Со новиот концепт за е-седница до поголема флексибилност и ефикасност

Преку нов мултиплатформски систем материјалите за владините седници ќе се обработуваат поефикасно и побрзо, со што ќе се зголеми транспаретноста и ќе се намалат трошоците, најавија денеска вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски и министерот за информатичко општество и амдинистрација Иво Ивановски. Најдоцна за шест месеци, до кога е планирано да се стави во употреба системот за е-седници, членовите на владините седници ќе можат да ги следат истите преку смарт телефони и други електронски уреди, односно ќе можат да ги гледаат истите материјали како да се на седница, од било…

повеќе...

Универзитетот „Св.Апостол Павле“ и компанијата „Ведел ИТ“ потпишаа меморандум за соработка

Универзитетот за Информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ од Охрид и компанијата „Ведел ИТ“ потпишаа меморандум за соработка. Оваа соработка се заснова на размена на искуства и знаења, поттикнување и продлабочување на образовна, практична, научна и техничка соработка во областа на информатичките науки и компјутерското инженерство. Примарната цел на овој меморандум  е да се официјализира  соработката помеѓу Универзитетот и „Ведел ИТ“ и да се овозможат услови за заедничка работа во стручни и научни проекти, имплементација на практикантска програма за студенти, презентација на практични искуства, како и унапредување на едукативните…

повеќе...

Универзитетот „Св.Апостол Павле“ ќе биде сместен во реконструираните објекти од касарната

За година или најдоцна за година и шест месеци, Државниот Универзитет „Св. Апостол Павле“ ќе биде преместен на  делот од просторот од охридската касарна што од Министерството за одбрана  беше предадено во сопственост на министерството за образование .  Првата фаза за реконструкција и санација на објектите од касарната во кои ќе биде сместен факултетот за информатички науки и технологии   започнуваат наредниве денови, најави министерот за Образование Спиро Ристовски, кој беше во еднодневна работна посета на Охрид и на терен согледуваше до каде се реализирани проектите кои во делот на…

повеќе...

Нов закон за модернизирање на управната постапка

Системот на управните постапки во Македонија ќе се модернизира. Целта е комуникацијата заснована на  информатичката технологија и едношалтерскиот систем да придонесе за поквалитетни услуги во државната и локалната управа. Министерството за информатичко општество и администрација  изготви драфт верзија на нов закон за општа управна постапка, како дел од задолженијата од високиот дијалог помеѓу Владата и Европската комисија. Содржи три клучни поглавја со новини за кои денеска се дебатира на конференција во Скопје, со учество на државни службеници од органите на државната и локалната управа, странски  и домашни експерти. Според ресорниот…

повеќе...

Студентите од УИНТ „Свети Апостол Павле“ од Охрид, ќе ги презентираат своите завршни проекти за најдобра андроид апликација

Студентите од Универзитетот „Свети Апостол Павле“ од Охрид, ќе ги презентираат своите завршни проекти за најдобра андроид апликација за паметни телефони и таблети за најголемиот ланец на продавници за бела техника и апарати за домаќинство. Овој натпревар го организира компанијата Техномаркет а за најдобриот тим ќе издвои Самсунг таблети. Тимовите на студентите своите проекти ќе ги презентираат пред тимот на Техномаркет, на 24ти јануари (петок), во 10:30 часот, во амфитеатарот на Универзитетот.

повеќе...

Постигната согласност со синдикатите за повеќе одредби од предлог-законите за администрација и за вработени во јавен сектор

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски и претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Живко Митревски, на заедничка прес-конференција ги презентираа заклучоците од последниот работен состанок со синдикатите од јавниот сектор, посветен на Предлог законот за вработени во јавниот сектор и Предлог законот за административни службеници. „Двата закона претставуваат своевиден чадор на материјалните закони што ги опфаќаат сите институции, а во себе ги содржат правилата како вработените да се насочат во својата секојдневна работа“. – рече министерот Ивановски. Како што напомена тој, со синдикатите разговарано е за повеќе…

повеќе...

Се повеќе документи се добиваат електронски наместо на шалтери

Со проектот „Интероперабилност“ илјада граѓани месечно наместо да одат на повеќе шалтери низ државните институции за документи, веќе можат да ги добијат електронски, информира денеска министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски. За ефектите од користењето на информатичко-комуникациските технологии во работењето на администрацијата и следните чекори на Владата за отворање на податоците на институциите и користењето на клауд платформата Ивановски говореше пред учесниците на регионалната конференција „Вистински импакт за подобро владеење“, што се одржува во Скопје, во организација на  Мајкрософт. Според Ивановски, секоја недела над 250 граѓани кои барале…

повеќе...

УИНТ „Св.Апостол Павле“ зема активно учество во одбележувањето на Светскиот ден за елиминација на насилството врз жените

Универзитеот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ зема активно учество во одблежување на Светскиот ден за елиминација на насилството врз жените.  Во рамките на одбележувањето на Светскиот ден за елиминација на насилството врз жените, Обединетите нации оваа година кампањата ја проширија на 15 дена, почнувајќи од 25 ноември до 10 декември. За таа цел Сороптимист клубот од Струга и Лајонс клубот „Деница“ од Охрид, организираат серија презентации и трибини на темата.  Една од презентациите за елиминација на насилството врз жените беше денес одржана и на УИНТ „Св. Апостол…

повеќе...

Презентирани новите решенија во законите за администрација

Министерството за информатичко општество и администрација, денес ги презентираше новите решенија по однос на предлог-законот за административни службеници и предлог-законот за вработени во јавниот сектор. Министерот Иво Ивановски, заблагодарувајќи се на домашните и странски експерти, институции и организации за учеството во подготовката на законите, истакна дека Законот за вработените во јавниот сектор за прв пат на систематски начин ги регулира сите вработени во таа област. Со него се опфатени административните службеници, службените лица со посебни овластувања кои засновале работен однос во институциите од областа на безбедноста, одбраната и разузнавањето, давателите…

повеќе...

Универзитетот за информатички науки и технологии го одбележа „Денот на дрвото“

Универзитетот за информатички науки и технологии „Апостол Павле“ ја поддржа и активно се вклучи во есенската акција за пошумување, иницијатива на проектот „Ден на дрвото- засади ја својата иднина“. Интернационалните и домашни студенти на УИНТ, како и наставно научниот и административен кадар на Универзитетот, по повод „Денот на дрвото“ засадија палми и зимзелени дрвца во Универзитетскиот двор како и во  Холандскиот парк поддржувајќи го локалниот совет на млади на Општина Охрид. „Денот на дрвото е посебен празник кој се разликува од останатите. Имено, останатите празници го слават минатотот, денот на…

повеќе...