Граѓанската асоцијација МОСТ го следи денешното гласање со повеќе од 3.000 набљудувачи. На гласачките места се распоредени 2.664 набљудувачи кои покриваат околу 55% од гласачките места во Република Македонија. Набљудувачите на МОСТ се статични, и ќе го следат процесот на гласање во текот на целиот ден. Покрај тоа, МОСТ има и мобилни тимови, составени од по 2 набљудувачи, кои ќе служат за логистичка поддршка на статичните набљудувачи и ќе ги повремено ќе ги набљудуваат местата на кои МОСТ нема распоредено статични набљудувачи. Дополнително, 80 набљудувачи ќе ја набљудуваат работата на…
повеќе...Tag: избори
Пријавете нерегуларности за време на изборниот процес
Во функција на спроведување фер и слободни избори во Република Македонија, Граѓанската асоцијација МОСТ креираше уште една алатка со која ќе им овозможи и олесни на граѓаните да пријават нерегуларности за време на изборниот процес. Платформата http://neregularnosti.most.org.mk/ е активна, а преку неа секој граѓанин ќе може самостојно да пријави притисоци, инциденти, проблеми со Избирачкиот список, говор на омраза и други останати прекршоци поврзани со изборниот процес. Преку оваа платформа, МОСТ истовремено ќе ги следи и евидентира и објавите по социјалните медиуми на кои ќе бидат регистрирани нерегуларности, и тоа преку: #избори2016…
повеќе...Костоски и Каневчев: Граѓаните се спремни за промени на власта во Македонија
Кандидатот за пратеник во ИЗ5 од Коалицијата ВМРО за Македонија, Ванчо Костоски денес одржа завршна прес-конференција, на која изрази што задоволство од текот на оваа кампања. Како што рече тој наидувале на голем одѕив и прием кај граѓаните во Охрид и Македонија. „Очигледно граѓаните на Македонија, но и охриѓани се спремни за промени на власта во Р.Македонија и се повеќе и повеќе ни ја даваат нивната поддршка. Ние не правиме мегаломански митинзи, ние работиме од човек на човек, поради демократијата, која што ја нема во Македонија и секако сме задоволни од одѕивот.…
повеќе...Милошоски: Досега зборуваа политичарите, во недела ќе го имаме гласот на народот
Би сакал тука, од Охрид, од градот каде што ја почнавме оваа изборна кампања, да дадам и една завршна изјава: Која е нашата порака до македонските граѓани? Имавме две години политичка криза, сега имаме уште два дена да ја решиме таа криза. Со достоинствени и мирни избори, со почитување на волјата на народот. Работевме и ќе работиме во интерес на сите граѓани и нашите цели се: стабилна Македонија, унитарна Македонија, со еден официјален јазик, со политичка стабилност и со желба и план за економски напредок. Ова е пораката што ја испрати…
повеќе...Лазаревска: Планот за Живот гарантира враќање на демократијата во Македонија
Слободата е толку блиску. Доаѓа денот кога конечно ќе се ослободиме од овој безмилосен режим кој веќе една деценија посветено работи на уништување на иднината на оваа држава. Ние во недела ќе ставиме крај на тоа. И не само што ќе ставиме крај, туку криминалната банда на ДПМНЕ ќе одговара за сите злодела, сите кражби, сите монтирани процеси, уништени животи на сопствените граѓани. Ова го истакна на денешната завршна прес-конференција Жаклина Лазаревска, кандидат за пратеник и советник на ОО СДСМ Охрид. „Драги сограѓани, ова ќе биде само почетокот на нашата…
повеќе...Василевски: Во програмата „Реално“ опфатен е и проектот за изградба на ски-центар на планината Галичица
Туризмот во Република Македонија станува се позначајна гранка и е еден од најбрзо растечките економски сектори во нашата држава кој од година во година генерира се повеќе работни места, поголем девизен прилив, а со тоа и економски раст и пораст на животниот стандарт на македонските граѓани. ВМРО ДПМНЕ продолжува да работи на подобрување и збогатување на туристичката понуда на Охрид, не само на летниот туку и на зимскиот туризам. Во програмата на ВМРО ДПМНЕ наречена РЕАЛНО за 2016-2020 година опфатен е и проектот за изградба на ски-центар на планината Галичица. Ова…
повеќе...Стефоска: Во нашиот План за Живот има место за сите, најважно e да ги задржиме младите во Македонија
Најголемиот проблем во Македонија е иселувањето на младите. Македонија вложува во кадри од чие знаење потоа ќар имаат други држави. Во Охрид, македонскиот бисер и најголема гордост оваа катастрофа е највидлива – Охрид е рекордер по иселувањето. Ова го истакна на денешната прес-конференција проф. д-р Ирена Стефоска, кандидат за пратеник во ИЕ 5 од СДСМ и коалицијата и долгогодишен граѓански активист Охрид. „Зарем некој на кого му е добро би ја напуштил оваа убавина, на која сите и завидуваат? Најдобар показател за успешноста на политичарите е тоа дали младите имаат шанса…
повеќе...Тунтев: Нашата цел е да создадеме услови за младите да останат да живеат и работат во Македонија
Во просториите на ОО на СДСМ Охрид, денес се одржа прес-конференција, на која говореше д-р Томислав Тунтев, пратеник и претседател на ОО СДСМ Охрид. „Во своите изборни програми, и во 2013, и во 2014 година, ВМРО-ДПМНЕ ветуваше преродба и забрзан развој на Охрид, но не реализира ниту еден од ветените приоритетни проекти. Нема нова современа автобуска станица, нема затворен базен за пливање, нема модерно градско пристаниште, нема покриен современ зелен пазар, нема дом за стари лица, нема индустриска развојна зона, нема ниту една катна гаража, ниту еден нов водоводен систем,…
повеќе...Станковски: Коалицијата ВМРО за Македонија на овие избори ќе претставува главен адут на македонскиот народ за конечна демократизација
Во просториите на ВМРО – Народна партија во Охрид, коалицијата „ВМРО за Македонија“ денес ја одржа првата прес конференција, на која беше презентирана политичката платформа на коалицијата ВМРО за Македонија. Беа претставени и дел од кандидатите за пратеници од Охрид кои се на кандидатската листа за пратеници во 5тата изборна единица. Како што истакна претседателот на Општинскиот изборен штаб на Коалицијата ВМРО за Македонија, ЈонѐСтанковски, Коалицијата на овие избори ќе претставува главен адут на македонскиот народ за конечна демократизација на Македонија. „Коалицијата ВМРО за Македонија, на овие избори ќе биде вистинско изненадување…
повеќе...ОБСЕ/ОДИХР ќе ги следи изборите со повеќе од 300 набљудувачи
Канцеларијата на мисијата на ОБСЕ за демократски институции и за човекови права (ОДИХР) денеска официјално ја почна набљудувачката мисија за предвремените парламентарни избори кои се закажани за 11 декември. Мисијата се состои од главен тим на 14 експерти и од 20 долгорочни набљудувачи, кои ќе бидат распоредени низ целата земја во тимови по двајца, почнувајќи од 9 ноември. ОДИХР ќе побара од земјите членки на ОБСЕ да обезбедат 300 краткорочни набљудувачи што ќе го надгледуваат процесот на денот на изборите. Мисијата е предводена од Тана де Зулуета, која веќе се…
повеќе...