Одржан првиот академски час во УИНТ „Св.Апостол Павле“ за учебната 2014/2015

Денес, со почеток во 8 часот, во просторите на УИНТ „Св. Апостол Павле“се одржа првиот академски час за учебната 2014/2015 година. Настанот го отвори Ректорот на Универзитетот „Св. Апостол Павле“ проф. д-р Нинослав Марина, кој им посака успешен почеток на академската година на новите студенти. Како најмлада високо образовна институција во државата, УИНТ го карактеризира тренд на континуиран раст и развој, раст на бројот на запишани студенти, зголемување на бројот на студиски програми, академски кадар од престижни светски Универзитети и одлично позиционирање на Шангајската ранг листа. „На Универзитетот „Св. Апостол…

повеќе...

УИНТ – Македонски Универзитет предизвик за студенти од целиот свет

Најмладиот државен Универзитет „Св. Апостол Павле“, секоја нова учебна година се повеќе го предизвикува интересот на студенти од ширум светот.  Во однос на минатата година бројот на апликации на странски студенти наУниверзитетот за информатички науки и технологиие зголемен за 46%, а во раст е и бројот на различните земји од коишто тие доаѓаат. Ова е тренд кој бележи нагорна линија од година во година на оваа интернационална високо образовна институција. Оваа година за прв пат на УИНТ аплицираа студенти коишто доаѓаат од земји како Белизе, Коста Рика, Ел Салвадор, Мексико,…

повеќе...

Запишани студенти на додипломски студии на факултетите и високите стручни школи

Според податоците на Државниот завод за статистика, добиени врз основа на пристигнатите извештаи, во Република Македонија, во академската 2013/2014 година се запишани вкупно 57 746 студенти, што претставува пораст за 1.5% во однос на академската 2012/2013 година. Бројот на запишани студенти – жени изнесува 31 450 или 54.5%. Најголем број на студенти или 88.5% се запишани на државните високообразовни установи, додека 11.1 % се запишани на приватните високообразовни установи. Во прва година на студии, во академската 2013/2014 година се запишани 19 173 студенти или 33.2% (тука се опфатени и студентите кои по втор, трет…

повеќе...

Студентите на ФИНКИ добија лабораторија за клауд компјутинг

На Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство денеска беше промовирана лабораторија за клауд компјутинг. На промоцијата присуствуваа претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски, министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми, како и заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски. „Со новата опрема студентите ќе може да ги развиваат своите знаења за создавање клауд компјутинг и да ги извршуваат сите процеси поврзани со тоа“, рече Груевски. Опремата ќе им помогне на студентите и при создавање магистерски  и докторски трудови, истакна Груевски.  Во иднина предвидена е соработка со…

повеќе...

Намален бројот на дипломирани студенти на високите школи и факултетите

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2013 година, бројот на дипломирани студенти на додипломски студии на високите стручни школи и факултетите, во споредба со 2012 година е намален за 8.8%. Од вкупниот број дипломирани студенти, 82.3% се редовни, а 17.7% се вонредни студенти. Процентот на дипломирани студенти-жени изнесува 56.3 %. Од вкупниот број студенти 40.0% дипломирале во рок, додека 60.0 % дипломирале по рокот.

повеќе...

Студентите на Универзитетот „Св. Апостол Павле“ креираат мобилна апликација за Дурекс

Пет тимови од Универзитетот „Св. Апостол Павле“ од Охрид се натпреваруваат за најдобро решение за апликација за глобалниот бренд Дурекс. Во наредниот период, тимовите ќе работат на концептот и креативните решенија за апликацијата, по што ќе претстои прелиминарно оценување, од каде трите најдобри решенија ќе продолжат да работат на техничкиот дел и ќе се борат за првата награда. „За нашите студенти секогаш претставува предизвик да креираат апликации и  проекти, каде треба да се покаже нивната креативност, иновативност, како и техничките знаења кои ги стекнуваат на нашиот Универзитет. Креирање на апликација…

повеќе...

Светот во мало – мултикултурен ден на УИНТ

На универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ се одржа вториот по ред „Мултикултурен ден“. Бидејќи една од главните карактеристики на УИНТ е мултикултурната средина и разновидност, една од главните цели на овој настан е подигањето на јавната свест за потребата од прифаќање и почитување на разликите, следејќи го примерот на УИНТ. На мултикултурниот ден повеќе од 20тина претставници од ги презентираа особеностите на земјите од каде доаѓаат, започнувајќи од традиционалните обичаи, нивниот  јазик, храна, музика, танц и традиционална облека. Своите особености ги презентираа студентите и професорите на…

повеќе...

Ивановски најави нов факултет за информатичко-комуникациски технологии

Со цел подобрување на ИТ секторот во Македонија, денес беше потпишан Меморандум за соработка меѓу ИКТ комората при Сојузот на стопански комори и високо образовните институции од информатичката област. Идејата е преку размена на искуства и информации од бизнис и академски аспект, да се воспостави рамка на заедничко дејствување, која е од исклучително значење за развојот на информатичкото општество во земјата. На настанот присуствуваше и министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, кој оцени дека денешното потпишување на меморандумот претставува нов мотив и нов елан во заедничката соработка, што…

повеќе...

Отворен ден на Факултетот за туризам и угостителство

Градоначалникот Бакрачески, денеска го посети отворениот ден на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид. Тој на присутните средношколци им порача дека програмите кои ги нуди овај факултет и пријатната атмосфера ќе бидат одлучувачки за некои од нив своето школување да го продолжат токму во оваа високо образовна институција. „Факултетот за туризам и угостителство е расадник на врвни професионалци во делот на туризмот и угостителството која што претставува една од суштинските и најважни стопански гранка во развојот на Охрид. Новите тематски содржини и новите програми кои што во континуитет професорите…

повеќе...

Прогласени победниците на Codefest 2014 – програмерскиот маратон на УИНТ „Св.Апостол Павле“

Во текот на изминатиот викенд на УИНТ „Св. Апостол Павле“ се одржа програмерскиот маратон Codefest, студентски натпревар во програмирање кој траеше непрекинати 32 часа. Codefestсе одржа по втор пат, во организација на тимот од студенти на УИНТ „H-Sense“,  со организациска поддршка од страна на Универзитетот, Студентскиот Парламент и Студентскиот технички клуб „SITE“.   130 учесници од цела Македонија поделени во 26 тимови ги „искодираа“ своите креативни и иновативни идеи. На маратонскиот натпревар  беа доделени награди во различни категории: најдобра иновација, најдобра бизнис идеја, најдобра веб апликација, најдобра мобилна апликација, најдобар дизајн…

повеќе...