Репортажи за Македонија ќе се снимаат за холандското ТВ шоу “Channel 3 Travels”

Согласно програмските активности за 2014 година, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот започна соработка со холандската јавна радиодифузна асоцијација “BNN Network”. Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот-АППТ и економскиот промотор од Агенцијата за странски инвестиции Ведат Рушид, на интернационалниот саем за туризам во Утрехт, Холандија на кој учествуваше и Македонија остварија првична средба со претставници на водечкото ТВ шоу “Channel 3 Travels” кое се емитува на третиот канал на националната холандска телевизија “Nederland 3”.   ТВ екипата од Холандија започна со снимање на 16.06 и ќе снима до…

повеќе...

Посетата на националниот парк „Галичица“ од денес не е бесплатна

Влезот во националниот парк „Галичица“ од денеска се наплатува. За еднодневен престој по човек се наплатува по 30 денари, за автомобил по 50 денари, а за комби и мини бус  по 80 денари. За посета на посебни објекти и за патеката Магаро или островот Голем град на Преспанското Езеро влезницата чини 200 денари за посетител. 30 минутен параглајдерски лет чини 300 денари, а целодневно полетување чини 1000 денари. Од јуни нема бесплатно користење и на природните убавини и за комерцијални цели. Дневно снимање за фотографии ќе се наплаќа по 10.000…

повеќе...

Дожд врнит, трева растит, овци ја пасет…

Како што би рекле Србите: „Киша пада – трава расте“, ние (во Охрид) можеме слободно да кажеме: „Дожд врнит, трева растит, овци ја пасет“. Иако Охрид е туристички град, освен низ Националниот Парк Галичица, многу често може да се видат стада овци кои доаѓаат од „населбите“ и пасат покрај езеро, на спортските терени, покрај крајбрежјето и.т.н. WebOhrid

повеќе...

Информативната табла ги спаси загубените туристи на Галичица

Доколку двајцата туристи се загубеа на планината Галичица по синоќешното невреме тешко дека ќе можевме навреме да ги спасиме, велат од Националниот парк „Галичица“, од каде со брза интервенција пред невремето и пред да заврне снег успеаја живи и здрави да ги пронајдат 23-годишниот Словенец и една година помладата Полјакиња. Двајцата во текот на вчерашниот ден залутале низ планината, но успеале од една показна табла да прочитаат каде се, по што, околу 21:00 часот ја алармирале полицијата.   Ренџерите од НП „Галичица“ по дојавата успеале за половина час да стигнат…

повеќе...

Рано појавување на пожари на територијата на паркот Галичица

„Раното појавување на пожарите на територијата на паркот“, проблем со кој се соочуваат вработени во Националниот парк Галичица многу рано оваа година, беше темата на денешната прес-конференција, која се одржа во просториите на Јавната установа Национален парк „Галичица“. „Се собравме да упатиме апел, колку што можеме повеќе да влијаеме на народот, затоа што во четири дена имавме два пожари. Првиот пожар беше со површина од 2 хектари – приземна вегетација, а според првите индиции што ги имаме од терен собрано и разгледување на опожареното, се гледа дека е намерно палење, според…

повеќе...

Преку 30 вљубеници во природата и планинарењето уживаа во убавините на планината Галичица

Преку 30 вљубеници во природата и планинарењето беа дел од рекреативната планинарска тура, која во организација на Црвен крст Охрид, а во рамките на одбележувањето на Неделата на срцево-садови заболувања, се реализира вчера на планината Галичица. Предводени од членови на Единицата за спасување на планина и непристапни терени на Црвен крст Охрид, најмладите учесници на оваа планинарска тура се искачија на местото Лако Сигној 1980 мнв, а повозрасните беа дел од искачувањето на врвот Магаро 2250 мнв. Сите учесници, а особено младите уживаа во убавините на планината Галичица, но и…

повеќе...

Во сабота еднодневна планинарска тура до Спасителната станица на Црвен крст

Во рамките на одбележување на Неделата на срцево-садови заболувања, Црвен крст Охрид на 22 февруари,(сабота) организира еднодневна планинарска тура до Спасителната станица на Црвен крст сместена на месноста Липова ливада на планината Галичица 1600 мнв. со можност за искачување на некој од околните врвови над 2000 мнв. (Магаро или Лако Сигној). На оваа физичка активност можат да учествуваат сите оние кои се чувствуваат психофизички способни и поседуваат стандардна планинарска опрема за искачувања на планина: планинарски чевли, планинарски ранец, (резервна топла облека, јакна за заштита од дожд и ветар, храна и…

повеќе...

Изработена физибилити студија за изградба на скијачки центар на Галичица

На просторот над Градиште би требало да поаѓа главната гондола на скијачкиот центар кој треба да се изгради на планината Галичица. Според планираното предвидени се 15 километарски скијачки патеки. Со оглед на уникатноста и условите кои што ќе ги нуди  овој скијачки центар со поглед на две езера тој ќе биде атрактивен  за гостите и туристите од земјава и странство но и за сите кои ќе одлучат да се занимаваат со зимски спорт или да се рекреираат. Физибилити студијата за скијачкиот центар на Галичица  е изработена, истакна денес градоначалникот на…

повеќе...

2013 година – повеќе од успешна за ЈУ Национален парк Галичица

Јавната Установа Национален парк Галичица после сумирањето на работата во изминатата 2013 година со задоволство може да констатира дека истата повеќе од успешно е завршена.  Сите предвидени активности со планот за работа се успешно завршени и уште еднаш паркот докажа дека се движи во правец  да биде вистински европски парк.  Заштитата е подигната на повисоко ниво што резултира со  тоа да бесправните дејствија во границите на паркот се намалени за 50% во однос на 2012 година. Со поставување на европските нормативи за заштита од пожари паркот немаше ни една интервенција…

повеќе...

Спроведена голема акција за чистење на Националниот парк Галичица

Во голема еколошка акција во која беа вклучени претставници од Општина Охрид, НП Галичица, извидници од извидничкиот одред „Пионер“, членови на велосипедскиот клуб „Екодром“, волонтери во Црвен крст и вработени во ЈП „Охридски Комуналец“, изминатиов викенд беа исчистени околината на Велестово и повеќе излетнички места во Националниот парк Галичица. Акцијата за чистење насловена како „Македонија без отпад“ беше организирана од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање, асоцијацијата „Ајде Македонијо“ и компанијата ПАКОМАК. Учесниците во акцијата собраа поголема количина цврст отпад кој беше подигнат од службите на ЈП…

повеќе...