Од понеделник охридската библиотека ќе работи во една смена

НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид ги известува читателите и корисниците на нејзините услуги дека од понеделник 15-ти јуни, Библиотеката ќе работи во една смена од 8:30 до 16:30 часот. Во две смени Библиотеката ќе почне да работи од 1-ви септември.

повеќе...

Промовирани нови 32 наслови од едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“

Нови 32 наслова од едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“ беа промовирани денеска, со што вкупниот број преведени и отпечатени книги од овој капитален проект на Владата достигна 442. Меѓу новите наслови некои првпат добиваат превод на македонски јазик, како ремек-делото на светската книжевност „Гаргантуа и Пантагруел“ на Франсоа Рабле, некои наслови со оваа серија се комплетирани во томови, како „Војна и мир“ на Толстој и „Човек без својства“ на Мусил, објавени се и Исповедите на свети Августин, индискиот еп „Рамајана“, поезија од хеленски автори, драми на Тенеси Вилијамс, романи од…

повеќе...

Македонски дела ќе се објават на шпански, српски и на бугарски јазик

Десет книги од македонски автори ќе бидат преведени на шпански, српски и на бугарски јазик. Ова се најновите резултати од Конкурсот за финансирање преводи на репрезентативни дела од македонската книжевност од странски издавачки куќи кој е дел од програмата на Владата и на Министерството за култура. Најновите резултати на денешната прес-конференција ги соопшти министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска. „Со најновите резултати од Конкурсот за странски издавачи, бројката на поддржани апликации во рамките на оваа стимулативна мерка за 2014 и 2015 година се заокружува на 40 дела од 30 македонски автори,…

повеќе...

ЕВН Македонија отвори нова градска читалница во Струга

Во Домот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга ЕВН Македонија отвори нова читалница. Оваа донација е продолжение на проектот на ЕВН Македонија за поддршка на македонската литература и творештво и за поттикнување на читачките навики. Еднаш неделно во читалницата ќе се одвиваат едукативни работилници за младата популација на возраст од 6 до 14 години, кои ќе ги спроведува асоцијацијата за истражување, комуникации и за развој „Паблик“ во соработка со ИНКА, (Иницијатива за независен културен активизам). Интенцијата е преку неконвенционални методи да им се доближи книгата на учениците, притоа тргнувајќи од…

повеќе...

Прво дело посветено на Чудата на Свети Еразмо

Деновиве излезе од печат книгата Чудата на Свети Еразмо од авторот Стојан Ристески. Таа е прва книга, за првиот масовен посветител на народот од нашиов крај, во Христовата вера, од крајот на III и почетокот на IV век од н.е.Во книгата е претставен животот и делото на Св.Еразмо во Антиохија, Хераклеа (Охрид) и Венеција.Застапени се две житија за светецот, две служби и дваесет и седум записи за чуда на Св.Еразмо. Манастирот Св.Еразмо во Охрид е единствен манастир посветен на Св.Еразмо во цела Р.М.Манастирот Св.Еразмо е претставен и на четиринаесет фотографии…

повеќе...

„Библиотеката на тркала“ во ОУ „Св.Климент Охридски“

Денес во ОУ„Св.Климент Охридски“ – Охрид кое е дел од Проектот со читање до лидерство гостуваше „Библиотеката на тркала“. „Библиотеката на тркала“ претставува специјално пренаменето возило, опремено со книги и дидактички материјали за читање и математика во кое учениците од 1 до 3 одделение го посетуваат и се запознаваат со дидактичките материјали на еден интересен и несекојдневен начин.

повеќе...

Промоција на избраните дела во десет томови од академик Блаже Ристовски

По повод 85-годишнината од раѓањето на академик Блаже Ристовски во Македонската академија на науките и уметностите на 19 март 2015 година (четврток) во 12 часот ќе се одржи промоција на Избраните дела во десет томови од овој автор, што ги објави Книгоиздателството „Матица македонска“ од Скопје. На свечениот чин воведен збор ќе има акад. Владо Камбовски, претседател на МАНУ, а делата ќе го промовираат Георги Старделов, Катица Ќулафкова, Димитар Пандев, Симо Младеновски и Раде Силјан, главен уредник на изданието. Во оваа пригода ќе биде организирана изложба на објавените дела на…

повеќе...

Нови наслови од едицијата „Македонски искушенија“

Три нови наслови од едицијата „Македонски искушенија“ промовираше денеска Министерството за култура – нови три тома од шесттомната публикација „Македонија до 19 век“ и книгите „Цар Самоил“ и „Букурешкиот мировен договор – 1913 година“. Автори се професори, историчари и проучувачи на македонската историја од различни генерации. Целта на овој проект на Владата е со научно верификувани факти и аргументи да се толкува долгата историја на македонската борба за државност и самостојност. Врз основа на овие историски текстови се снимени и документарни филмови кои се прикажуваат на Македонската радиотелевизија. Премиерот Никола…

повеќе...

„Охридска поетска китка“ во градската библиотека

Во Прличева одаја при Националната Установа Библиотека „Григор Прличев“- Охрид утре ( петок), со почеток во 12: 00 часот ќе се одржи поетската манифестација „Охридска поетска китка“. На настанот ќе учествуваат Елена Ангелоска, Даниела Илијоска, Зорица Илијоска, Роза Костеска, Наташа Митреска, Маја Мојсова и Жаклина Ристоска.

повеќе...

Промовирани нови 12 книги од кои се учи на најреномираните универзитети

Дванаесет нови дела од проектот за превод на 100 стручни, научни книги и учебници од кои се учи на врвните, најдобрите и најреномираните светски универзитети денеска беа промовирани во Скопје. Со нив, досега вкупно се преведени 919 дела од областа на природно-математичките науки, филозофијата, електротехниката и машинството, компјутерските науки, менаџментот, ликовните науки….. Поголем дел од денеска промовираните книги се од областа на компјутерските науки и информатиката, како и од електротехничките и машинските струки. Премиерот Никола Груевски, кој заедно со заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски присуствуваше на промоцијата, истакна…

повеќе...