Охридските гимназијалци повторно во улога на европарламентарци
Учениците од ОСУ „Св.Климент Охридски“, Јана Василеска, Ивана Мирчевска и Адриан Димитријески, под менторство на професорката по англиски јазик, Даниела Спироска, учествуваа на четвртата национална симулацијата МЕП (Модел Европски Парламент), која се одржа во организација на средното училиште НОВА во Скопје, на крајот на овој месец. „Нашите ученици ја претставуваа Португалија како земја членка на ЕУ. Во оваа тридневна симулација учениците имаа можност да ги покажат своите способности за дебатирање, тимска работа, но и своите предзнаења за ЕУ, нејзините институции и како таа функционира. Се ова се одвиваше на англиски…
повеќе...Британски парламентарци со поддршка за евроинтеграцијата на Македонија
Премиерот Никола Груевски синоќа во Лондон, по конференцијата на ЕБОР на која присуствуваа сите премиери од Западен Балкан, еврокомесарот за проширување Штефан Филе и претседателот на ЕБОР, се сретна со членови на британскиот Парламент кои се дел од групата поддржувачи на евроинтеграцијата на Република Македонија. „Имавме можност да имаме заедничка вечера со група поддржувачи на Македонија овде во Англија со некои луѓе што се во Парламентот – пратеници, лордови, баронеси и луѓе од високиот естаблишмент коишто редовно и даваат поддршка на Македонија кога е тоа потребно. Важно е да се…
повеќе...Премиерот Груевски оствари средба со известувачот за Македонија во ЕП, Ховит
Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, оствари средба со известувачот за Република Македонија во Европскиот Парламент, Ричард Ховит. На средбата беше разговарано за европските интеграции на Република Македонија, за реформите и мерките кои се превземаат во насока на исполнување на пропишаните стандарди, како и за целината на интегративниот процес на државата. Соговорниците се согласија дека позитивниот извештај и петтата по ред препорака за преговори со Европската Комисија преставува позитивен сигнал во приближувањето кон Европската Унија и потврда за сработеното на тој план. Премиерот Груевски истакна дека за државата…
повеќе...Министерот за надворешни работи Попоски на министерски состанок на ЕУ и земјите кандидати
На покана на Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Кетрин Ештон, министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски учествуваше на годишниот традиционален состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија и министрите за надворешни работи на земјите-кандидати за членство во ЕУ, кој се одржа вчера во Брисел. Главна тема на состанокот беше Јужното и Источното соседство на ЕУ, како и состојбата и предизвиците во Балкански контекст кои се однесуваат на перспективите за членство во ЕУ, како и за можноста за превентивно…
повеќе...Македонија од денес е интегрален дел од Европската мрежа EURDEP
Од денес, Македонија (преку мерните станици на ИЈЗ) е интегрален дел на Европската мрежа EURDEP за континуиран мониторинг на дозата на зрачење во животната средина. EURDEP мрежата преставува Европска платформа за колектирање и размена на податоци од станиците за континуиран мониторинг, презентирање на податоците во реално време и е суштински дел од системот за рано предупредување на радијациони несреќи на Европската унија и на Обединетите нации – МААЕ. Обврска на сите држави членки на ЕУ е континуиран 24-часовен радиолошки мониторинг на животната средина и автоматско известување на измерените вредности преку…
повеќе...