Поради минирање на теренот во близина на патната делница Пресека – село Врбјани на магистралниот пат Охрид-Кичево, денес на овој патен правец ќе има триесет минутно сопирање на сообраќајот во двата правци. Застој на сообраќајот е предвиден во времето од 13:50 до 14 часот и 20 минути кога полициски службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај ќе го стопираат сообраќајот во правец Охрид–Кичево. Истовремено, сообраќајната полиција од полициската станица во Кичево ќе го сопре сообраќајот во правец Кичево–Охрид. Застојот на сообраќајот на магистралниот пат Охрид-Кичево кај делницата Пресека-село…
повеќе...Tag: кичево
Едночасовен застој на сообраќајот на магистралниот пат Охрид-Кичево кај делницата Пресека-Врбјани
Поради минирање на теренот во близина на патната делница Пресека – село Врбјани на магистралниот пат Охрид-Кичево, денес на овој патен правец ќе има едночасовно сопирање на сообраќајот во двата правци. Застој на сообраќајот е предвиден во времето од 13:30 до 14:30 часот кога полициски службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај ќе го стопираат сообраќајот во правец Охрид – Кичево. Истовремено, сообраќајната полиција од полициската станица во Кичево ќе го сопре сообраќајот во правец Кичево – Охрид. Застојот на сообраќајот на магистралниот пат Охрид-Кичево кај делницата Пресека-село…
повеќе...Кривична пријава за двајца скопјани поради злоупотреба на службена положба и овластување
Поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Злоупотреба на службена положба и овластување“, полициската станица од Кичево против В.В. (58) и В.Ќ. (41) двајцата од Скопје поднесе кривична пријава. Со пријавата опфатени се и Р.С.(35) од селото Трапчин Дол за кривичните дела „Злоупотреба на службена положба и овластување“ и „Пустошење на шума“ како и правниот субјект ДООЕЛ „Сула-06“ поврзано со кривичното дело „Пустошење на шума“. На први април минатата година, пријавениот ВВ. во Скопје, во својство на советник во Секторот за шумарство и ловство при Министерството за земјо-…
повеќе...Кривична пријава за кичевчанец поради злоупотреба на службена положба и овластување
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ СВР Охрид против Л.Р (58) од Кичево поднесе кривична пријава. На 14-ти мај оваа година, пријавениот во својство на ВД директор на јавната здравствена установа Општа болница во Кичево, при донесување одлука за избор на работници медицински сестри-техничари, со искористување на својата службена положба, свесно извршил злоупотреба и пречекорување на службените овластувања. Пријавениот Л.Р. спротивно на Законот за здравствена заштита, избрал кандидатки кои не ги исполнувале посебните услови во претходно распишаниот оглас односно примил кандидатки…
повеќе...НВО коалиција на Египќаните потпиша меморандум за соработка со НВО „Преродба“ – Кичево
Денес, во Кичево, НВО Коалиција на Египќаните, претставувано од страна на Демир Далип-овластен преставник на Египќаните за надворешна соработка, потиша уште еден Меморандум за соработка , овој пат со НВО „ПРЕРОДБА“ -Кичево, преставувано од страна на Претседателот, г дин Емин Мамудоски. Целта на ова здружување како што беше истакнато на денешната прес-конференција е меѓусебна соработка и заеднички настапи во апликација и реализација на проекти од сферата на човековите права и слободи на движење, социјалните и хуманитарните права, подигнување на степенот на образованите на младите Роми и Египќани од Западен регион,…
повеќе...Груевски: Градбата на трите автопатишта силен импулс за македонската економија
Градбата на трите автопатишта во Македонија е силен импулс за економијата. Се наоѓаме во силна инвестициска активност која продуцира вработување, раст на БДП и работа за градежната индустрија, а преку неа и на многу други индустрии кои се поврзани. Ова го истакна премиерот Никола Груевски во одговор на прашање по доделувањето решенија за легализација на бесправно изградени објекти во општина Кисела Вода. „Покрај трите автопатишта Кичево-Охрид, Демир Капија-Гевгелија и Скопје-Штип истовремено се проширува експресниот пат Велес-Кадрифаково и целосно и темелно се реконстурира автопатот Велес-Скопје што е речиси како градба на…
повеќе...Притворен кичевчанец поради обид за убиство
Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени делa „Убиство во обид“ и „Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, полициската станица од Кичево против М.Б. (53) од Кичево поднесе кривична пријава. Него одредена му е мерка притвор во траење до 30 дена. На 21-ви овој месец, М.Б. со намера да го лиши од живот, испукал повеќе куршуми кон неговиот брат В.Б. нанесувајќи му тешки телесни повреди-фрактура на череп и влезно-излезна рана во пределот на главата. Настанот се случил околу 10 часот откако сега притворениот М.Б. пристигнал…
повеќе...Известување до жителите на општина Дебарца
Се известуваат жителите на општина Дебарца дека може да извршат увид во проектната документација за изградба на автопатот Кичево-Охрид во просториите на управата за имотно-правни односи подрачно одделение Охрид во периодот од 9 до 14 часот во деновите среда и четврток.
повеќе...Јанакиески: На изградбата на автопатиштата работа за над 1000 лица
Почетокот на изградбата на двата автопата Скопје-Штип и Кичево-Охрид веќе ги дава првите резултати. Денеска е објавен оглас за вработување на еден од подизведувачите за над 650 лица, изјави денеска министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски. „Очекувам наредните денови и другите подизведувачи, а и кинеската компанија да објават повик за поголем број вработени“, рече Јанакиески при посетата на Прилеп, каде престојуваше заедно со вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески. Според Јанакиески, во текот на оваа година за работа на автопатиштата во земјава треба да се вработат над 1000…
повеќе...Утре, одржување на седмото првенство во крос-кантри во гарнизонот Кичево
Утре, 19-ти март 2014 година (среда) во касарната „Чеде Филипоски – Даме“ во Кичево, во организација на Генералштабот на АРМ ќе се одржи седмото првенство на АРМ во крос-кантри трчање. Првенството свечено ќе го отвори Заменикот на командантот на Здружената оперативна команда, бригаден генерал Мухамет Рацај со почеток во 11.00 часот, а кросот е предвидено да се одржи на посебно уредена патека во рамките на автодромот во касарната во Кичево, на 10 km во машка и на 5 km во женска конкуренција. На седмото првенство во крос-кантри ќе учествуваат натпреварувачи…
повеќе...