„Пријатели на Македонија“: Грција се однесува антиевропски и треба да и се каже „доста е“

Претседавањето на Грција ќе биде искористено од страна на групата „Пријатели на Македонија“ за вршење притисок во форма на прашања за тоа зошто Атина го попречува проширувањето на ЕУ и не го почитува меѓународното право. Ова го истакна германскиот европратеник Мартин Кестлер на заедничката прес-конференција денеска заедно со неговиот естонски колега Туне Келам и со министерот за надворешни работи Никола Попоски. Тој смета дека е срамно она што и се случува на Македонија и нејзиниот народ во однос на евроинтеграцијата бидејќи тоа што го прави Грција не е во склад…

повеќе...

Адеми: Поглавјето 27 за животна средина – меѓу водечките во ЕУ интегративните процеси во Македонија

„Подготовка за преговори на поглавјето 27:одредници“ е тема на семинарот што денеска се одржа во Скопје во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање, со финансиска поддршка на Британската амбасада. Министерството за животна средина и просторно планирање, како што истакна ресорниот министер Абдилаќим Адеми на отворањето на семинарот, во реализирање на својот врвен приоритет – исполнување на условите за пристапување кон ЕУ, интензивно работи на процесот на усогласување и спроведување на законодавството во областа на животната средина. „Сепак, во овој процес утврдивме дека се уште постојат многу прашања…

повеќе...

Македонија треба да ги почне преговорите со ЕУ

Финска секогаш отворено го поддржува проширувањето на Европската унија и е подготвена по петти пат да ја поддржи препораката за почнување преговори со Република Македонија, истакна во Скопје финскиот министер за надворешни работи Ерки Туомиоја на заедничката прес-конференција со неговиот домаќин, шефот македонската дипломатија Никола Попоски. „Сите знаеме на кои прашања во преговорите ќе треба да се фокусираме, а тоа се демократијата, слободата на медиумите. Тука сме за помош, а не за критика“, истакна Туомиоја. Во однос на можна помош во надминување на спорот со Грција, шефот на финската дипломатија…

повеќе...

Вечер на Европската Унија на „Охридско Лето“

На програмата на „Охридско Лето“ вечерва, во Света Софија фестивалските возбудувања продолжуваат со концерт на Baltic Guitar Quartet во рамките на Вечер на Европска Унија.   Концертот на познатиот и атрактивен квартет на гитари, започнува од 21 часот. На програмата се дела на Бокерини, Рукс, Рубенс, Пјацола, Брамс, Metallica.  „Квартетот BGQ е водечки ансамбл на гитари во Балтичките земји, а членовите на квартетот се победници  на различни натпревари и активни солисти, а нивната музика е сензитивна, колористична и рафинирана без претенциозност“, вели селекторката на музичкиот дел на програмата Гордана Јосифова…

повеќе...

Работна средба на министерот Попоски со амбасадорите на земјите-членки на ЕУ во Македонија

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денес имаше средба со амбасадорите на земјите – членки на Европската унија во Република Македонија. Состанокот се одржа во рамките на праксата на одржување работни средби со амбасадорите со цел размена на мислења за актуелни прашања во процесот на  интеграцијата на Македонија во Европската Унија. Министерот Попоски на денешната средба ја реафирмира нашата приоритетна цел во односите со Европската Унија – почеток на преговорите за пристапување во Унијата, при што ги запозна амбасадорите со активностите кои ги презема Владата во насока на исполнување на…

повеќе...

Евросистемот и Народната банка на Македонија го завршија Проектот за соработка финансиран од ЕУ

Европската централна банка (ЕЦБ) и Народната банка на Република Македонија (НБРМ) го завршија Проектот за соработка чијашто цел беше да се помогне на НБРМ да ги унапреди подготовките за приклучување кон Европскиот систем на централни банки (ЕСЦБ), откако земјата ќе пристапи кон Европската Унија. Со средства во износ од 405.000 евра од ЕУ и 45.000 евра од НБРМ, деветмесечниот проект за анализа на потребите, којшто започна во октомври 2012 година, беше координиран од страна на ЕЦБ и спроведен во соработка со централните банки на Австрија, Бугарија, Естонија, Германија, Ирска, Италија,…

повеќе...

Дебата: Македонија доби глас повеќе со влегувањето на Хрватска во ЕУ

Со членството на Хрватска во ЕУ се потврди дека процесот на проширување продолжува, а воедно Македонија доби уште еден глас плус во Брисел. Ова беше истакнато на денешната дебата „Пристапувањето на Хрватска во ЕУ – перспективите на македонско-хрватските односи“, што беше организирана од Институтот за геостратешки истражувања и надворешна политика при македонското МНР. Министерот за надворешни работи Никола Попоски во воведното излагање истакна дека добивме голем сојузник, земја која го изодела истиот пат, имала слични предизвици и конечно стигнала до целта. „За земјите од регионот значаен факт е што добивме…

повеќе...

Македонија, Србија и Црна Гора бараат исти роаминг цени како ЕУ

Граѓаните на Македонија, Србија и Црна Гора да имаат исти цени за користење роаминг услуги кога патуваат во земјите-членки на ЕУ. Тоа го побараа денеска ресорните министри на трите држави Иво Ивановски, Расим Љаиќ и Вуица Лазовиќ преку потпишување заедничко писмо до Европската комисија и Дирекцијата за комуникациски мрежи. „Постојано ги исполнуваме директивите и барањата на Европската унија и  редно време е Унијата да ги испочитува нашите барања“, истакна по потпишувањето на документот во Скопје  македонскиот министер за информатичко општество и администрација Иво Ивановски. Следен чекор, појасни, е од страна…

повеќе...

Корлацеан: Романија сака што поскоро да ја види Македонија во ЕУ и НАТО

Романија сака што поскоро да ја види Македонија во Европската унија и НАТО, изјави министерот за надворешни работи на Романија Титус Корлацеан по денешната средба со шефот на македонската дипломатија Никола Попоски. Корлацеан на заедничката прес-конференција напомена дека вратите на Алијансата треба да бидат отворени за сите земји што ги исполнуваат стандардите. „Романија ја поддржува Македонија за почнување на претпристапните преговори и ќе и помогне во целиот процес за да не ги повтори истите грешки. Убеден сум дека има капацитет да ги исполни сите стандарди за евроатланското интегрирање“, истакна Корлацеан.…

повеќе...

Заедничко предавање на министерот Попоски и амбасадорот на Сојузна Република Германија Штајнакер

Во организација на Директоратот Дипломатска академија, во просториите на Министерството за надворешни работи, министерот за надворешни работи, Никола Попоски и амбасадорот на Сојузна Република Германија Гудрун Елизабет Штајнакер, одржаа заедничко предавање на  тема: “Mакедонско – германската соработка на патот на европската и евро – атлантската интеграција на Република Македонија“. Пред заедничкото предавање, министерот за надворешни работи, Никола Попоски и амбасадорот на Сојузна Република Германија Гудрун  Штајнакер, имаа куса средба на која двајцата соговорници го истакнаа интересот за динамизирање и унапредување на политичкиот дијалог и економската соработка меѓу двете земји. Министерот…

повеќе...