Груевски: Посетата на САД успешна, американски компании најавија инвестиции

Владиниот тим предводен од премиерот Никола Груевски, со учеството на бизнис форумот во Лас Вегас, ја заврши неколкудневната економска посета на САД. Како што изјави Груевски по форумот, посетата на САД е повеќе од успешна. Дел од компаниите и стопанствениците со кои се остварени средби, најавија инвестиции во Македонија. „Посетивме четири четири големи значајни града, Њујорк, Чикаго, Лос Анџелес и Лас Вегас, доста компании. На презентациите имаше многу присутни, голем беше интересот, се поставија многу прашања и се остварија многу лични контакти. Неколку компании веќе најавија доаѓање во Македонија дури…

повеќе...

Форумот на словенските култури одбележува десетгодишнина од постоењето

Со третиот семинар за музејска дејност, овојпат посветен на театарската музеологија во 21 век, денеска во Македонскиот народен театар во Скопје започна одбележувањето една деценија од Меѓународната фондација Форум на словенските култури. Во Форумот се обединети 13 држави и над 300 милиони нивни жители (Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, Србија, Бугарија, Украина, Русија, Белорусија, Полска, Чешка и Словачка), кои соработуваат и разменуваат знаења и искуства за проекти што треба да ги зачуваат и негуваат нивните култури. Андреја Рихтер, директорка на Меѓународната фондација Форум на словенските култури, чие…

повеќе...

Министерот Цветков на Форум во Букурешт

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков учествува на Форумот за соработка во областа на земјоделството помеѓу Народна Република Кина и земјите од Централна и Источна Европа. Обраќајќи се на Форумот, министерот Цветков истакна дека Владата на Република Македонија интензивно работи на создавање поволна клима за инвестирање на заинтересирани странски компании, притоа обезбедувајќи техничка помош и административни олеснувања за реализација на инвестицијата. Форумот е во организација на Министерството за земјоделство и рурален развој на Романија, во рамките на меѓународниот саем на производи и опрема за земјоделството, градинарството, лозарството и…

повеќе...

Претседателот на СДСМ Заев се сретна со координаторките на општинските Форуми на жени

Реализацијата на новата Стратегија за политичко делување на СДСМ и активностите кои се во тек беа централна тема на денешната средба на Претседателот на СДСМ, Зоран Заев со координаторките на општинските Форуми на жени. „Силно веруваме во Стратегијата, во сите четири столба. Нејзината реализација е гарант за враќање на демократијата и просперитет на Република Македонија. Ќе останеме фокусирани на овој партнерски однос со граѓаните. Гледаме дека власта сака да копира некои наши активности но тоа е само бледа копија без суштина. Ние работиме заедно со граѓаните и така ќе продолжиме.…

повеќе...

Ни требаат лидери кои ќе знаат да се справуваат со различноста – награда за претседателот Иванов на Форумот Кран Монтана

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов е добитник на Наградата на Фондацијата за 2014 година, што се доделува во рамки на Форумот Кран Монтана. Наградата на Фондацијата на претседателот Иванов му се доделува како личен придонес за активности и достигнувања во сите општествени области, како и за неговата посветеност во одбрана на фундаменталните слободи. „Јас сум горд што тоа што го прави Македонија е се повеќе она со кое ќе се соочува светот во иднина, оти сите општества во иднина ќе бидат мултиетнички, мултирелигиозни и мултијазични. Нас ни требаат…

повеќе...

Македонските услови за инвестирање претставени на бизнис форум во Далас

Македонски владин економски тим, предводен од вицепремиерот Владимир Пешевски, ги презентира условите за инвестирање и водење бизнис во Македонија на бизнис форум во Далас, САД, пред претставници на голем број компании од областа на информатички технологии, финансиски и аутсорсинг услуги. „Македонската делегација, во чиј состав се и министрите за странски инвестиции Веле Самак и Џери Наумоф, извршниот директор на ДТИРЗ Виктор Мизо и економскиот промотер Васко Давидовски, одржа и поединечни средби со раководството на низа компании, кои се заинтересирани за проширување на своите производствени капацитети на територијата на Европа“, соопшти…

повеќе...

Министерката за култура се обрати на Третиот светски форум за култура и културни индустрии

На панел-дискусијата, пред присутните експерти и други гости, меѓу кои и амбасадорот на Република Македонија во Италија, Оливер Шамбевски, министерката за култура потенцираше дека развојот на културата во РМ е правопропорционален со развојот на државата … „Зачувување, а не уништување, конструктивен пристап, а не деструкција, заедништво и заемна почит – тоа се основните принципи на културата кои сите ние треба да ги почитуваме,“ истакна министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска денеска во своето обраќање пред многу присутните на Третиот светски форум за култура и културни индустрии кој на темата „Култура, креативност…

повеќе...

Форумот на жени на СДСМ на европска конференција во Корчула

Претставнички на СДСМ, координаторката на Форумот на жени, Цветанка Ласкова и Снежана Калеска Ванчева, претседавач на Советот на Форумот на жени на СДСМ, беа меѓу жените учеснички од Балканот и Европа, на овогодинешната Корчуланска школа. Во формумот на тема: Форми на насилство врз жените учествуваа жени, лидерки, од лево ориентираните партии од целиот балкански регион, Австрија, Италија, Унгарија, како и од Европскиот форум за демократија и солидарност, ПЕС, ЦЕЕ.

повеќе...

Премиерот Груевски и владината делегација се обратија на бизнис-форум во Турција

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски и владината делегација, денеска присуствуваа и се обратија на бизнис форум во Коџаели, Република Турција, при што ги презентираа поволностите кои нашата земја ги нуди на странските инвеститори за отворање бизнис и нови работни места во Македонија. Бизнис форумот беше организиран во соработка со Индустриската зона во Коџаели, и на него присуствуваа менаџери од повеќе компании, претежно од областа на автомобилската индустрија, хемиската индустрија, како и претставници од металската и текстилна индустрија. Премиерот Груевски во своето обраќање пред присутните се задржа на…

повеќе...

Ќе се одржи Регионален форум за интернет владеење 2014

Утре, во Музејот на македонската борба за државност и самостојност во Скопје, Министерството за информатичко општество и администрација организира Регионален форум за интернет владеење 2014. На форумот ќе учествуваат министри и високи владини претставници надлежни за креирање на политики за развој на информатичко општество од земјите од регионот, како и претставници на невладиниот сектор, што претставува можност за промовирање на регионална соработка во оваа област. Воведни обраќања ќе имаат министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски и извршниот директор на Интернет корпорацијата за доделување на имиња и броеви (ICANN),…

повеќе...