Одржана редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика

На 14.5.2013 година, се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика, на којашто беа разгледани податоците за банкарскиот сектор заклучно со март 2013 година, движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари во април 2013 година, резултатите од моделот МАКПАМ и ликвидноста во банкарскиот систем. Во банкарскиот сектор, заклучно со март, продолжува трендот на одржување висока ликвидност. Кај кредитната активност, годишните промени упатуваат на забавување на кредитирањето на претпријатијата, додека кредитите на населението имаат умерено побрзо зголемување. Депозитната основа се одржува на стабилно ниво, при што сѐ уште е…

повеќе...

Министерството за финансии ќе врати 20 милиони евра во стопанството

Министерството за финансии преку државни записи на нето-основа ќе врати во стопанството 1.215.000.000 денари, односно 20 милиони евра. Како што стои во соопштението, утре Министерството за финансии по основ на доспеани записи ќе исплати 3.500.000.000 денари, додека на денешната аукција запиша 2.285.000.000 денари, или 1.215.000.000 денари помалку. Овие 1.215.000.000 денари или 20 милиони евра ќе бидат вратени во стопанството за подобрување на ликвидноста на фирмите и граѓаните. „Со ова Министерството за финансии продолжува да го поддржува домашното стопанство преку подобрување на ликвидноста“, се наведува во соопштението.

повеќе...

Груевски ги повика агрентинските компании да ја посетат Македонија

Економски тим на Владата на Република Македонија предводен од премиерот Никола Груевски, заменикот на претседателот на Владата и министер за финансии Зоран Ставрески, министерот за привлекување на странски инвестиции Веле Самак и директорот на Агенцијата за привлекување на странски инвестиции и промоција на извозот Висар Фида, присуствуваа и се обратија на бизнис форум во Буенос Аирес на кој ги презентираа поволностите кои Република Македонија ги нуди на странските инвеститори. Пред почетокот на бизнис форумот премиерот Груевски оствари средба со раководниот менаџмент на Индустриската унија на Аргентина, која што беше и…

повеќе...

ММФ: Економијата стабилна, растот остварлив

Македонија е земја со стабилна економија и стабилни макроекономски перформанси во услови на тешки опкружувања. Предвидениот раст од два отсто е остварлив иако има ризици. Ова е оценката на мисијата на Меѓународниот монетарен фонд која во изминатите две недели престојуваше во Македонија, а денеска на заедничка прес-конференција ја соопштија шефот на мисијата Ивана Влаткова Холар и вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески. „Економијата во Македонија, како и растот, се мошне добро позиционирани. Историјата на конзервативни фискални, монетарни и финансиски политики им овозможи на македонските власти простор во политиките за…

повеќе...

Доделени првите лиценци за ревизија

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денеска ги додели првите 40 лиценци за ревизија. „Квалитетното финансиско известување е темел на функционалното пазарно стопанство и основа за здрав финансиски систем. Затоа во Република Македонија ревизијата мора да се врши согласно највисоките меѓународни стандарди и најдобрите практики со што ќе ги минимизираме потенцијалните ризици и ќе привлечеме нови инвеститори“, рече Ставрески во обраќањето пред доделувањето на лиценците. Ревизорската професија во Македонија постои 15 години. Од донесувањето на првиот закон за ревизија во 1997 година до денес професијата се афирмираше со стручноста…

повеќе...

Владина програма за поддршка на општините од 275 милиони денари

На денешната прес-конференција, портпаролот на Владата на Република Македонија Александар Ѓорѓиев истакна дека Владата на Република Македонија е посветена на поддршка на единиците на локална самоуправа која се изведува преку широка палета на мерки, активности и програми какви што се меѓу другите и програмата за изградба, реконструкција и модернизација на локални и регионални патишта, програмата за изградба, реконструкција и модернизација на училишта, на болници и јавни здравствени установи и други програми. Денес, сакаме да информираме за мерките од посебната Програма за рурален развој, која се однесува на поддршка на општините преку…

повеќе...

Преполни поштенски сандачиња

Со убавото време, во Охрид полека-полека доаѓаат и викендашите кои имаат свои станови, викендици, куќи. Нив ги очекуваат преполни поштенски сандачиња со сметки за изминатите неколку месеци. Иако плаќањето преку интернет е „во мода“, за жал кај нас тоа не се практикува, а со тоа секако заостануваат сметките. WebOhrid

повеќе...

Ставрески: Македонија, според ММФ, има стабилни макроекономски перформанси

Македонија е една од земјите со стабилни макроекономски перформанси и во иднина ќе може соодветно да ги сервисира обврските. Ова е оценката на ММФ чии претставници во изминатите десет дена се сретнаа со вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, со гувернерот Димитар Богов и со бизнисмените. Како што изјави денеска Ставрески, одговарајќи на новинарско прашање пред одбележувањето 21. година постоење Царинска управа, согласно досегашните разговори со ММФ, нема никакви изненадувања и проблеми. „Констатациите се дека Македонија е една од земјите што имаат стабилни макроекономски перформанси и како таква и…

повеќе...

Исплатени 71 милиони денари за овошни, лозови насади и градинарски култури

Министерството за финансии денеска исплати 71 милион денари на 3.117 земјоделци за одржување на овошни и лозови насади и производство на градинарски култури. Како што соопшти Министерството за финансии, од овие средства 39,9 милиони денари им се исплатени на 1.035 земјоделци за одржување на овошни насади. На 2.016 земјоделци им се исплатени 30 милиони денари за производство на градинарски култури. Исто така, исплатени се 1,6 милиони денари на 66 лозари за одржување на лозови насади. „Владата на Република Македонија и министерството за финансии со редовна исплата на субвенциите за земјоделците…

повеќе...

Исплатени 140 милиони денари субвенции на полјоделците и лозарите

Министерството за финансии денеска исплати 140 милиони денари на 6.270 земјоделци за производство на полјоделски култури и одржување на лозови насади. Како што соопшти Минитерството за финансии, од овие средства 112 милион денари се исплатени на 4.932 земјоделци за производство на полјоделски култури. Остатокот од средствата, односно 28 милиони денари се исплатени на 1.338 лозари за одржување на лозови насади. „Владата на Република Македонија и Министерството за финансии со редовна исплата на субвенциите за земјоделците останува доследна поддршката на земјоделството како една од носечките гранки на македонското стопанство“, стои во…

повеќе...