Доделен Сертификатот за функционалност на информациски системи на Катастарот

На Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија денеска и беше врачен Сертификатот за функционалност на информациските системи, со што стана петтата институција во земјата која се здоби со ваков сертификат. Тоа претставува чекор напред во модернизацијата и надградбата на целокупниот систем на оваа агенција, која секојдневно нуди услуги во интерес на граѓаните. Министерот Ивановски сертификатот му го врачи на директорот на катастарот, Славче Трпески, притоа истакнувајќи дека сертификацијата се состои од голем број контроли, кои произлегуваат од светските стандарди, како што е серијата ISO 27000. „Условите за добивање…

повеќе...

Завршна конференција на Проектот на ЕУ за техничка помош на МИОА

На денешната Завршна конференција на проектот на ЕУ за Техничка помош на Министерството за информатичко општество и администрација и зајакнување на имплементацијата на Националниот систем координација на обуки, беа сублимирани резултатите и очекувањата од неговото спроведување и согледани позитивните страни од преземените активности. Во своето обраќање министерот Ивановски се осврна на реформите во јавната администрација, како приоритетна област на Владата на Република Македонија за напредокот во процесот на пристапување во ЕУ. „Главната наша цел беше да создадеме услови за развој на професионална, компетентна, ефикасна, одговорна и етичка државна служба која…

повеќе...

Тркалезна маса за одлив на работна сила од ИКТ секторот

ИКТ комората при Сојузот на стопански комори на Македонија, ја организираше тркалезната маса на тема „Одлив на работна сила од ИКТ секторот“, во рамките на која свое обраќање имаше министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски. Владиниот, приватниот и академскиот сектор бараат начини како да се намали и спречи заминувањето на ИКТ кадрите од Македонија во странство и за зголемување на бројoт на информатички кадри за потребите на приватниот сектор во земјата. Министерот Ивановски истакна дека во Агенцијата за вработување се регистрирани 1.330 невработени информатичари, кои би можеле да…

повеќе...

Прв национален форум за Отворено владино партнерство

Во организација на Центарот за истражување и креирање на политики денеска се одржува Првиот национален форум за Отворено владино партнерство, на кој обраќање имаше министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски. Тој се осврна на активностите преземени во домен на Отвореното владино партнерство, како суштествен сегмент за поврзување на владата и бизнис заедницата и соработка со граѓанските организации. „Уште со првиот Акциски план Владата на Република Македонија направи седум заложби со мерки кои придонесуваат за отвореност, транспарентност и отчетност, како основни вредности од Декларацијата за отворено владино парнерство. Овој…

повеќе...

Формирана Македонската медиумска асоцијација (ММА)

Петте национални телевизии Канал 5, Телма, Сител, Алсат М и Алфа, денеска ја формираа Македонската медиумска асоцијација (ММА), која е дел од Стопанската комора на Македонија. Претседателот на асоцијацијата, Иван Мирчевски, истакна дека преку нивните активности ќе се залагаат за промена на законите кои не се во полза на медиумите, а ќе се грижат за правата на сите вработени во медиумите кои ги застапуваат. Министерот Ивановски поздравувајќи ја идејата за формирањето на асоцијацијата истакна дека во изминатиот период воспоставена е плодна соработка со националните телевизиски куќи при донесувањето на медиумските…

повеќе...

Петта годишна министерска средба на Регионалнатa школa за jавна aдминистрација (ReSPA) во Скопје

Регионалнатa школa за jавна aдминистрација (ReSPA), денес во Скопје ја одржа Петтата годишна средба на министерско ниво на која учествуваа министри од шест земји од регионот задолжени за реформи на јавната администрација. Домаќин на состанокот беше министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски. Целта на денешниот собир во Скопје беше да се разгледаат и анализираат резултатите и напредокот на земјите од балканскиот регион во имплементацијата на реформите во јавната администрација, и да се предложат мерки како Регионалната школа за јавна администрација ќе се развива во натамошниот период заради реализација…

повеќе...

Ивановски : Македонија напредува на светската информатичка мапа

Република Македонија оваа година е рангирана на 57 место, што претставува напредок за 10 места од минатата 2013 година, кога беа рангирани само 144 земји. Ова се резултатите објавени во 13-то издание на Глобалниот извештај за информатичка технологија објавено од Светскиот Економски Форум, кои денес ги соопшти министерот Ивановски на конференцијата „Европски ден на претприемачот и СЕЕИТА и МАСИТ Отворени денови„. „Најдобро рангирани и на прво место сме за вкупни даноци, следува второто место за број на денови да се започне нов бизнис, па трето место за број на процедури…

повеќе...

Министерот Ивановски го врачи Сертификатот за информациски системи на ФЗОМ

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, денеска на директорката на Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија, Маја Парнарџиева Змејкова, и го врачи Сертификатот за функционалност на информацискиот систем, што претставува чекор напред во модернизацијата и надградбата на целокупниот систем на институцијата. „Фондот за здравствено осигурување е четвртата институција која се здобива со сертификатот, после Царинската Управа, Народната Банка на Република Македонија и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.“- рече министерот Ивановски. Тој напомена дека Сертификатот го користат органите на државната управа при комуникација и…

повеќе...

Користење на информатичко-комуникациски технологии во деловните субјекти

Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2014 година, широкопојасен пристап на интернет (преку фиксна или мобилна конекција) имале 93.1% од деловните субјекти со десет или повеќе вработени. Пристап на интернет преку мобилна конекција (широкопојасна или друг вид на мобилна конекција) имале 59.3% од деловните субјекти. 60.7% од деловните субјекти на своите вработени им обезбедиле преносливи уреди со кои се овозможува мобилна конекција на интернет за деловна употреба, но само 10% одвработените во деловните субјекти ги користеле овие уреди (пр., notebook, laptop, smartphone, PDA phone).  Социјалните медиуми (пр.,…

повеќе...

Директорот на Агенцијата за млади и спорт во посета на „Информатијада 2014“

Директорот на агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески денеска во официјална посета на еден од работните денови на петдневното информатичко дружење Информатијада 2014. Тој ги посети спортските активности кои се дел од Информатијадата и самиот се увери во спортскиот карактер кој е еден од симболите на овогодинешната манифестација. Фудбал, ракомет, кошарка, одбојка се само дел од спортовите кои оваа година се дел од спортската програма на Информатијада. „Ми беше навистина голема чест да присуствувам на овогодинешната Информатијада која оваа година за првпат се одржува во Република Македонија, а на…

повеќе...