ФФРМ: Цената за „вранец“ 17 денари/кг и 16 денари/кг за „смедеревка“

Федерацијата на фармерите на Република Македонија преку својот секторски систем за лобирање во месец јули ја разгледуваше состобата со производството на грозје. Оваа година лозарството се соочува со голем проблем направен од пролетниот мраз на 22 април 2017 година кој уништи скоро 70% од овогодинешниот род. Имено според официјалните статистички податоци во Република Македонија 48000 индивидуални земјоделски стопанства егзистираат од проиводство на грозје и од вкупната обработлива површина во Републикка Македонија 5% се лозови насади, односно вкупно 23613 хектари се лозови насади, каде што најголем процент се наоѓаат во кавадаречкиот…

повеќе...

Заев: Владата да направи интервентен откуп на грозјето!

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во изјава за медиумите истакна: „Како шеф на опозицијата со најдобри намери сум овде присутен да ви испорачам помош и препорака до Владата заедно да решиме некои работи во интерес на нашите граѓани. Состојбите во Македонија со откупот на грозјето се катастрофални. Тиквешијата е во немилост и навистина на нашиот народ му треба помош. Верувам дека е така и во помалите региони кадешто во моментов се бере грозјето, се пласира на откупните пунктови и слично. Тиквешкиот регион годишно произведува некои 130 милиони килограми црно и…

повеќе...

Ставрески: Од 2008 за субвенции за лозарството исплатени 4,6 милијарди денари

Од 2008 година наваму за субвенции за поддршка на лозарството исплативме вкупно 4,6 милијарди денари или 75 милиони евра. За минатата година на околу 5.000 кавадарчани им се исплатени 200 милиони денари, така ќе продолжиме и во иднина, изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, кој се обрати пред присутните на градскиот плоштад во Кавадарци по повод верскиот празник Свети Трифун кој се смета за заштитник на лозарите. Тој истакна дека традицијата за производство на грозје и вино во Тиквешијата и во Македонија е вековна и оти уште од…

повеќе...

Машинско ставање на грозје? Зошто да не!

Време е за вино. Љубителите на домашно вино знаат дека никаде нема поубаво вино од она што сам ќе го направиш, по свој вкус, од сорта грозје кое сам ќе го избереш. Но, ставањето вино, поточно гречењето на грозјето, знае да биде и тоа како мачно. Затоа, нашиот сограѓанин Насте, се решил за еден ваков вид на бизнис: МАШИНСКО СТАВАЊЕ НА ГРОЗЈЕ од приколка во бочва Цената е 1 денар за килограм грозје, а со оглед на тоа што овој оглас е од типот „скини ливче – земи бројче“, очигледно…

повеќе...

Договорени откупните цени за винското грозје

Откупувачите на грозје и лозарите постигнаа договор за минималната откупна цена на килограм винско грозје на денешниот состанок во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство што се одржа под медијаторство на министерот Михаил Цветков. Како што информираат од МЗШВ, договорено е минималната цена за откуп на сортата грозје Вранец со 19 шеќерни единици да биде 13 денари за килограм. Покрај тоа, договорена е и цена од 0,68 денари по шеќерна единица, која ќе се користи при пресметка на откупна цена за сортата Вранец во случај кога производителите на грозје ќе…

повеќе...

Исплатени 39 милиони денари на 1.100 лозари од Тиквешијата

Владата и Министерството за финансии помогнаа да се обезбедат финансиски средства во висина од 90 милиони денари во форма на кредит за винарската визба „Повардарие“ за исплата на 2.359 лозари од Тиквешијата за откуп на грозјето за бербата од 2013 година. Деновиве исплатени се 39 милиони денари на вкупно 1.100 лозари кои имаат договор со оваа винарска визба, а во текот на наредните работни денови ќе се исплаќаат и останатите лозари преку Стопанска банка АД Битола. На овој начин Владата помогна во трајно решавање на проблемот со исплатата на долговите…

повеќе...

Ставрески: Целосно исплатени субвенциите за лозарите

Субвенциите за лозарството се во целост исплатени, а според планот тече исплатата на субвенциите и за останатите гранки во земјоделство, изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денеска одговарајќи на новинарски прашања по закројувањето на виновата лоза во Неготино по повод празникот свети Трифун. „Во изминатиот период се исплаќаа субвенциите за лозарите. Исплатени се 386 милиони денари на 12.615 лозари. Започнаа да се исплаќаат и оние за тутун и преку 27 илјади производители на тутун веќе ги добија своите пари за субвенционирање на производството. Оние кои допрва ќе го…

повеќе...

Први октомври краен рок за предавање на родот од лозовите насади

Од Винарија Охрид соопштуваат дека заинтересираните правни и физички лица од Охридско – Струшкиот регион кои располагаат со лозови насади и истите се заинтересирани родот да го предадат во Винаријата Охрид тоа треба да го направат најкасно до 01.10. 2013 година. Прием на грозје се врши секој ден од 08 до 21 часот (работни се саботите и неделите). После овој рок грозје нема да се прима, информираат од Винарија Охрид.

повеќе...

Подготвителни активности за претстојната откупна сезона на винското грозје

Во рамки на подготвителните активности за претстојната откупна сезона на винското грозје, министерот и заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, одржаа работна средба со претставницитe на винскиот сектор од Република Македонија. На средбата беа опфатени повеќе теми поврзани со досегашниот откуп на вискоквалитетните сорти на винско грозје, претстојниот откуп на винското грозје и организираноста на сите инволвирани страни во процесот на откупот, при што претставниците на винскиот сектор беа информирани за очекувањата и барањата на лозаропроизводителите, кои беа презентирани на последната средба со лозаропроизводителите, со посебен акцент на барањето…

повеќе...

Можноста за повторен упис на винарниците во Винскиот регистар е од корист и за лозарите и за винарниците

Портпаролот на Владата на Република Македонија, Александар Ѓорѓиев, на прес-конференција истакна дека Владата на Република Македонија на минатата седница го усвои Предлог законот за измени и дополнување на Законот за вино, чија суштина се состои од предвидување на можноста за повторен упис во Регистарот на вино за оние малку винарници кои биле избришани од него заради неисполнување на роковите за подмирување на обврските кон лозарите, а кои во меѓувреме ги исполниле истите тие обврски. Регистарот на производители на вино беше воспоставен со цел да бидат регулирани и ставени во правна рамка…

повеќе...