Продолжуваат потресите во Охрид – граѓаните вознемирени

По силниот земјотрес денес во 13:18 часот во Охрид, следуваа серија послаби потреси. Охриѓани видно вознемирени ги напуштаат своите домови и се собираат на безбедни места подалеку од станбените објекти. Потресите не стивнуваат. Попладнево повторно се регистрирани нови земјотреси, од кои еден беше посилен, во 18:14 часот со интензитет од 3.6 степени според Рихтер.  WebOhrid

повеќе...

Започнува новиот циклус на средби со урбаните и месните заедници

Градоначалникот Никола Бакрачески, заедно со претставници од стручните служби на општина Охрид како и претставници од Јавните прептријатија кои се под општина Охрид, од понеделник (07.11.2016) година, го стартуваат новиот циклус на средби и посети на урбаните и месните заедници. Со почеток во 17 часот во голема сала на општина Охрид, ќе се оствари средба со жителите од урбаните заедници „Билјанини извори“, „Даме Груев“ и „Лескајца“. Во вторник (08.11.2016) со почеток во 17 часот, исто така во голема сала ќе се оствари средба со жителите од УЗ „Кошишта“, „Железничка“ и…

повеќе...

Остварена средба со жителите од УЗ „15ти Корупус“ и „Гоце Делчев“

Во просториите на општина Охрид, вчера попладне, се одржа средба помеѓу одговорните од Локалната самоуправа, директорите на Јавните претпријатија и жителите од урбаните заедници „15ти Корпус“ и „Гоце Делчев“. На средбата се разговараше за актуелните потреби кои ги имаат жителите од овие две урбани заедници, како и за идеи за понатамошно планско развивање на просторот од овие урбани заедници. На средбата покрај Секретарот на општина Охрид, беа присутни и раководителите од Локалната самоуправа и директорите на Јавните претпријатија.

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески оствари средба со жителите од УЗ „7ми Ноември“ и „Даме Груев“

Комуникација со граѓаните преку средби во рамки на урбаните заедници во кои живеат, е практика на градоначалникот Бакрачески која ја применува од доаѓањето на функцијата. Во таа насока, денес, оствари средба со жителите од УЗ „7ми Ноември“ и „Даме Груев“. На средбата покрај градоначалникот беа присутни раководителите во Локалната самоуправа и директорите од Јавните претпријатија. Жителите од овие две урбани заедници средбата ја искористија за запознавање на градоначалникот со нивните потреби, како и евентуални решенија и предлози за понатамошно уредување на урбаните заедници. Од страна на градоначалникот беа презентирани идните…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески утре на средба со жителите од УЗ „15ти Корпус“ и „Гоце Делчев“

Градоначалникот Бакрачески утре, (13.04.2016) со почеток во 15 часот ќе оствари средба со граѓаните од урбаните заедници „15ти Корпус“ и „Гоце Делчев“. Покрај градоначалникот на средбата ќе присуствуваат секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески, раководителите како и директорите на Јавните претпријатија кои директно ќе се запознаат со потребите на жителите од овие урбани заедници.

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески на средби со жителите од УЗ „7ми Ноември“ и „Даме Груев“

Градоначалникот на Општина Охрид, Никола Бакрачески продолжува со веќе добро воспоставената практика за остварување на средби со граѓаните од месните и урбаните заедници. Утре, (12.04.2016) со почеток во 15:00 часот ќе оствари средба со граѓаните од урбаните заедници „7ми Ноември“ и „Даме Груев“. Покрај градоначалникот на средбата ќе присуствуваат секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески, раководителите како и директорите на Јавните претпријатија кои директно ќе се запознаат со потребите на жителите од овие урбани заедници.

повеќе...

Пендаровски: Мора да се обезбедат сите предуслoви за фер и демократски избори

Носителот за столбот Партнерства за демократска Македонија, Стево Пендаровски заедно со членот на Извршниот одбор на СДСМ, Ѓоко Танасоски и претседателот на Комисијата за здравство, Гоце Чакаровски, денеска беа помеѓу граѓаните на Кичево и кичевско. Ние не живееме, ние преживуваме, има голема разлика, ама на медиумите по нивна контрола тече мед и млеко. На власта не и е важно како живееме ние, важно им е што ќе кажат на телевизија, револтирано рече еден од граѓаните во Поположани. „Ете затоа Никола Груевски не сака реформи во медиумскиот простор. Се плаши од…

повеќе...

Спасовски: МВР ги преземa сите мерки зa безбеднoст нa грaѓaните

Министерот за внатрешни работи денеска гo пoсети пoлицискoтo oдделение вo Мaтејче, а се сретна и со припадниците на МВР кои ги извршуваат своите задачи во овој регион. „Имaме згoлеменo присуствo нa теренoт бидејќи вo oвoј периoд имaме сериoзни предизвици, и вo Мaкедoнијa и вo региoнoт имaме бегaлскa кризa. Вo рaмките нa сите oвие aктивнoсти, полицијата има згoлеменo присуствo oвде вo кумaновскиoт-липковскиот и вo скoпскиoт региoн, се сo цел дa се oбезбеди пoгoлемa сигурнoст нa грaѓaните нa Република Македонија. Имaме сoрaбoткa и сo грaѓaните oд oвoј региoн и требa сите дa…

повеќе...

Заев: Заедно во одбрана на Уставот, СДСМ се приклучува на граѓанскиот протест

Обраќање на Претседателот на СДСМ, Зоран Заев „Почитувани граѓани, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија се приклучува на масовниот протест пред Уставниот суд, најавен од страна на граѓанските организации. Срамните одлуки на партиските инсталации во Уставниот суд се обид да се амнестира изборен криминал и изборна измама. Хаосот во избирачкиот список го потврди она што го покажа и Вистината за Македонија. Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не само што ги краделе парите на граѓаните туку го краделе и нивното основно право на слободен глас, на слободен избор. Намерата да се амнестира овој огромен…

повеќе...

Јавните добра мета на несовесни граѓани

Изминатиов викенд јавните добра кои се во функција на граѓаните и туристите беа мета на вандалско однесување од несовесни поединци во Охрид. Овојпат,заштитната ограда на новата кружна крстосница на пресекот на булевар „Туристичка“ со ул.„Македонски просветители“ и еден сообраќаен знак на потегот на пресекот на булеварот „Туристичка“ и ул.„Стив Наумов“ се скоро целосно уништени од страна на несовесни поединци. Секторот за комунални дејности,сообраќај и улици при општина Охрид упатува апел до сите граѓани да ги чуваат јавните добра бидејќи тие се во функција да го олеснат општественото живеење. Овие помагала…

повеќе...