Силјаноски: Охрид го правиме место со перспектива, место каде младите ќе ја градат иднината

Нема ништо подраго од тоа да си ја гледате перспективата таму каде што живеете, творите, другарувате. Да работите и создавате во сопствениот град, во сопствената држава. Охрид го правиме место со перспектива, место каде младите ќе ја градат иднината. Без развојот на локалната економија, нема ништо. Токму затоа предвидуваме здружување на бизнисите со општината и граѓаните. Тие да бидат партнери во создавањето на подобар живот за сите. Ова го истакна на денешната прес-конференција на кандидатот за советник од СДСМ и коалицијата, Мишел Силјаноски. Како што истакна тој еден од основните предизвици…

повеќе...

Георгиевски: ВМРО-ДПМНЕ води политика на унапредување на положбата на ранливите категории

Стремежот пред кој сме исправени за изградба на сплотен Охрид, Охрид – град на еднакви можности и шанси за сите е наша одгворност пред Вас. Следејќи ги светските трендови за инклузија и кохезија на сите социјални слоеви, ВМРО-ДПМНЕ води политика на унапредување на положбата на ранливите категории. Ова го истакна на денешната прес-конференција кандидатот за советник од ВМРО-ДПМНЕ, Гоце Георгиевски. Во тој контекст ќе се продолжува со мерките во периодот што следи коишто се надоградени и опфаќаат повеќе сегменти, како што рече грижата за охриѓани е насочена кон обезбедување достоинствен живот. „Охриѓани…

повеќе...

Трајкоски: Нашата цел отсекогаш била подобрување на животниот стандард на жителите на Општина Дебрца

Кандидатот за градоначалник за Општина Дебрца, Игор Трајкоски денес одржа прес-конференција пред фудбалското игралиште за голем фудбал во Волино. На прес средбата беа презентирани досега реализираните проекти од областа на спортот, како и проектите од новата програма кои ќе бидат реализирани во новиот мандат од областа на спортот. „Нашата цел отсекогаш била подобрување на животниот стандард на жителите на Општина Дебрца. Со таква мисла и со такви планови ја започнавме и оваа кампања. Можеме денес да се пофалиме со многу, но исто така знаеме дека не чека макортпна работа за…

повеќе...

СДСМ: ДПМНЕ еднаш и засекогаш да се договорат меѓу себе која им е официјалната приказна за долгот на Општината

ОО на СДСМ Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Најпрво ги покануваме луѓето од ДПМНЕ еднаш и засекогаш да се договорат меѓу себе која им е официјалната приказна за долгот на општина Охрид. Од почетокот на нивниот мандат па досега, неколку пати манипулираа со бројки, но ниту еднаш од нив не слушнавме конкретна и дефинитивна бројка. А бидејќи се фалат колку тие успеале да вратат од тој долг, еве нека повелат и кажат колку изнесувал тој долг кога го презеле раководењето на локалната самоуправа, колку од тој долг…

повеќе...

Промоција на кандидатот за градоначалник од СДСМ за Дебрца Зоран Ногачески во Мешеишта

Вечерва во преполната сала од Домот на културата во Мешеишта, своја промоција имаше кандидатот за градоначалник на општина Дебрца од коалицијата „За Живот во Македонија”, Зоран Ногачески односно кандидатите за Совет во општината. Пред присутните прв свое обраќање имаше поранешниот пратеник во Собранието на Р.Македонија, Митре Велјаноски во својот инспиративен говор нагласи дека сега е клучната битка повторно да се врати животот во општина Дебрца. „Новата влада предводена од премиерот Зоран Заев, успеа во 100 дена, да направи многу повеќе одошто ВМРО-ДПМНЕ, изминативе 11 години. Се решија клучните работи. Се…

повеќе...

Стојаноски: Наша мисија е од Охрид да создадеме препознатлива и атрактивна дестинација

Охрид заслужува да биде во најпосетените туристички дестинации во светот. Му го должиме тоа на градот во чија лулка се распослани некои од најзначајните културни, историски и природни богатства. Наша мисија е од Охрид да создадеме препознатлива и атрактивна дестинација, која ќе биде бренд во туризмот. За да го направиме тоа, ќе воведеме некои клучни стратешки промени кои ќе го одбележат туристичкиот развој на Охрид. Ова на денешената прес-конференција го истакна кандидатот за градоначалник на Охрид од редовите на СДСМ, Јован Стојаноски. „Во туристичката понуда ги додаваме здравствениот, спортскиот, wellness…

повеќе...

Трајкоски: Новата Програма од областа култура е од витално значење за Дебрца

Кандидатот за градоначалник за Општина Дебрца од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Трајкоски, денес одржа прес-конференција пред Културниот дом во Злести, на која ги презентираше досега реализираните проекти од областа на културата, како и проектите од новата програма кои ќе бидат реализирани во новиот мандат од областа на културата. „Нема повозвишено чувство од тоа кога знаете дека сте ја оправдале довербата…од тоа дека дадениот збор сте го одржале. Токму ваквата мисла не тера повторно пред вас да застанеме и заеднички со сплотени сили да започнеме уште многу проекти. Суштината да се…

повеќе...

Трајкоски: Вашата доверба не ја бараме напразно, туку врз основа на се она што го имаме направено за Дебрца

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Дебрца, Игор Трајкоски, денес во Оровник одржа прес-конференција на тема образование. На истата тој ги најави проектите во неговата четиригодишна програма, но и проектите кои ќе бидат спроведени. „Денес со мојот тим и советничката листа на ВМРО ДПМНЕ со кренати глави стоиме пред вас и бараме уште еднаш да ја покажете вашата доверба кон нас. А таа доверба не ја бараме само напразно туку ја бараме врз основа на се она што го имаме направено за Општина Дебрца, а верувајте ќе направиме уште…

повеќе...

ВМРО-ДПМНЕ: Лагите на СДС веќе не минуваат кај граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид испрати реакција до медиумите во која стои: „СДС се прочитана приказна и мора да разберат дека празната реторика, лагите и манипулациите нема да ги решат проблемите на охриѓани. Ниту едно бледо соопштение на неспособниот СДС нема да може да го прикрие фактот дека сака да ги копира проектите на Локалната самоуправа предводена од ВМРО-ДПМНЕ кои претходно ги критикуваше. Охриѓани на вчерашниот народен во огромна масовност кажаа дека сакаат продолжување на светлата иднина за градот и ја дадоа поддршката за ВМРО-ДПМНЕ. Кога СДС зборува и критикува проекти кои…

повеќе...

Стојаноски: Ќе создадеме отворена и услужна општина за сите

Кандидатот за градоначалник на Охрид од редовите на СДСМ, Јован Стојаноски, денеска ги претстави проектите од изборната програма за развој на општината. Тој во изјава за медиумите рече дека треба да се создаде општина во која сите граѓани ќе бидат еднакви. „Охрид е космополитски град и во тој дух, а и во духот на социјалдемократијата, нашата цел е да работиме на создавање на можности за сите граѓани. Повеќе од дваесет години работам во образованието, и верувајте разбирам што значи грижата за идните поколенија, што значи влогот во подобро образование, подобра иднина за сите.…

повеќе...