Македонска делагација на унгарско- македонски бизнис форум во Будимпешта

Македонска делегација предводена од министерот за странски инвестиции, г-дин Бил Павлески, учествува на унгарско- македонски бизнис форум во Будимпешта, Република Унгарија кој е организиран во соработка со националната унгарска трговска куќа „Hungarian National Trading House“, со поддршка на македонската амбасада во Унгарија и промоторот на Република Македонија задолжен за Полска, Унгарија и Чешка. На форумот како дел од македонската делегацијата учествуваат и министерот без ресор, г-дин Фуркан Чако и заменик министерот за економија, г-дин Христијан Делев. Министерот Павлески во своето обраќање ги презентираше можностите за инвестирање, како и поволната бизнис…

повеќе...

Претседателот Иванов на Бизнис Форум во Анкара – Ги повика турските бизнисмени да инвестираат во Македонија

Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, во рамки на посетата на Република Турција по повод утрешната инаугурација на новоизбраниот турски претседател Реџеп Таип Ердоган, денеска присуствуваше на Бизнис Форум што се одржа во индустриската зона Остим, Анкара. Индустриската зона Остим е една од најголемите зони во Турција со 5 000 компании и преку 50 000 вработени во 17 различни индустриски сектори. На Бизнис Форумот присуствуваа претставници од 5 индустриски сектори од сферата на обновливата енергија, медицината, градежништвото, автомобилската и одбранбената индустрија кои претставуваат повеќе од 80 компании. Македонскиот претседател…

повеќе...

Форум во Ливерпул – Македонија има многу да понуди на инвеститорите

Можностите за инвестирање во Македонија економскиот тим предводен од премиерот Никола Груевски синоќа ги претстави пред бизнис заедницата во Ливерпул. Според присутните потенцијални инвеститори Македонија тоа го прави на мошне професионален и енергичен начин. Некои од присутните првпат ги слушнаа информациите за можностите кои се нудат и ставаат на располагање за правење бизнис во Македонија и сметаат дека се одлични и дека конкуренцијата на светско ниво е силна, но квалитетот е препознатлив. „Македонија покажа дека има многу да понуди на инвеститорите. Беше одлична прилика да се запознам со прагматизмот на…

повеќе...

Заменик министерот Ќамили на регионалнен форум на МАРРИ Центарот

Делегација на Министерството за внатрешни работи предводена од заменик министерот за внатрешни работи Земри Ќамили, учествува на Форумот на МАРРИ (Регионалната иницијатива за миграции, азил и бегалци), во Цавтат, Република Хрватска, на којашто учествуваат делегации на земјите членки на оваа иницијатива, односно на Министерствата за внатрешни работи на домаќинот Република Хрватска, Босна и Херцеговина, Република Србија, Црна Гора и Република Албанија, како и претставници на регионални и други организации кои делуваат во оваа област. На Конференцијата, заменик министерот Ќамили имашe свое кусо обраќање во рамки на заедничката дискусија, истакнувајќи ги…

повеќе...

Италијански компании заинтересирани за инвестирање ќе ја посетат Македонија

Италијански компании заинтересирани за условите за инвестирање во Македонија ќе ја посетат земјава. Ова е договорено на средбите што министерот за привлекување странски инвестиции Џери Наумоф ги реализира во рамки на петдневната посета на Италија, каде што пред два дена ги претстави можностите и поволностите за инвестирање во Македонија на бизнис форум во Чивитинова Марче. Форумот е во организација на реномираната адвокатска куќа Сантини Студио Легале од Рим. На форумот беа присутни претствници на компании од различни индустрии кои се запознаа со добрата бизнис клима и во разговорите со министерот…

повеќе...

Италијански компании заинтересирани за инвестирање во Македонија

Италијански компании се заинтересирани за  инвестиции во  инфраструктурата и енергетиката во Македонија. Ветуваат  поддршка за реализација на проектите и преку европските ИПА фондови. Детали за проектите во тие области денеска пред претставници на 30 компании од Италија, организирани од Италијанскиот институт за надворешна трговија, претставија министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески  и градоначалникот на Скопје Коце Трајановски. „Разговараме за инфраструктурата и енергетиката, сектори во кои македонската Влада има амбициозни проекти за инвестиции и сето тоа ќе понуди позитивно сценарио и за италијанските бизнисмени. Многу важен  момент е да воочиме…

повеќе...

Форумот на жени на ОО СДСМ Дебарца го одбележа 8ми март

Форумот на жени на Општинската организација СДСМ-Дебарца денеска го одбележа  Денот на жената-8 март. Активистките на СДСМ Дебарца ги посетија домовите на жителите во населените места во општината и на постарите припаднички  на понежниот пол им поделија симболични подароци . „На овој начин со овој гест сакаме да им оддадеме почит и да им го честитаме празникот на сите жени, бидејќи тие се основниот столб не само за семејството туку за целото општество. 8- ми март е ден кога ја одбележуваме борбата на жената за рамноправност, еманципација и мир. Социјалдемократијата…

повеќе...

Ристовски: Младите се креативниот потенцијал на секоја земја

Министерот за образование и наука Спиро Ристовски, се обрати пред учесниците на првата сесија од Меѓународниот младински лидерски форум, организиран по повод 10 години од загинувањето на претседателот Борис Трајковски. „На овој форум ќе се говори за младите и нивните перспективи во Република Македонија поврзано со образовните реформи и можностите кои им се даваат на младите, водејќи се од интересите и потребата да се достигне крајниот резултат, а тоа е квалитетот и нивна конкурентност особено на пазарот на трудот“ – посочи Ристовски. Во своето обраќање, министерот Ристовски рече дека политиките…

повеќе...

Пешевски: Македонија инвестициска дестинација за германските компании

Најголемите работодавачи кои отвараа нови работни места во изминатиот период доаѓаат токму од Германија. Затоа го ставаме акцентот на овој регион, бидејќи сметаме дека постојат уште голем број компании од повеќе индустрии, не само од автомобилската, кои би можеле да ја препознаат Македонија како нова инвестициска дестинација, истакна вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски по бизнис форумот во Минхен. Притоа, како германски компании со неколку илјади нови работни места во Македонија, јави известувачот на МИА, ги посочи Кромберг и Шуберт, Дреклсер Маер и Маркарт, последната инвестиција од овој регион.…

повеќе...

Павлина Огненоска назначена за координатор на форум на жени на ОО Дебарца

Координаторката на Форумот на жени на СДСМ, Цветанка Ласкова ja назначи Павлина Огненоска за Координатор на форум на жени на Општинска организација Дебарца. Координаторката на Форумот на жени на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија оваа одлука за назначување на Координаторка на Форумот на жени на Општинската организациии на СДСМ ги донесе врз основа на член 19 став 2 од Правилникот за организација и делокруг на работата на Форумот на жени на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија како и Одлуката за распишување на избори во Форумот на жени на СДСМ усвоена на Тринаесетата…

повеќе...