Надминување на проблемот со губење документи на граѓаните од страна на институциите треба да овозможи задолжителната електронска комуникација помеѓу институциите при одлучување по предметите, новина предвидена со нацрт-законот за општа управна постапка. Новиот закон, што Министерството за информатичко општетсво и администрација го подготвува две години, треба да го модернизира системот на управна постапка, да ја подобри нивната транспарентност, да ја зголеми довербата на граѓаните во јавната администрација. Ќе се обезбедат што е можно поефикасни, поедноставни и побрзи управни постапки, сонамалени административни трошоци за државниот Буџет и за деловниот сектор, рече…
повеќе...Tag: информатика
Македонска делагација на унгарско- македонски бизнис форум во Будимпешта
Македонска делегација предводена од министерот за странски инвестиции, г-дин Бил Павлески, учествува на унгарско- македонски бизнис форум во Будимпешта, Република Унгарија кој е организиран во соработка со националната унгарска трговска куќа „Hungarian National Trading House“, со поддршка на македонската амбасада во Унгарија и промоторот на Република Македонија задолжен за Полска, Унгарија и Чешка. На форумот како дел од македонската делегацијата учествуваат и министерот без ресор, г-дин Фуркан Чако и заменик министерот за економија, г-дин Христијан Делев. Министерот Павлески во своето обраќање ги презентираше можностите за инвестирање, како и поволната бизнис…
повеќе...УИНТ – Македонски Универзитет предизвик за студенти од целиот свет
Најмладиот државен Универзитет „Св. Апостол Павле“, секоја нова учебна година се повеќе го предизвикува интересот на студенти од ширум светот. Во однос на минатата година бројот на апликации на странски студенти наУниверзитетот за информатички науки и технологиие зголемен за 46%, а во раст е и бројот на различните земји од коишто тие доаѓаат. Ова е тренд кој бележи нагорна линија од година во година на оваа интернационална високо образовна институција. Оваа година за прв пат на УИНТ аплицираа студенти коишто доаѓаат од земји како Белизе, Коста Рика, Ел Салвадор, Мексико,…
повеќе...Работен состанок како дел од циклусот на посети „ЕУ – ИПА Институционална координација“
Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски и заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за Европски прашања Фатмир Бесими заедно со секторите задолжени за прашања од доменот на ИПА и ЕУ, одржаа работен состанок како дел од циклусот на посети „ЕУ – ИПА Институционална координација“. На средбата посебен акцент се стави на разгледувањето на статусот на реализација на активностите од Националната Програма за Усвојување на Правото на Европската Унија (НПАА) и Акцискиот План за пристапување на Република Македонија во Европската унија во пресрет на есенскиот Извештај на…
повеќе...Надграден Систем за интероперабилност за поврзување на државните институции
Поврзувањето на државните институции по електронски пат за размена на документи и податоци во иднина ќе биде модернизирано и проширено со надградба на Системот за интероперабилност. Ова денес го најави министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, потенцирајќи дека процесот претставува основа за поедноставување на административните постапки и воведување на електронски административни услуги. „Огласот за јавна набавка за модернизација, проширување и адаптирање на Системот за интероперабилност е објавен на 25 јули оваа година и ќе биде отворен до 9 септември, до кога заинтересираните фирми ќе можат да поднесуваат свои…
повеќе...Љубезноста слабост во некои од подрачните единици на Централниот регистар
Подрачните институции на Централниот регистар во Гевгелија, Штип, Битола и Кавадарци ќе мора да поработат на љубезноста, а Подрачната единица во Пробиштип на почитувањето на едношалтерскиот систем, порача денеска министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски. По посетата на Централниот регистар и средбата со директорот Андреа Поповски, министерот Ивановски рече дека согласно анкетата на МИОА, во однос на едношалтерсkиот систем потфрлиле и подрачните единици во Битола и во Гевгелија. „Имајќи предвид дека во овие подрачни единици обемот на работа не е толку голем, зачудува фактот што љубезноста и едношалтерскиот…
повеќе...Граѓаните најзадоволни од работата на Централниот регистар
Граѓаните оваа година се најмногу задоволни од севкупната работа на Централниот регистар, кој е оценет со највисока оценка (5) од 51 отсто од испитаниците. Најниска средна оценка имаат центрите за социјални работи и Одделението за лични документи на МВР, од 3,6. Тоа се резултатите од Анкетата за задоволството на граѓаните од државните институции, која Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) ја спроведува втора година, според методологијата Барометар на квалитетот на институциите, а првпат годинава е воведен и таен клиент (најмени агенти) кои посетуваат институции и таен клиент преку телефонски…
повеќе...Отворени податоци од институциите за граѓаните и бизнис секторот
Граѓаните и бизнис секторот имаат можност за слободен и бесплатен пристап до податоци од јавен карактер без технички или законски ограничувања преку порталот www.otvorenipodatoci.gov.mk што го промовираше денеска министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски. Според Ивановски, станува збор за значаен проект на МИОА со цел да се обезбеди поголема транспарентност во функционирањето на институциите, ефикасност на администрацијата и реискористување на податоците за развој на економијата. „Искуството што го има Европската унија со отворањето на податоците покажува фантастични економски параметри кои со реискористувањето на податоците од државните институции достигнуваат…
повеќе...Брзи скенери за електронска размена и архива на документи во институциите
Министерството за информатичко општество и администрација ја претстави надградбата на проектот – Систем за електронско управување со документи, со набавка на нови брзи скенери за потребите на 14 институции. Станува збор за вкупно 23 скенери од типот Canon, со брзина на скенирање од 60 листа во минута. Министерот Ивановски истакна дека од 1 јануари 2014 година, во системот се креирани вкупно 17.315 документи, а низ архивскиот модул поминале 139.080 документи. „Целта на овој проект е водење на електронска архива во институциите, како и електронска размена на документите, преку предефинирани процеси…
повеќе...Околу 34.000 граѓани ќе бидат ослободени од плаќање на радиодифузна такса
Околу 34.000 корисници на социјална помош и 5.000 на постојана парична помош да бидат ослободени од плаќање радиодифузна такса, предвидуваат измените на Законот за аудиовизуелни и медиумски услуги, што Владата предлага да ги усвои Собранието по скратена постапка. Примената на законските измени, што се на дневен ред на собраниска седница наредната среда, денеска ја утврдуваа министрите за информатичко општество и администрација и за труд и социјална политика Иво Ивановски и Диме Спасов. „Веднаш по стапувањето во сила на законот Министерството за труд и социјална политика постојано редовно секој месец ќе…
повеќе...