АХВ дел од фестивалот за органска храна

Македонија последниве години во континуитет го зголемува органското производство. Владините политики во овој сегмент и проектираната дополнителна поддршка даваат резултат, беше речено на Фестивалот на органска храна што под мотото „Вкусот на минатото, сегашноста и иднината“ се одржува денеска на Факултетот за земјоделски науки и храна. Но, не само што е зголемено производството, беше посочено дека полека се менуваат и навиките на потрошувачите, нивниот вкус. Тие се повеќе бараат и знаат да препознаат домашни, органски земјоделски производи. „Фестивалот е уште една потврда дека храната е грижа на сите нас и…

повеќе...

Охридските гимназијалци учествуваа на Фестивалот на изведувачки уметности и добри практики

Во рамките на проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието, имплементиран во Македонскиот центар за граѓанско образование, учениците од охридската гимназија „Св.Климент Охридски“, деновиве учествуваа на Фестивалот на изведувачки уметности и добри практики „Be creative, Be interactive, Be interethnic “ кој се одржа во Младинскиот културен центар во Скопје. „На овој еднодневен фестивал се престави со преставата „Разгледница од Охрид“ која беше подготвена во рамките на креативните работилници во нашето училиште. За Фестивалот беа избрани најдобрите престави од Македонија, меѓу нив и оваа престава. Впечатоците што ги остави преставата кај гледачите…

повеќе...

Фестивал „Вардар филм прикажува – македонски филмски класици“ од 8-ми до 12-ти октомври во Скопје

Пет исклучително важни филмови кои од 1959 до 1991 година беа создавани подлогото на „Вардар филм“ и беа наградени со релевантни признанија ќе бидат прикажани во рамки на првото издание на Фестивалот „Вардар филм прикажува – македонски филмски класици“, кој ќе се одржи од 8-ми до 12-ти октомври во киното „Синеплекс“ во Скопје. Станува збор за дел од најзначајните филмски остварувања создавани во најдобрите и најплодните години на продуцентската куќа „Вардар филм“. „Љубителите на седмата уметност ќе може да ги видат класиците „Хај-Фај“ во режија на Владимир Блажевски (снимен 1987);…

повеќе...

Отворен 18. Фестивал „Денови на комедијата“ во Куманово

Овој меѓународен фестивал полека, но, сигурно изгради сериозна репутација во нашиот регион и пошироко. Фестивалот „Денови на комедијата“ кој е најстар фестивал од овој вид во нашата земја, веќе 18 години ја негува традицијата на претставување на квалитетни театарски дела од можеби најспецифичниот жанр во театарската уметност–комедијата, жанр кој бара исклучително знаење, искуство и инвенција од театарските уметници, истакна министерката за култура Елизабета Канческа Милевска на отворањето на Фестивалот. На годинешново издание на „Деновите на комедијата“ кое ќе се оддржи од 1 до 18 октомври во Куманово ќе бидат изведени…

повеќе...

Се е подготвено за почетокот на Вино Скоп 2015

Се е подготвено за почетокот на Вино Скоп 2015. На паркингот позади спортската сала „Борис Трајковски“ кај Аква Паркот веќе се поставени 20-те штандови и шаторите на најдобрите македонски винарии- Тиквеш, Картал, Стоби, Повардарие, Визба Валандово, Лозар, Дудин, Бовин, Сковин, Пивка, Шате Сопот, Далвина, Камник и Винотека Темов. Посетителите ќе имаат можност да уживаат во врвни вина по промотивни цени на секој од штандовите, а да пробаат и нешто поразлично на штандот со вински коктели- сангрија и вино мохито. Доброто вино оди со добро мезе, а на фестивалот ќе има…

повеќе...

КУД „Дримкол“ – Вевчани учествуваше на Меѓународен фестивал во Грција „Музика и море“

КУД „Дримкол“ од Вевчани преку својот детски и младински фолклорен ансамбал овие денови ја презентира Македонската култура и традиција на Меѓународниот фестивалот за музика и танци „Музика и море“ кој се одржува во туристичкото крајбрежно место Паралија. Покрај настапите во официјалната програма на фестивалот кој се одвива во анфитеатарот во Паралија, младите членови на Дримкол ја воодушевија публиката и во туристичките места: Катерини, Олимпик Бич. Организаторот задоволен од Вевчанци, синоќа им довери 15 минутна програма на свеченоста по повод доделувањето на Гранд При наградата на фестивалот. Во рамките на овој…

повеќе...

Објавена музичката програма на Вино Скоп 2015

Деветти пат по ред во Скопје од 30-ти септември до 4-ти октомври ќе се одржи фестивалот во чест на виното- Вино Скоп 2015. Покрај големата понуда на вина и деликатеси, пет дена ќе имаме можност да уживаме и во богата музичка програма. Ќе слушнеме шлагери, рок, популарна музика, филхармонија со преработки на светски хитови, реге, ирска музика, џез, блуз, руски традиционални песни, македонски хитови, фолк, етно, ска, самба, труби… За да биде што повесело на Вино Скоп ќе се погрижат: Бојан Маровиќ, Дани Димитровска, Сара Мејс, Миле Кузмановски, Куку Леле,…

повеќе...

Почна седмото издание на Меѓународниот театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“

Фестивалската програма на седмото издание на Меѓународниот театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“, покрај претстави, ќе понуди и промоции на дела од театарската уметност … Во Крива Паланка синоќа почна седмото издание на Меѓународниот театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“ кој ќе трае до 23 септември. Свеченото отворање на Фестивалот беше означено со кревање на фестивалското знаме пред Националната установа Центар за култура Крива Паланка каде што се одржуваат сите десет фестивалски вечери. Годинашниот фестивал започна со осврт на богатото творештво на лауреатот на Фестивалот, познатиот македонски драматург, критичар и дипломат, Јордан…

повеќе...

„Охридско лето“ дел од четирите најзначајни регионални летни фестивали

Деновиве во црквата Св.Дух во Котор, Црна Гора, на иницијатива на меѓународниот фестивал КоторАрт беше потпишана Которската иницијатива, Меморандум за соработка на четирите најзначајни регионални летни фестивали: Меѓународниот фестивал КоторАрт (Црна Гора), Дубровнички летни игри (Хрватска), Фестивалот Љубљана (Словенија) и Охридско лето (Македонија). Спогодбата ја потпишаа Ратимир Мартиновиќ (директор на которАрт Дон Бранкови денови на музика и координатор на сите програми на КоторАрт), Младен Тарбук (интендант на Дубровничките летни игри), Дарко Брлек (директор на фестивалот Љубљана и претседател на Европската асоцијација на фестивали) и Елизабета Јанкуловска (директорка на Охридско лето).…

повеќе...

Започна охридскиот хорски фестивал

Синоќа во Охрид свечено беше отворено 8-то издание на охридскиот хорски фестивал, кој се одржува со поддршка на општина Охрид а во организација на охридскиот хор. Членовите од 22 хорови од 11 европски земји кои се дел од годинешното фестивалско издание ги поздрави заменик градоначалникот на Охрид, Ангел Јанев. „Вас почитувани хористи од Словенија, Унгарија, Полска, Турција, Германија, Романија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Белорусија и Финска, вас пренесувачи на културата на вашите земји преку најстариот инструмент, човечкиот глас ве уверувам дека, охридскиот хорски фестивал е фестивал со традиција и респект“…

повеќе...