Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Дебрца, Игор Трајкоски, денес во Оровник одржа прес-конференција на тема образование. На истата тој ги најави проектите во неговата четиригодишна програма, но и проектите кои ќе бидат спроведени. „Денес со мојот тим и советничката листа на ВМРО ДПМНЕ со кренати глави стоиме пред вас и бараме уште еднаш да ја покажете вашата доверба кон нас. А таа доверба не ја бараме само напразно туку ја бараме врз основа на се она што го имаме направено за Општина Дебрца, а верувајте ќе направиме уште…
повеќе...Tag: градоначалник
Стојаноски: Ќе создадеме отворена и услужна општина за сите
Кандидатот за градоначалник на Охрид од редовите на СДСМ, Јован Стојаноски, денеска ги претстави проектите од изборната програма за развој на општината. Тој во изјава за медиумите рече дека треба да се создаде општина во која сите граѓани ќе бидат еднакви. „Охрид е космополитски град и во тој дух, а и во духот на социјалдемократијата, нашата цел е да работиме на создавање на можности за сите граѓани. Повеќе од дваесет години работам во образованието, и верувајте разбирам што значи грижата за идните поколенија, што значи влогот во подобро образование, подобра иднина за сите.…
повеќе...Кандидатите за градоначалник на Дебрца потпишаа Кодекс за фер и демократски избори
Денес во Општинската изборна комисија во с.Белчишта, кандидатите за градоначалник на Дебрца, Игор Трајкоски, Зоран Ногачески и Јадранка Бибан потпишаа Кодекс за фeр и демократски избори. Кодексот се однесува на почитување на Изборниот законик, како и овозможување изборниот процес во Дебрца да помине во фер и демократска атмосфера.
повеќе...Потпишан Кодекс за фер избори помеѓу кандидатите за градоначалник на Охрид
Денес беше остварена средба помеѓу кандидатите за градоначалник на претстојните локални избори, на која беа договорени фер, демократски и легитимни избори. Тројцата кандидати за градоначалници, Јован Стојаноски, Стево Стевоски и Митко Тилевски воедно потпишаа и Кодекс за фер избори, со кој се обврзаа да го почитуваат Изборниот законик и да овозможат изборниот процес во Охрид да помине во максимално демократска атмосфера. „Социјалдемократскиот Сојуз веќе покажа на парламентарните избори дека цврсто стои зад демократските процеси, и во таа насока, и во согласност нашите социјалдемократски вредности се заложуваме овие локални избори да…
повеќе...Презентиран отчетот на градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески
Градоначалникот Никола Бакрачески денес во големата сала на Општина Охрид, го презентира Отчетот за сработеното во неговиот мандат. „Гордо исправени пред Вас, да го презентираме отчетот за нашето четиригодишно работење како потврда на нашиот завет пред вас, тогаш кога ја баравме вашата доверба – а тоа е определбата за одговорно, отчетно и транспарентно работење во служба на Охрид и охриѓани. Тоа е рефлексија на нашиот и ваш труд која видно ја разубави сликата на градот и значајно ги подобри условите за живот на нашите граѓани. Покрај другите начини за презентирање…
повеќе...Средба на градоначалникот Бакрачески со претседателот на бугарското собрание Димитар Главчев
Градоначалникот Никола Бакрачески, денеска имаше средба со претседателот на Народното собрание на Република Бугарија Димитар Главчев и амбасадорот во Република Македонија Иван Петков. На средбата заеднички беше оценето дека двете држави имаат одлични меѓусебни односи кои и натаму ќе се надградуваат. Двајцата соговорници се согласија дека Охрид како најразвиен туристички центар во Република Македонија има посебно место во пријателските односи на двете држави и дека постојано расте бројот на бугарските туристи кои доаѓаат во Охрид. Покрај во областа на туризмот и културата, Бакрачески и Главчев се согласија дека има доволно…
повеќе...Трајкоски: СДСМ e против спроведување на референдум за изградба на регионална депонија во Дебрца
Градоначалникот на Општина Дебрца, Игор Трајкоски, денес во изјава за медиумите истакна: „Согласно ингеренците кои ми ги дава градоначалничката функција за справување со новонастанатиот проблем, би сакал да Ве известам и за следново: Имено, изминатиов период сум изложен на константни навреди, клевети и лаги во однос на донесување на одлука за изградба на депонија. Ваквот начин на клеветa беше исцениран преку најразлични содржини на партиски соопштенија, што пак доведоја до потпалување на масата. Ваквиот начин кулминира со упатување на смртни закани по мојот живот и тоа пред очите на пошироката…
повеќе...Отворено ново детско игралиште
Најмладите во Охрид, денес, добија уште една забавно – рекреативна зона каде што ќе можат да го користат своето слободно време. На детското игралиште лоцирано покрај патеката што се протега од „Студенчишта“ до хотел „Парк“, поставени се повеќе детски реквизити што нудат разновидна забава. „Им овозможивме на младите да се забавуваат и рекреираат тука, меѓутоа и на оние кои се занимаваат со рекреативен спорт или фитнес да можат да ги користат овие реквизити на оваа мошне атрактивна локација во Македонија, со прекрасен поглед кон стариот град и кон езерото“, рече…
повеќе...Честитка од градоначалникот Бакрачески по повод Денот на Египќаните
По повод Денот на Балканските Египќани , градоначалникот Никола Бакрачески упати честитка со искрени желби за соживот и мирољубива коегзистенција во сегашноста и иднината на локалната заедница. „Почитувањето на различностите и надминувањето на етничките и културолошките препреки се основен предуслов за здраво мултиетничко општество. Соживотот низ вековите покажал и покажува дека само со меѓусебно разбирање се градат темелите на доверба и меѓусебно почитување како универзални вредности. Уверен сум дека овие пораки до Еѓипќаните ќе бидат прифатени во духот на мултикултурализмот и меѓуетничката интеграција“. – стои во честитката на градоначалникот Бакрачески…
повеќе...На охридскиот аеродром: ТАВ го пречека првиот чартер-лет од Полска
Првиот чартер-лет со 220 полски туристи од Катовице пристигна утрово на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид одбележувајќи го почетокот на соработката меѓу ТАВ Македонија и еден од најголемите полски тур-оператори, Рего-Бис Со меѓународниот воздухопловен гест – воден мост во форма на виножито, со традиционалната македонска закуска – погача и сол, како и со церемонија на сечење торта, ТАВ Македонија утрово го пречека првиот чартер-лет од Полска на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, одбележувајќи го почетокот на соработката меѓу ТАВ Аеродроми и еден од најголемите полски тур-оператори Рего-Бис. Првиот…
повеќе...