Денеска на програмата на „Охридско Лето“ вечерва со почеток од 21 часот во Предворјето на Св Софија ќе биде прикажана театарската претстава „Мизантроп“ на текст од Жан Батист Поклен-Молиер, а во изведба на Турскиот театар од Скопје. Ова е прва од вкупно шесте премиери што ќе бидат прикажани во рамките на фестивалот. За режисерката на претставата Драгана Милошевска-Попова „Мизантроп“ е нејзин трет проект во Турскиот театар. Вели, темата на Молиер ја познава одлично како резултат на тоа што со неа се занимавала цели три години. „Она што посебно ме фасцинира…
повеќе...Tag: фестивал
Познатиот руски виолинист Сергеј Малов, вечерва на „Охридско Лето“
Сергеј Малов познатиот руски виолинист вечерва во 21:00 часот ќе има настап во Црквата Света Софија, како дел од програмата на фестивалот “Охридско Лето” со изведба на програма од Бах и Барток. Покрај виолина и виола, Сергеј Малов активно свири на виолончело da Spalla направено специјално за него од Д. Бадјаров. Добитник на првата награда на меѓународните натпревари “Michael Hill“ (Нов Зеланд), “Mozart” (Салцбург), “Jasha Heifetz” (Вилнус), како и на Меѓународниот натпревар по виола во Токио, Сергеј Малов успешно се претставил на двата натпревара „Паганини“ (во Џенова и во Москва)…
повеќе...Дуо Корољов: Радоста на музиката ќе ја пренесеме на публиката
Музичката вечер на Охридско лето, по спектакуларниот концерт на Дмитри Хворостовски вечерва продолжува во „Света Софија“ со Пијано дуото Корољов . Во катедралната црква Света Софија во 21 часот во знакот на пијаното, уметничкиот тандем Љупка Хаџигеоргиева и Евгени Корољов ќе изведуваат популарни композиции на Јоханес Брамс, Антонин Дворжак, Морис Равел. Хаџигеоргиева не ја криеше својата возбуда за вечерашниот настап, во родната Македонија. Рече дека радоста на музиката вечерва ќе ја пренесат на публиката. „Секогаш ми претставува големо задоволство да свирам во Охрид и во прекрасната црква „Света Софија“, која…
повеќе...Спектакуларно отворено 53 издание на „Охридско Лето“
Со спектакуларен настап на светски познатиот баритон, оперската ѕвезда од Русија, Дмитри Хворостовски, заедно со Оркестарот и Хорот на Македонската опера и балет, под диригентска палка на Константин Орбелиан, синоќа во Античкиот театар во Охрид започна 53-то издание на „Охридско Лето“. Фестивалот за отворен го прогласи претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов, кој традиционално се одржува под негово покровителство. „Велат, уметноста е одраз на човековата душа. И додека човекот го користи огледалото за да го види сопствениот физички одраз, ја користи уметноста за да ѕирне во душата. Фестивалот „Охридско Лето“…
повеќе...Хворостовски на прошетка со брод го разгледа Охрид и Охридското Езеро
Светски познатиот баритон, оперската ѕвезда од Русија Дмитри Хворостовски, денеска имаше едночасовна прошетка по Охридското езеро. Од бродот „Свети наум“ се воодушевуваше на секоја глетка од езерската шир. Рече дека немал зборови со кои можел да ја опише убавината. Едноставно посака да ужива во природата. Најголем впечаток му остави живописната црква Канео за која рече дека е најуникатното нешто што досега го видел. Во друштво на неговиот десетгодишен син Максим и диригентот Константин Орбелиан заедно со директорката на Охридско лето Елизабета Јанкуловска и музичкиот селектор Гордана Јосифова Неделковска, маестро Хворостовски…
повеќе...Со коктел во хотелот „Гарден“ најавен фестивалот „Охридско Лето“
Со пригоден коктел во х.“Гарден“, синоќа во организација на Општина Охрид и “Охридско Лето“, беше најавена годинешната програма на фестивалот и големата оперска ѕвезда Дмитри Хворостовски, со која денес се отвора 53-то издание на нашата најреномирана музичко – сценска манифестација. Ваквиот приод на менаџментот на фестивалот, ја потврдува добрата соработка со донаторите и пријателите на “Охридско Лето“, за успешна организација на вакви врвни културни настани, од кои бенефит имаат и донаторите и спонзорите на манифестацијата. Градоначалникот Бакрачески во изјава за ТВ Сител, го истакна големото значење што фестивалот го има…
повеќе...Кирил Џајковски ќе настапува на „Love & Happiness“ фестивалот во Градиште
Оваа сезона повторно најатрактивното место на охридската ривиера ќе биде плажата Градиште, особено поради фактот што на овој простор се случуваа најголемите и најзначајните журки изминативе години. Плажата од оваа година работи во ново рубо, со збогатени содржини за релаксација и опуштање на посетителите. Официјално е потврден долго планираниот настан, со концепт за задоволување на сите музички вкусови, така што кулминација на летото ќе биде в сабота на 27-ми јули, кога на двете плажи во Градиште ќе се одржи добро познатиот „Фестивал на љубов и среќа“. Како главна ѕвезда ќе…
повеќе...Последната – шеста вечер од Балканскиот фестивал во Центарот за култура
Последната, шеста фестивалска вечер на 52-иот Балкански фестивал на народни песни и игри наместо на традиционалната летна сцена „Долни Сарај“ ќе се одржи во големата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“ – Охрид, со почеток во 21:00 часот. 11 јули (четврток) -Ансамбл ЗОРА од Мохач, Унгарија -Ансамбл “ КУРПИАНКА” од Кадзидло, Полска -Ансамбл “НИКОЛА ЈАНКОВ ВАПЦАРОВ“од Скопје, Македонија
повеќе...И петтата вечер од Балканскиот фестивал во Центарот за култура
Поради променливото време и петтата фестивалска вечер на 52-иот Балкански фестивал на народни песни и игри наместо на традиционалната летна сцена „Долни Сарај“ ќе се одржи во големата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“ – Охрид, со почеток во 21:00 часот. 10 јули (среда) -Ансамбл „ПРОЛЕТЕР“ од Сараево, Босна и Херцеговина -Ансамбл „ТРИСЧЕЛЕ“ од Арагона-Агриџенто, Сицилија, Италија
повеќе...И четвртата вечер од Балканскиот фестивал во Центарот за култура
Поради нестабилното време и четвртата фестивалска вечер на 52-иот Балкански фестивал на народни песни и игри наместо на традиционалната летна сцена „Долни Сарај“ ќе се одржи во големата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“ – Охрид, со почеток во 21:00 часот. 9 јули (вторник ) -Ансамбл „БИСЕРИ“ од Охрид Македонија -Ансамбл „ЗЛАТИЦА“ од Средно Гори, Бугарија -Ансамбл „МАРБОЛЕНИ“ од Вал де Бианја, Шпанија
повеќе...