Промоција на нови 40 наслови на аудио книги

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и претседателот на Националниот сојуз на слепи лица, Жарко Селковски промовираа нови 40 наслови на аудио книги од Проектот „400 Аудио книги за лица со оштетен вид“. При тоа министерот Спасов истакна дека: „Слепите и слабовидните лица и деца ги имаат истите потреби како и лицата кои гледаат, ги поседуваат истите вештини и можат да дадат многу во сите текови на општествениот живот. Како ресорен министер, не само што чувствувам должност туку ми е чест да ги подржувам во сите нивни настојувања.…

повеќе...

Промовирани 10 нови наслови од проектот 1.000 стручни и научни книги

Нови 10 наслови од областа на медицината и стоматологијата, транспортот и телекомуникациите, туризмот и бизнис логистиката, правото, ликовната уметност, природноматематичките науки, како и од областа на машинството и електротехниката денеска беа промовирани во рамки на владиниот проект за превод на 1.000 стручни и научни книги од кои се учи на врвните светски универзитети. Со денешната промоција, вкупниот број преведени книги од реномирани светски автори изнесува 907. На барање и сугестија на професорите, научниците и познавачите на светската наука, овој проект постојано ќе се надополнува. Почнувајќи од годинава, секоја година проектот…

повеќе...

Промовирани нови 50 наслови од едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“

Нови 50 наслови од едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“ беа промовирани денеска во Националната универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Станува збор за дела од претежно европското книжевно наследство од 19 и 20 век кои првпат се преведени или реобјавени. На оваа деветта по ред промоција на дела од едицијата присуствуваше и премиерот Никола Груевски кој истакна дека овој проект беше замислен со цел да го доближи македонскиот читател до светската литература и да овозможи пристап до класиците на книжевното творештво. „Реализацијата на овој серијал несомнено значи сеопфатно збогатување на литературата…

повеќе...

Ќе се промовира стихозбирката „Во твоја слава“ од Александар Трпески

Утре, недела, ќе се промовира стихозбирката „Во твоја слава“, од охридскиот автор, Александар Трпески. Стихозбирката е збир од песни што создаваат една целина, своевидна драма во четири чина со наслов: Насилство, војна и смрт, Ослободување, Раѓање и Подарок. Промоцијата е се почеток во 18 часот.

повеќе...

Писателот Тоде Илиевски на дружба со ученици од ОУ „Христо Узунов“

За време на посетата на градската библиотека „Григор Прличев“ – Охрид, третоодделенците од ОУ „Христо Узунов“ , воодушевени посебно од збирката книги од роднокајните писатели изразија желба да се запознаат со некој од нив, на што вработените од библиотеката и писателот Тоде Илиевски им излегоа во пресрет, ја исполнија нивната желба и денес, писателот беше гостин во Основното улилиште „Христо Узунов“, меѓу малечките читатели. Во една весела, пријатна атмосфера, децата се запознаа со некои автобиографски податоци за авторот и некои од објавените дела на Тоде Илиевски наменети за најмладата читателска…

повеќе...

Ќе се организира сеќавање во чест на Миодраг Павловиќ, добитник на наградата „Златен венец“ на СВП во 1970 година

НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид, во понеделник (17-ти ноември) ќе организира сеќавање во чест на Миодраг Павловиќ, добитник на наградата „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата во 1970 година. Миодраг Павловиќ е роден во Нови Сад. И покрај тоа што завршил медицински факултет во Белград, најголем дел од својот работен век поминал во културата. Бил директор на белградското Народно позориште и уредник во издавачката куќа „Просвета“. Член е на Српската Академија на Науки и Уметности. Творечкото дело на Павловиќ е богато и разновидно: поезија, проза, драми и патеписи,…

повеќе...

Промовирани нови 30 дела од едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“

Триесет нови наслови од планираните 560 од едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“ беа промовирани денеска во Скопје. Досега се преведени и промовирани вкупно 360 дела, а до крајот на годинава треба да се промовираат 50 нови. „Секое од овие дела има свој значаен удел во продлабочувањето на разбирањето на човештвото со сите негови посебности, традиции, размислувања и перцепции за светот околу нас. Без оглед на жанровската припадност секоја книга носи дел од авторот чии согледувања за животот и времето во кое тој живее се непроценлива можност за секој читател да…

повеќе...

Проектот за превод на стручни книги ќе се дополни со 200 наслови

Нови 11 наслови од проектот за превод на 1000 стручни книги кои се користат на 10-те прворангирани универзитети во светот се преведени и дистрибуирани во библиотеките, а денеска беа претставени на 54-тата промоција од почетокот на проектот (јануари 2009 година). Со новите наслови, кои се од различни области (математика, туризам, економија, ликовна уметност, биотехнички науки…) вкупниот број преведени книги достигна 897, а проектот ќе биде целосно завршен на почетокот на 2015 година. Премиерот Никола Груевски на промоцијата соопшти дека проектот ќе се прошири со уште двесте учебници. „Во новата Владина…

повеќе...

Избрани учениците со најдобри резултати кои ќе го претставуваат Охрид на натпреварот „Млади библиотекари“

НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид ги известува сите ученици од Основните училишта од Охрид и околината дека ги избра учениците кои покажаа најдобри резултати на натпреварот „Млади библиотекари“ кој минатата недела се одржа во Библиотеката. Според комисијата која го организираше натпреварот и ги прегледа резултатите од тестирањето, ученичката Глорија Петреска од 8 одд. од ОУ „Братство и Единство“ од Охрид и ученичката Симона Филкоска од 9 одд. од ОУ „Живко Чинго“ од с. Велгошти, покажаа најдобар успех од сите учесници, односно освоија максимум 150 бодови. Годинава за прв пат…

повеќе...

Македонската литература претставена на саемот за книга во Франкфурт

Под слоганот „Куќа на зборови – куќа на светови” македонското книжевно творештво од 8-12 октомври беше претставено на најголемиот саем за книгата во Франкфурт, на кој на ил­јад­ни­ци квад­рат­ни мет­ри се прет­ста­ву­ва­ат из­да­ва­чи и зем­ји од це­ли­от свет … Автентичниот дизајн на штандот посебно одбраните дела на 18 македонски автори, како и можноста посетителите лично да се запонаат со нив, привлече голема публика. Осумнаесетте автори беа распоредени по шест во три сегменти, секој со различна тема и поврзан со познати мотиви од културното наследство. На штандот беше претставена и современата…

повеќе...