Делегација на Амбасадата на Кина во посета на СВР Охрид

Делегација на Амбасадата на Република Кина во Република Македонија, денеска беше во работна посета на Секторот за внатрешни работи Охрид. На средбата, претставниците на кинеската амбасада, на раководниот тим на СВР Охрид им го искажаа задоволството од високиот степен на безбедност во Охрид забележано од кинеските туристи што во изминатиов период го посетиле Охрид. „Се грижиме за туристите што од Кина доаѓаат во Република Македонија и во Охрид, водиме сметка за нивните права и посебно за начинот на решавање на евентуалните безбедносни проблеми со кои би се соочиле“, рече Цуј…

повеќе...

Македонија и Бугарија заедно ќе извезуваат земјоделски производи во Кина

Бугарија и Македонија ќе соработуваат во извоз на земјоделски производи за кинескиот пазар, изјави министерот за земјоделство Михаил Цветков по средбата во Софија со бугарската колешка Десислава Танева. Според Цветков, Македонија и Бугарија тешко ќе можат самостојно да извезат свежо овошје и зеленчук во Кина поради големата далечина, но со заеднички заложби пристапот на огромниот кинески пазар не е недостижен. „Имајќи ја предвид огромната далечина подобро е да се насочиме на конзервирано земјоделско производство. Ние во Македонија произведуваме и многу убави вина. Може да се насочиме на конзервирано овошје и…

повеќе...

Посета на Македонија од страна на најголемите туроператори и новинари од Кина

Агенцијата за промоција и поддршка на туризам на Република Македонија во координација со економскиот промотор на РМ во Гуангдонг, НР Кина, организираа петдневна инфо тура за тур оператори и новинари од Народна Република Кина. Делегацијата на Народна Република Кина ја сочинуваа претставници на едни од најголемите тур оператори, меѓу кои Guamg Zhi Lu, убедливо најголемиот тур оператор во 100 милионската провинција Гуангдонг и кои годишно испраќаат над 50.000 туристи во Европа; Nan Hu Guo Lu Travel Service, помала но амбициозна агенција која има свои канцеларии во Германија и испраќа илјадници…

повеќе...

Туристичко – економска промоција на Охрид во Далиан, НР Кина

На покана на Туристичкото биро на Далиан, Народна Република Кина, делегација на Општина Охрид престојуваше во работна посета на овој град во со кого е потпишан меморандум за соработка. Во рамки на работната посета беше реализирна промоција на туристичката понуда на Охрид, а беа остварени и деловни средби со претставници на повеќе од дваесет тур-оператори и туристички агенции, како и поголем број на медиуми, меѓу кои и Dalian Gulian International Travel, China International Travel Service Dalian Branch, China Comfort Travel, Caissa Touristic, Dalian East Intenational Travel Sevice Co. Ltd, Dalian…

повеќе...

Продолжуваат контактите со Далијан

Градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески, денес оствари работна средба со Луис Ку, директор на Агенцијата за интернационални вложувања од Далијан, Народна Република Кина. На средбата гостинот од Далијан изрази силен интерес за вложување во Охрид, во областа на туризмот и прехранбената индустрија. Градоначалникот Бакрачески го запозна кинескиот претставник со актуелните планови на Општина Охрид во однос на урбанистичките решенија за одредени крајбрежни зони и визијата за нивно уредување и можноста за инвестиции. Се очекува директорот Ку во среда да оствари средба и со министерот за транспорт и врски, Владо…

повеќе...

Следниот месец 3D кино проекции во Центарот за култура

Продолжуваат 3Д кино проекциите во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид. Центарот за култура во соработка со Дистрибутерската куќа МЦФ МКД од Скопје во рамки на проектот „Мобилно 3D кино“ за вторник (26-ти април) најавуваат проекција на филмови во 3Д техника. -Кунг Фу Панда 3 во 3D – 17:00 ч./ влез 200 ден. -Детето на Злото – 19:00 ч./влез 150 ден. -Дедпул- 21:15 ч./влез 200 ден. WebOhrid

повеќе...

Груевски: Македонија е отворена за кинески инвестиции

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денес, заедно со владина делегација во чиј состав се вицепремиерот задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски, и заменик министерот за економија, Христијан Делев, учествуваше на 4-тиот Самит на шефови на влади на земјите на Централна и Источна Европа и НР Кина (16+1) и 5-тиот Економско-трговски форум што се одржува во градот Суџоу, Народна Република Кина. Премиерот Груевски имаше свое обраќање на Самитот на шефови на влади каде се присутни 16 делегации од држави од Источна и Централна Европа и домаќинот, кинескиот премиер…

повеќе...

Премиерот Груевски во работна посета на Кина

Премиерот Никола Груевски заедно со владина делегација во чиј состав се вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски, министерот за надворешни работи Никола Попоски и заменик министерот за економија Христијан Делев се во неколкудневна посета на Народна Република Кина. Претседателот на македонската Влада ќе учествува на 4-тиот Самит на шефови на Влади на земјите на Централно Источна Европа и НР Кина (16+1) и 5-тиот Економско-трговски форум во Суџоу, кој ќе се отвори денес, а на кој се очекува да присуствуваат повеќе од 1.000 претставници од бизнис секторите на 16-те земји…

повеќе...

Маестрален настап на кинескиот Национален театар на сцената на МНТ

Со силен аплауз и овации синоќа на сцената на Македонскиот народен театар беше поздравен грандиозниот танцов спектакл „Конфуциј“ во изведба на Националната опера и Театарот за танцова драма од Народна Република Кина. Изведбата на претставата беше проследена од голем број претставници на дипломатскиот кор во нашата земја, меѓу кои министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, амбасадорот на Народна Република Кина Вен Жен Шун, голем број уметници и љубители на театарот и танцот. На сцената продефилираа околу седумдесетина актери кои пленуваа со маркантноста на костимите и уникатната сценографија и комплетно ја доловија…

повеќе...

Висока делегација на Далиан во посета на Општина Охрид

Градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески, денес во тридневна посета ја прими петчлената делегација од збратимениот кинески град Далиан, предводена од Хан Кјујанг, заменик генерален директор за меѓународни односи на градот Далиан. Во делегацијата се и менаџерите на врвни компании од областа на градежништвото, инвестициски фондови и енергетскиот сектор. Познато е дека во кинеската долгорочна стратегија, Македонија се гледа како одлична дестинација за бизнис и пристап до Европа и Африка. На средбата високите гости од Кина го запознаа градоначалникот Бакрачески со конкретни чекори што кинеските потенцијални инвеститори ги презеле до…

повеќе...