Утре двочасовен прекин во сообраќајот на патот Охрид-Кичево

Од АМСМ информираат дека утре (вторник) на патниот правец А2 Кичево – Охрид, кај месноста Пресека – Врбјани, сообраќајот ќе биде во прекин од 14:00 до 16:00 часот, поради изведување градежни работи (минирање).

повеќе...

Пациентите најзадоволни од услугите во Крушево, Кичево и Македонски Брод

Во Јавните здравствените установи во Курушево, Кичево, Македонски Брод и општата болница Кичево пациенти се целосно задоволни од достапноста, стручноста и љубезноста на лекарите како и од медицинскиот персонал, покажуваат резултатите од истражувањето за задоволството на пациентите во ЈЗУ спроведено минатиот месец. Како што информираше денеска на прес-конференција министерот за здравство Никола Тодоров овие резултати покажуваат дека пациентите се генерално задоволни од односот на целокупниот кадар во установите како и дека има високо ниво на хоспитална култура. „Од стручноста на лекарите најмалку се задоволни односно 45 проценти пациентите од здравствениот…

повеќе...

Денес едночасовен прекин на сообраќајот на патот Кичево – Охрид

Од АМСМ информираат дека поради изведување градежни работи (минирање) денес, на патниот правец А2 Кичево-Охрид кај месноста Лавчанско речиште, сообраќајот ќе биде во прекин од 16:00 – 17:00 часот.

повеќе...

Едночасовен прекин на сообраќајот на патот Охрид – Кичево

Поради изведување градежни работи (минирање) денес на патниот правец А2 Кичево-Охрид кај месноста Лавчанско речиште, сообраќајот ќе биде во прекин од 16:00 – 17:00 часот.

повеќе...

Едночасовен прекин на сообраќајот кај патот Пресека – Врбјани

Од АМСМ информираат дека утре (среда) патниот правец Кичево – Охрид поточно од Пресека – Врбјани поради минирање, ќе биде комлпетно затворен за сообраќај во времетраење, од еден час од 16 – 17 часот.

повеќе...

Министерот Мисајловски оствари средба со кинескиот амбасадор Џеншун

Министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски денеска оствари работна средба со амбасадорот на Народна Република Кина во Република Македонија Н.Е Вен Џеншун. На средбата министерот Владо Мисајловски и амбасадорот Вен Џеншун разменија мислења и информации за прогресот на изградбата на давата автопати „Гоце Делчев” од Скопје до Штип и „Мајка Тереза” од Кичево до Охрид. И двете страни изразија недвосмислена поддршка за реализација на овие два најзначајни инфраструктурни проекти во Република Македонија. Особено потенцираа дека во текот на градежната сезона максимално ќе се засилат градежните активности на двата автопати.…

повеќе...

Кривични пријави за тројца кичевчани поради насилство

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дел „насилство“ полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против Н.Ц.(31) Е.Ц.(24) и Е.З.(25) сите од Кичево. Пријавените, на трети мај оваа година, физички го нападнале Е.Б. од Кичево удирајќи го со раце, нозе и со разни предмети нанесувајќи му телесни повреди по целото тело. Настанот се случил околу 16 часот и 40 минути на улицата „11 октомври“ во Кичево пред зградата каде оштетениот живеел. Тука, пријавените го сочекале Е.Б. и веднаш го нападнале задавајќи му повеќе удари со раце и нозе…

повеќе...

Кривична пријава за прилепчанец кој извршил кражба во Кичево

Поради постоење основи на сомнение за сторени дванаесет казнени дела „Тешка кражба“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против Е.А. (43) од Прилеп. Во периодот од јуни 2014 се до март 2015 година, пријавениот со употреба на подесен предмет и кршење на бравите, цилиндрите и стаклата, насилно отворал врати и прозорци од куќи и помошни објекти низ градот. Притоа тој противправно одземал пари, златен накит, ЛЦД телевизор, лап топ компјутери, мобилни телефони,текстилна стока, разни видови алати и апарати, рачни машки и женски часовници и други предмети. На тој начин,…

повеќе...

Семинар за родова обука за офицери и подофицери

Денес во касарната „Чеде Филипоски Даме“ во Кичево, во организација на Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија за прв пат се реализира родова обука со офицерскиот и подофицерскиот кор. Вкупно беа обучени 85 припадници. Фокусот на семинарот за родовата обука за офицерите и подофицерите беше на Родови поими и дефиниции, Меѓународните правни рамки за имплементација на Резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите Нации 1325 за жените, мирот и безбедноста, Националниот акционен план на Република Македонија за имплементација на Резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите Нации 1325…

повеќе...

Во Цер одбележана 110 годишнината од смртта на Христо Узунов

По повод одбележувањето на 110 години од херојската смрт на охридскиот војвода Христо Узунов, претпладенево беше положено цвеќе на бистата на херојот во градскиот парк, а свеченостите што ги организира Општина Охрид, продолжија со поклонение за војводата пред спомен обележјето на неговата херојска погибија во селото Цер- Кичевско. Пред спомен обележјето во селого Цер, се одржа панахида за Христо Узунов, а свежо цвеќе положија бројни делегации. Присутните ги поздрави и пригоден говор одржа градоначалникот Никола Бакрачески. „Споменот на една од најмаркантните личности и госростаси на Македонската револуционерна борба, охридскиот војвода…

повеќе...