Египќаните да ги поддржат кандидатите за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ во Ресен и Битола

Неформалните лидери на македонските Египќани, Петрит Хусеин и Демир Далип, ги повикуваат своите сонародници Египќаните од Ресен и Битола, масовно да излезат на гласање и да ги поддржат кандидатите за градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во Ресен, господинот Ѓоко Стрезоски, додека во Битола, повикуваат да се поддржи кандидатот Владимир Талески. Демир Далип, инаку овластен претставник на Египќаните за надворешна соработка, истакна дека поддржувањето на кандидатите за градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во Ресен и Битола, имаат на долгорочен план, стратешки интерес за целосна интеграција на Египќаните во институциите на системот,…

повеќе...

Трајкоски во посета на село Средоречие

Kандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ Игор Трајкоски за Општина Дебрца, го посети с.Средоречие, каде што по вчерашните обилни врнежи од дожд беа предизвикани поплави и излевање на Голема Река.  При посетата кандидатот за градоначалник на присутните им вети дека со добивање на мандатот веднаш ќе се спроведе чистење на одводните канали и уредување на речните корита, со цел да нема вакви последици во иднина. WebOhrid

повеќе...

Трајкоски: Да го започнеме сите заедно проектот за подобра Дебарца

„Уште само неколку дена до голема победа, уште само неколку дена до промена на Којчиновски и СДСМ од кормилотo на Општина Дебрца. Од 7-ми април ќе започне нов период во Општина Дебрца предводен од ВМРО-ДПМНЕ, период на реализација на различни проекти за развој на нашата Општина“. – рече на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник на општина Дебарца, Игор Трајкоски. Како што истакна Трајкоски ќе се реализираат проекти кои се од витално значење за жителите на Општина Дебарца неопходни во нивното секојдневие. „Ќе се отвори индустриска зона во која ќе…

повеќе...

Пановски и Митровиќ изразија јавна благодарност за соработката на медиумите

Советникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, Дејан Пановски како и портпаролот на комитетот Никола Митровиќ денес пред медиумите изразија јавна благодарност за соработката која ја имаа во текот на Локалните избори 2013. „Сакам да упатам една јавна благодарност до медиумите за сето она што го поминавме во текот на кампањата, целокупниот фер однос кој што го градевме кон медиумите и тие кон нас, за целокупната кампања која што ја имавме за овие локални избори 2013 година и се надевам дека тој фер однос ќе го продолжиме и во наредниве 4…

повеќе...

Бакрачески: Овој ден нека биде предвесник на новата светла иднина на градот Охрид

„Овој ден нека биде предвесник на новата светла иднина на градот Охрид што ќе ја доживеат со нас, со нашите програмски определби, кои што имаме намера да ги реализираме во наредните 4 години. Денес гордо стојам на ветувањето дека ќе спроведуваме една коректна, достоинствена и цивилизирана кампања“. – изјави кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, од коалицијата За подобра Македонија д-р Никола Бакрачески, на денешната последна прес-конференција од оваа политичка кампања, одржана на градскиот полоштад. Како што истакна Бакрачески, тој е особено горд на она што како средба го имале со…

повеќе...

Петрески: Ве повикувам масовно да излезете на гласачките места и заедно да победиме два пати

На денешната завршна прес-конференција на коалицијата Сојуз за иднината, која се одржа во просториите на ОО на СДСМ, најнапред се обрати портпаролот на ОИШ Дејан Блажески кој што ги повика сите граѓани во недела да излезат достоинствено и да го заокружат бројот 42, затоа што како што кажа тој, тоа е бројот за иднината на граѓаните. Имено Блажески во име на целиот тим, Сојуз за иднината, му подари на актуелниот и кандидат за градоначалник Александар Петрески пенкало и како што рече со ова пенкало Петрески да го потпише новиот мандат.…

повеќе...

КОЛУМНА: Предизборна врева пред предизборен молк

Вреват сите. И врват. И едните и другите и десните и левите и либералите и лeвичарите и уличарите – сите врват и вреват, ама баш сите, па и оние доблесните – сите, дури и оние што не се со сите. Ме убиваат со децибелна и дебилна врева. Ми нудат во еден глас – спас за сè што досега не чинело, за сè што досега не врвело дека допрва ќе врви; она што не можело да се направи на први ќе било завршено до следниот први… И така, ден по ден,…

повеќе...

Сојуз за иднината: ДПМНЕ продолжува со неоснована медиумска војна против победничкиот кандидат Петрески

Сојузот за иднината реагира на прес-конференцијата на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски. „ВМРО-ДПМНЕ продолжува со неоснованата медиумска војна против победничкиот кандидат за градоначалник Петрески. Жално е што Николоски зборува за долговите, а во иство време доаѓа од Владата која ќе биде запаметена по тоа што ја задолжил оваа земја со повеќе од 40 проценти од БПД. Македонија никогаш не била нити посиромашна нити позадолжена. Николоски додека бил во главниот град заборавил дека општина Охрид и нејзините јавни претпријатија најголемиот долг го влечат од времето кога ДПМНЕ раководеше и со општината…

повеќе...

Сојуз за иднината: Денес граѓаните беа сведоци на уште една пародија со здравството и со пациентите

Сојузот за иднината испрати реакција во врска со денешната изјава на кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ д-р Никола Бакрачески, која беше дадена во Заводот за Кардиоваскуларни заболувања. „Денес граѓаните беа сведоци на уште една пародија со здравството и со пациентите. Кандидатот од ДПМНЕ, Бакрачески без нималку пардон ги покана новинарите да присуствуваат на една од неговите операции, погазувајќи ја етиката истоовремено злоупотребувајќи ги човечките судбини во партиски цели. Господине Бакрачески, бараме веднаш да се извините. Од друга страна време е да престанете да се фалите со сето она што сте…

повеќе...

Николоски: Јавно ветивме дека простување НЕМА да има!

ОК на ВМРО-ДПМНЕ, денес одржа прес-конференција. Оваа конфернција пратеникот Александар Николоски ја окрактеризра како прес-конференција со најмногу информации во оваа изборна кампања, но за жал и  најтажниот прес за вистината со која се соочува општината Охрид. „Имено, Бранко Црвенковски и Александар Петрески по сценариото од 1997 година наречено ТАТ Битола создадоа нов ТАТ во Охрид. Општина Охрид функционира како финансиска пирамида“. – рече Николоски. Николоски ги презентираше точните податоци којшто ги достави и до медиумите, на кои е прикажана  точната задолженост на Општина Охрид и јавните претпријатија ПРОАКВА, КОМУНАЛЕЦ, НИСКОГРАДБА.Овие податоци…

повеќе...