Шведски средношколци во посета на охридската гимназија

Шведски средношколци ја посетија охридската гимназија „Св.Климент Охридски” како дел од веќе традиционалната соработка помеѓу училиштата. „Вљубеник во Македонија од каде е по потекло, проф.Љупчо Ларс Ралевски, ентузијаст е да ги запознае своите ученици и колеги од „Naverlönnskolan“, Шведска со нашите убавини, но и нашиот образовен систем. Вчера домаќините од гимназијата ги прошетаа гостите низ кабинетите, во спортската сала се одигра пријателски одбојкарски натпревар, а покрај тоа швеѓаните имаа прилика да ги проследат и подготовките за предстојната матурска парада. Посетата прерасна во спонтана дружба која продолжи и надвор од училишниот двор.…

повеќе...

Oдбележана 400-годишнината од смртта на Шекспир

Во рамки на глобалниот проект „Shakespeare Lives” ширум светот со кој се одбележува 400-годишнината од смртта на Шекспир и Денот на книгата, на истиот му се приклучува и Охридската гимназија „Св.Климент Охридски” како дел од ASP UNESCO училишната мрежа со цел на промоција на цивилизациските вредности и наследството на Шекспир за целото човештво. Неговите дела извршиле силно влијание и биле вистинска инспирација за плејада писатели, композитори, режисери, балетски кореографи, сликари и останатите уметнички дејци подоцна. Длабоката психолошка анализа на ликовите на Шекспир значително влијаеле и на големиот Сигмунд Фројд и на…

повеќе...

Успех на охридските гимназијалци на Општинскиот и Регионалниот натпревар по англиски јазик

На 16ти април на одржаниот општински и регионален натпревар по англиски јазик учениците од ОСУ„Св.Климент Охридски“ – Охрид ги освоија првите три места и тоа: Христијан Петровски – второ место на општински и прво на регионален, Владо Војдановски – прво место на општински и второ место на регионален, под менторство на Ленче Ристевска, и Анастасија Андрееска – трето место под менторство на проф. Ана Топенчарова Коваческа. Со ова тројцата уценици се пласираа на Државниот натпревар кој ќе се одржи во Скопје на 7ми мај годинава.

повеќе...

Голем успех на охридските гимназијалци на Регионалниот натпревар по хемија

На регионалниот натпревар по хемија кој се одржа на 9ти април во приватното средно и основно училиште „Јахја Кемал“-Струга, учениците од Охридската гимназија „Св.Климент Охридски“ ги освоија првите места. I-категорија (ментор Билјна Стевоска) Филип Николовски II-категорија (ментор Вера Гушевска Војнеска) Марија Лазареска Александар Ламбевски Андријана Настеска III-категорија(ментор Билјана Стевоска) Ана Бојаџиева Поликсена Тунтева Сите ученици се пласираа на државниот натпревар по хемија кој ќе се одржи на 14ти мај на Природно Математичкиот Факултет, Скопје.

повеќе...

ОСУ„Св.Климент Охридски“ – член на УНЕСКО-вата мрежа „Здружени училишта“

Општинското средно училиште „Св.Климент Охридски“ – Охрид во соработка со Националната комисија за УНЕСКО на Република Македонија е примено во членство во мрежата на УНЕСКО „Здружени училишта“ (UNESCO Asoociated Schools Project Network) за што доби сертификат за членство од страна на Генералниот директор на УНЕСКО, Ирина Бокова. Со пристапување кон оваа програма училиштето се обврза да ги промовира идеите на УНЕСКО и да ги зацврстува човековите, културните и интернационалните димензии на образованието преку иновативна настава и учење.

повеќе...

Гимназијалците во посета на ОСУ „Ибрахим Темо“- Струга

Вчера во рамките на Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието на Министерството за образование и УСАИД, учениците од ОСУ „Св. Климент Охридски“ од Охрид, ја возвратија посетата на учениците од ОСУ „Ибрахим Темо“ од Струга. При посетата беше одржан отворен час на тема „Ние и космосот“, кој го подготвија учениците од Охрид. На отворениот час, преку презентација изработена од страна на учениците, беа прикажани научни факти и теории, кои ги поврзуваат математиката, физиката и географијата во една  од најстарите науки – астрономија. Дел од теориите кои што беа прикажани, беа и теориите за смртта на планетатаЗемја. Иако…

повеќе...

Признанание за охридската Гимназија за придонес во развојот и унапредувањето на крводарителството

Во просториите на општинскиот Црвен крст со пригодна свеченост се одбележа 17-ти март, Денот на крводарителството во Македонија. На свеченоста беше доделена Плакета на ОСУ„Св.Климент Охридски“ – Охрид за придонес во развојот и унапредувањето на крводарителство.

повеќе...

Средното музичко училиште „Лука Соркочевиќ“ од Дубровник во посета на охридската Гимназија

На 11 и 12 март хорот на Средното музичко училиште „Лука Соркочевиќ“ од Дубровник под менторстово на проф. Маја Марушиќ престојуваше во посета на Охрид и охридската гимназија Св.„Климент Охриски“. Во состав на посетата се одржа концерт во Големата сала на општина Охрид. Во рамките на оваа соработка хорот при Охридската гимназија под менторство на проф. Александар Димоски беше поканет да направи возвратна посета во иднина.

повеќе...

Матурантите од Гимназија на завршна екскурзија во Италија

Матурското патување на учениците од завршната-четврта година од Општинското средно училиште „Св.Климент Охридски“, годинава ќе се реализира во Италија од 8 до 13 мај. Патувањето ќе биде под организациско водство на туристичката агенција „Вис-пој“ од Охрид по цена од 15.900 денари. Ова е предлог одлуката на Комисијата за спроведување на постапката за матурското патување при ОСУ „Св.Климент Охридски“ што е донесена на денешниот завршен состанок. Комисијата, на седницата одржана на 9-ти март годинава, ги разгледа пристигнатите три понуди по претходно распишаниот јавен оглас. Притоа отфрли една понуда од туристичка агенција…

повеќе...

Светскиот ден на бубрезите одбележан во Охридската гимназија

Денес по повод Светскиот ден на бубрежните болести, во просториите на ОСУ Св. Климент Охридски од страна на др. Горан Балевски се одржа предавање на тема: „Децата и бубрежните болести – Дејствувај навреме за да ги спречиш!“. На предавањето присуствуваа голем број ученици, професори и претставници од локалните медиуми. Преку многу интересно предавање од страна на др. Горан Балев учениците беа запознаени за значењето на бубрежните болести, на нивно спречување, рано откривање, превенција и соодветен третман. Учениците беа запознаени со изгледот, функцијата, градбата и значењето на бубрезите. Особено беше потенцирано можното…

повеќе...