Тилевски: Првичната цел е помош на охриѓани за подобрување на својата социјална и економска положба

Подобар стандард на луѓето, дополнителни нови работни места и приход, подобрување на квалитетот на животот на населението е приоритетот на идната Локална Самоуправа предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Ова на денешната прес-конференција го истакна кандидатот за градоначалник на Охрид, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, Митко Тилевски. „Општината ќе тежнее кон заложби за економски развој на Охрид и проширување на активностите преку ефикасно користење и распределба на ресурсите за одржлив економски пораст. Првичната цел е помош на охриѓани за подобрување на својата социјална и економска положба, квалитетот на живеење според европските и светските…

повеќе...

Трајкоски: Нашето ново мото секогаш работа е всушност наша досегашна пракса

Низ изминативе четири години јас како Градоначалник на Општина Дебрца успеав да го одржам дадениот збор. Она што го ветив да го исполнам, но не само тоа, туку се трудев и тековно работев вон мојата изборна програма се со цел што повеќе жители на Дебрца да бидат задоволни. Потребата за помош не познава никаква поделба, а потребата за реализирање на проекти го зголемува бројот на жителите кои ја прикажуваат довербата кон мене и ВМРО ДПМНЕ. Сите знаат дека во Дебрца никогаш не било повеќе направено отколку изминативе четири години. Тоа…

повеќе...

Смилески: Колкави хонорари има земено Ногачески за проекти и дали воопшто тие проекти се реализирани?

Кандидатот за советник од ВМРО-ДПМНЕ Дебрца, Јован Смилески денес одржа прес-конференција, на која истакна: „Очигледен е фактот дека на само четири дена до изборниот молк Ногачески е разобличен од неколку аспекти.
 Прво неговата т.н искреност и транспарентност која мака мачи да ја манифестира се прикажа како минорна со оглед на фактот дека на ниту едно од поставените прашања од наша страна не даде одговор. 
 Но ние ја знаеме ваквата негова страна која веќе сега добро им е позната и на пошироката јавност. За неговата политичка нестабилност и променливост не сакаме ни да…

повеќе...

СДСМ: Новата локална власт ќе има посебен пристап кон спортот

ОО на СДСМ Охрид, денес испрати соопштение до медиумите, во кое стои: „Локалната власт во заминување предводена од ВМРО – ДПМНЕ, не само што не го придвижи спортот напред, туку со својот игнорантски однос само го кочеше спортскиот развој. За жал, спортските клубови и спортските работници беа оставени сами на себе да се снаоѓаат. Огромен дел од помошта која ја имаа клубовите и спортските работници, изостана со преземањето на локалната власт од страна на Бакрачески и неговите помошници. Сите добро се сеќаваат дека беше укинат превозот за спортските екипи, кој…

повеќе...

Ногачески: Трајкоски мојот образ е чист, ај погледни си го твојот!

Кандидатот за Градоначалник на општина Дебрца, Зоран Ногачески, испрати реакција до медиумите во која стои: „Трајкоски мојот образ е чист, ај погледни си го твојот!? Трајкоски соочен со изборниот дебакл што ќе го претрпи на 15 Октомври, од ден на ден се повеќе и повеќе тоне во сопствената мизерија. Пред некој ден преку нарачан текст од дијаспората се обидоа да го нарушат моето човечко достоинство и да ми го сомничат потеклото. Еве, за сите, јас сум од Волино, тука во оваа стара куќа растев, се школував, оформив семејство, тука живеам…

повеќе...

Мишев: За какво модернизирање на СЦ „Билјанини извори“ зборува Јован Стојаноски?

Во просториите на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, денес се одржа прес-конференција, на која говореше директорот на ЈП „Билјанини извори“, Ристе Мишев. „Во новите видео-реклами со кои СДС и нивниот кандидат Јован Стојаноски се обидуваат да го излажат народот со куп шарени лаги и лажни ветувања, се појави и ветување за модернизација на спортскиот центар „Билјанини Извори“. Дали Јован Стојаноски и СДС мислат дека е доволно да кажат една реченица дека нешто ќе модернизираат без притоа да напоменат конкретно што ќе направат таму? Црните денови кои во спортскиот центар „Билјанини Извори“ ги…

повеќе...

Стојаноски: Ќе подготвиме сеопфатна стратегија за развој на Охрид

Нашата визија е Охрид да го направиме најважна точка на мапата на европски и светски културни центри и градови на езера. За да успееме во таа мисија, сите заедно ќе подготвиме сеопфатна стратегија за развој на градот. Оваа стратегија многу јасно ќе покажува кои се нашите цели како локална самоуправа. Ова на денешната прес-конференција го истакна кандидатот за градоначалник на СДСМ и коалицијата, Јован Стојаноски. „Работиме по план. Именуваме работни групи за секој сектор, ги анализираме моменталните состојби, ги дефинираме стратешките приоритети и цели, за на крај да ги зацртаме плановите…

повеќе...

Тилевски: Враќање на автентичноста и сјајот на Охридската Чаршија

Охрид претставува лулка на културните, традиционалните, историските и религиски вредности. Македонската култура е дел од македонскиот идентитет, македонската култура не издвојува, но и не соединува со Светот. Нејзин белег е Охрид, додека пак за Охрид, траен белег е Чаршијата, место каде што се случуваат многуте меѓународни манифестации, национално-културни настани, концерти и претстави, спортски настани, изложби и промоции. Ова го истакна на денешната прес-конференција, кандидатот за градоначалник на Охрид од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Тилевски. „Чаршијата е ризница на културата, затоа со новиот проект ќе се пристапи кон: – Изработка на…

повеќе...

Никој не се рекламира на ‘рѓосано

„Просторот за рекламирање на политичките партии“ во Охрид, беше одреден уште на 22 август. Тоа се тарабите поставени на оградата од ОУ „Григор Прличев“ и тоа е единственото место во Охрид наменето за тоа. Но, до ден денес, на само една недела до одржувањето на Локалните избори, овој простор за политичко рекламирање се уште е празен. Едноставно, политичките партии се рекламираат на големите билборди, но се одлучуваат и за многуте електронски видови на рекламирање. Кој ли би се рекламирал на ‘рѓосано!? WebOhrid

повеќе...

Тилевски најави партерно уредување, изградба на пешачки и велосипедски патеки во Охрид

Кандидатот за градоначалник на Охрид, од ВМРО-ДПМНЕ, д-р Митко Тилевски денес одржа прес-конференција, на која ги најави новите проекти: Партерно уредување, изградба на пешачки и велосипедски патеки во Охрид. „Охрид заслужува да свети во полниот негов сјај. Охриѓани и туристите заслужуваат нови места за рекреација на современ и модерен начин. Уредувањето на зелените површини во корелација со подигнување на свеста за зачувување и одржување на јавните паркови и зеленила, резултираат со формирање на пријатни катчиња за одмор и релаксација на граѓаните и туристите од сите возрасни групи. Со уредување на нови…

повеќе...