Доменико дел Гиудиче – гитара и Џани Иорио – бандонеон вечерва на „Охридско Лето“

Во црквата Св.Софија вечерва со почеток од 21:00 часот на програмата на фестивалот „Охридско Лето“ се Доменико Дел Гиудиче – гитара и Џани Иорио – бандонеон од Италија. Доменико дел Гиудиче е италијански гитарист познат по својата природна интерпретација, нагласена изразност, чувство за стил. Покрај студиите по гитара, тој стекнал образование на полето на раната музика и инструментите од тој период во Шпанија, Италија и Франција. Во својата изведувачка кариера дел Гиудиче има настапувано во повеќе европски земји, како и Канада, САД, Мексико, Аргентина. Неговиот репертоар опфаќа најразлични стилови –…

повеќе...

Театарска претстава „Sports Play“ од Елфриде Jелинец на „Охридско Лето“

Вечерва на програмата на „Охридско Лето“ со почеток во 21:00 часот во дворот ОУ „Св.Климент Охридски“ е театарската претстава „Sports Play“ од Елфриде Јелинец, во режија на Ванда Бутковиќ, во продукција на Just A Must Theatre, Лондон – Велика Британија. „Sports Play“ претставува едно временско истражување на темната страна на животните игри, испреплетени со конкурентна борба во животот. Претставата е провокативно истражување и врска помеѓу спортот, национализмот и насилството и опис на човечката опседнатост со изгледот и неуморниот спортски дух. Текстот на претставата е напишан во 1998 година и е…

повеќе...

Омаж во чест на уметникот Димитар Кондовски

Синоќа во Трпејца во рамките на второто издание на манифестацијата НА ЗАЈДИСОНЦЕ се одржа Омаж посветен на покојниот македонски уметник – сликарот Димитар Кондовски.  Човекот кој прв од уметниците им ја откри Трпејца на луѓето од негов ков. По повод 20 годишнината од неговата смрт беше прикажан ТВ портретот посветен за него,  своевремено снимен за Македонската телевизија, а веднаш потоа беше отворена изложбата на фотографии дело на неговиот син Филип Кондовски.  Димитар Кондовски  роден е 1927 год. во Прилеп. Завршил Академија за ликовни уметности во Белград. Бил член на групите…

повеќе...

Струга ќе сонува на јаве со ДримОN

Јаки жени, Ачик Активизам, Збор – два текст, Утрешниот уметник и Урбан Шаман се петте целини од првиот Фестивал за процесирање култура ДримОN кој ќе се одржи од 24 до 28 јули на Летната сцена при Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга. Фестивалот е првата активност на здружението Иницијатива за независен културен активизам ИНКА која ги обединува идеите на повеќе креативци од земјава, кои имаат визија за остварување и одржување постојан проток на создавачка и креативна уметничка сила.  ДримON е насочен кон оживување на креативната сфера на уметноста и…

повеќе...

Музичкиот виртуоз на хармоника, Ришар Галиано на „Охридско Лето“

Во рамките на Фестивалот Охридско лето и годинава се одбележува „Француска вечер на Фестивалот“ со учество на врвни уметници и ансамбли од Франција. Изминатите години исклучителни концерти реализираа, Квартетот Ардео, Камерниот оркестар „Тулуз“ заедно со диригентот и солист Жозеф Андре и пијанистот Антонио Сорија, потоа пијано концертот насловен како Шопенова вечер со пијано уметникот Жером Гранжон. Годинава, кога се одбележуваат 5 години успешна соработка помеѓу Фестивалот охридско лето, Францускиот институт Скопје, Амбасадата на Република Франција во Македонија и Охридска банка-Societe Generale Group во црквата Света Софија денес ќе се одржи…

повеќе...

Отворено второто издание на Културно забавното лето „На зајдисонце“ во Трпејца

Од вчера под генерално покровителство на Општина Охрид и во организација на Здружението за промоција и развој „За Трпејца со љубов“, по втрпат, започна трпејчкото културно соарè наречено „НА ЗАЈДИСОНЦЕ“. Оваа година манифестацијата ја отвори  ансамблот „Билјана Јуниор“. Беше отворена и изложба на дела од Мајкл Клос, академски сликар од македонско потекло кој живее и работи во Канада. Проследуваме десетина фотографии од свеченото отворање, од пред преполнетиот мал плоштад „КАЈ БУНАРОТ“. WebOhrid / фото: Дим Дон

повеќе...

Меѓународниот Фолклорен Фестивал „Александар Македонски“ по 8 пат во Охрид

Друштвото за Македонско Културно Наследство „Александар Македонски“ од Охрид во соработка со КУД „Охриѓанка“ е организатор на Меѓународниот Фолклорен Фестивал „Александар Македонски“ кој ќе се одржи по 8ми пат во периодот од денес па се до 24-ти Јули во Охрид. Овој фестивал може да се пофали со гости – учесници од повеќе земји како и друштва од различни градови од Македонија. Првата фестивалска вечер, односно свеченото отварање на фестивалот е на 22ри Јули, а втората фестивалска вечер е на 23ти Јули. Фестивалот започнува со дефиле по Охридксите улици, Охридската чаршија…

повеќе...

По втор пат во Куратица започнува „Starfire“ фестивалот

По втор пат, во Куратица под отворено небо на 1400 мнв под планинскиот масив Мазатар од денеска  започнува „Starfire“ фестивалот. Официјалниот дел на забавата ќе започне од 21 часот и ќе трае се до утринските часови. Целта и идејата за организирање на ваков тип на фестивал е присутните максимално да се опуштат од секојдневниот урбан живот (брзото темпо на живеење ) и да го почуствуваат чистиот возух и секако како што самиот слоган кажува да бидат „ПОБЛИСКУ ДО ЅВЕЗДИТЕ“. Веќе е поставена целата опрема, од обезбедување на струја (агрегат), озвучување,…

повеќе...

Концерт во чест на Ристо Аврамовски – 70 години од неговото раѓање

Денес, во црквата Света Софија, со почеток во 21:00 ч. ќе се одржи Концерт на македонски уметници по повод  јубилејот, 70 години од раѓањето на Ристо Аврамовски, еден од најголемите македонски композитори, музички деец и публицист. „Аврамовски беше и ќе остане една блескава ѕвезда која светеше и не згаснува над неговата сакана земја Македонија, како што често милуваше да каже и напише, јас сум ѕвезда која на крилати коњи јава по Апокалипсата и се спушта од небото над мојата земја. Тој твореше и како врвен интелектуалец се бореше до крај…

повеќе...

Светскиот виолончелист Антонио Менезес вечерва на „Охридско Лето“

На програмата на Охридско лето денес со почеток во 21:00 ч. во Света Софија, концерт на светскиот виолончелист Антонио Менезес кој заедно со Олга Задо, една од најперспективните пијанисти од нејзината генерација ќе изведат дела на Шуман, Брамс, Франк.  „Во изминатите неколку фестивалски изданија во црквата Света Софија настапија најелитните челисти на денешницата. Во фестивалската историја се запишаа имињата на Александар Рудин, Наталија Гутман, Давид Герингас, Миша Мајски, Моника Лесковар, Ксенија Јанковиќ. Минатогодишното фестивалско издание беше затворено со настапот на изворедниот  Енрико Диндо, кој зад себе остави концерт за паметење.…

повеќе...