ВМРО-ДПМНЕ: СДС е изгубена и единствено што знае е да копира туѓи проекти и со нив да се фали!

Во врска со прес-конференцијата на Бесим Демиров, реакција испрати ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид, во која стои: „СДС е изгубена и почна да ги копира проектите на ВМРО-ДПМНЕ кои претходно ги критикуваше. СДС единствено што знае е да копира туѓи проекти и со нив да се фали. Продолжувале со нив, па засрамете се! Очигледно нивниот кандидат за советник сè уште мисли и по превртувањето на неговата страна дека зборува за ВМРО-ДПМНЕ. Жителите на УЗ Воска и Далјан многу добро паметат што сè е направено за да можат да ви ги препознаат лагите.…

повеќе...

ВМРО-ДПМНЕ: Кога СДС е на власт, владее криминал, корупција и непотизам

Во врска со реакцијата од ОО СДСМ Охрид, контра-реакција испрати ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид, во која стои: „СДС живее во некоја измислена бајка во која само тие веруваат и остануваат слепи при очи, глуви при уши, и што е најстрашно без разум. ВМРО-ДПМНЕ и актуелниот охридски градоначалник Никола Бакрачески на последните локални избори победија убедливо уште во првиот круг од изборите. Разликата беше над 8 илјади гласови во корист на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е јасен одговор на граѓаните кои го казнија катастрофалното работење на СДС и нивниот пиун Петрески. Фактите поврзани со…

повеќе...

Демиров: Работиме на подобрување на условите за живот на сите граѓани

Овие луѓе зад мене гарантираат живот за сите во Охрид. Ние цврсто стоиме на тоа. Наша заедничка цел е од Охрид да направиме општина за сите, општина во која сите граѓани се еднакви, општина во која сите имаат исти можности да успеат во животот. Токму затоа создаваме отворена и услужна општина за сите. Работиме на подобрување на условите за живот на сите граѓани. Ова денес го истакна кандидатот за советник на СДСМ и коалицијата, Бесим Демиров. „Со тоа веќе започна Владата на Република Македонија, која е наш партнер и пријател.…

повеќе...

Тилевски: Постојано работиме на подобрување на инфраструктурните решенија и на збогатување на содржините во Охрид

Охрид се издвојува како туристички центар не само во рамките на Републиката, туку и во светски рамки. Со големата промоција на Охрид низ светските медиуми, постигнавме голем успех зголемувајќи го бројот на странски и домашни туристи. Претставувајќи го Охрид како една од дестинациите кои мора да се посетат, ги отвораме вратите на туристите, а истовремено и постојано работиме на подобрување на инфраструктурните решенија и на збогатување на содржините на и онака богатото културно и природно наследство на УНЕСКО. Ова денес го истакна кандидатот за градоначалник на Охрид, од редовите на…

повеќе...

Ногачески: Ајде Трајкоски охрабри се и излези на ТВ дебата!

Кандидатот за градоначалник за општина Дебрца од редовите на СДСМ и коалицијата, Зоран Ногачески испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Трајкоски, од овде, од пред општинската зграда во Белчишта, која изминативе четири години, Ти им ја затвори и зароби на граѓаните на Дебрца јавно Те повикувам: Собери храброст, излези да се соочиш со граѓаните кои Те избраа, одбери медиум и дај да излеземе на ТВ дебата. И воопшто не плаши се, докрај ќе бидам коректен и однапред ќе Ти кажам на кои прашања ќе побарам да одговориш. Не мене,…

повеќе...

СДСМ: Добро е што во ДПМНЕ во Охрид веќе сфатиле дека Јован Стојаноски ќе биде следниот градоначалник

ОО на СДСМ Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Добро е што во ДПМНЕ во Охрид веќе сфатиле дека Јован Стојаноски ќе биде следниот градоначалник, па сега се прашуваат кои и какви раководители ќе поставел во локалната самоуправа. Но, да ја потсетиме охридската јавност кои и какви раководители постави оваа локална самоуправа, предводена од ДПМНЕ. Токму во Секторот за туризам и локален економски развој, заменик раководител е сопругата на секретарот на општината, доскорешна директорка на ЈП „Охридски Комуналец“ беше вујната на градоначалникот. Бакрачески во општинската администрација си вработи…

повеќе...

Одржан Централниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Мешеишта

Вечерва во Домот на културата во Мешеишта се одржа Централен митинг на Кандидатот за Градоначалник Игор Трајкоски, носителот на советничката листа Моника Мацеска, како и кандидатите за советници во Советот на Општина Дебрца. „Како млад човек и како претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ на Дебрца сакам да истакнам  дека секогаш ќе се борам и ќе ги застапувам интересите на младите, заедно со нашиот најголем поддржувач кандидатот за градоначалник на Општина Дебрца, господинот Игор Трајкоски. Реализиравме многу проекти за младите, морам да потенцирам дека заедно со кандидатот за градоначалник ќе ја…

повеќе...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е дувло и синоним за пропаст

Во врска со денешната прес-конференција на кандидатот за градоначалник Јован Стојаноски, реакција испрати ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид во која стои: „Денешната прес-конференција на СДС и Јован Стојаноски е практично создавање алиби со кое сакаат да се исперат за сè она што им го направија на охриѓани. СДС денеска несвесно јавно призна како тие требало да ја водат Општината кога имале можност, но наспроти тоа знаеме дека СДС беше до гуша во криминали и ја задолжи Општината и Јавните претпријатија со што ги направи загубари. Недомаќинското работење, неуслужна општина, контуинираната злупотреба како…

повеќе...

Стефаноска: Дали Стојаноски планира да брка дел од вработените од работа за да ослободи место и да прими нови?

Во просториите на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, денес се одржа прес-конференција, на која говореше кандидатката за советник Снежана Стефаноска. „СДС се прочитана приказна и мора да разберат дека празната реторика, лагите и манипулациите нема да ги решат проблемите на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ го прашува кандидатот Јован Стојаноски за неговите ветувања за вработувања, функции, бизниси, маркици, и други привилегии со кои се расфрла по градот и ги лаже граѓаните и членовите на СДС. Дали Јован Стојаноски знае дека вработувањата во охридската Пожарна кои ги ветува низ цел град, а најмногу во Велгошти нема да…

повеќе...

Тилевски најави комплетна инфраструктура во индустриска зона „Мауцкер“ и решавање на проблемот со бездомни животни

Квалитетно изработена урбанистичко-планска документација овозможува заштита и унапредување на животната средина, а пак уредувањето на просторот и неговото планирање во дослух со граѓаните креира пософистициран лик на Општината и овозможува нејзино просторно искористување. Ова на денешната прес-конференција го истакна кандидатот за градоначалник на Охрид, од ВМРО-ДПМНЕ, д-р Митко Тилевски. Тој најави измена и дополнување на детални урбанистички планови. Со цел да се прифатат и да бидат вградени барањата за бесправно изградени објекти, континуирано се изработува ДУП за сите населени места, доколку, како дел од постапката, Министерството за транспорт и врски навремено…

повеќе...