ЈП „Охридски Комуналец“ ги известува граѓаните на Општина Охрид дека утре (сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во У.З.3 „Кошишта„ и У.З.4 „Воска„ (заедно со комплексот згради и куќи во населба „Даљан„) Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во РЕ „Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од ЈП „Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат.
повеќе...Tag: комуналец
Се расчистува коритото на реката Сушица
Со акцијата за расчистување на реките во охридскиот крај се опфати и река Сушица. Екипите на „Паркови и зеленило“ при ЈП „Охридски Комуналец“ го расчистуваа речното корито на Сушица по нејзиното течение по ул.„15-ти Корпус“, „Кленоец“ и „Прилепска“. „Како би се обезбедил непречен проток на речните води во есенскиов период, се отстранува жбунестата вегетација и натрупаниот градежен шут од речното корито, а околниот простор се коси.“– велат од претпријатието.
повеќе...ЈП „Охридски Комуналец“ се вклучува во акцијата „Македонија без отпад 2015“
ЈП „Охридски Комунале“ се вклучува во реализацијата на националната акција за чистење „Македонија без отпад 2015“ која ја организира Министерството за животна средина и просторно планирање и Асоцијацијата Ајде Македонија. Во рамките на оваа акција утре ќе се спроведе расчистување на просторот околу магистралниот пат Охрид-Скопје на потегот од с.Подмоље до сообраќајната клучка на влезот во Охрид каде ЈП „Охридски Комуналец“ ќе ангажра 6 комунални работници и ќе се подигне собраниот отпад.
повеќе...Утре ќе се подигнува кабаст отпад од Горна Влашка Маала
ЈП „Охридски Комуналец”- Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека утре ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во У.З.6 „Даме Груев“ и УЗ 10 „Горна Влашка Мала“ (комплекс згради „Христо Узунов“ , „Карабегобамал“ и „Горна Влашка Mала“). Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во РЕ „Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од ЈП „Охридски…
повеќе...Се подготвува зимската цветна реколта
Во расадникот кој функционира во рамките на работната единица „Паркови и зеленило“ при Ј.П. „Охридски Комуналец“ веќе се подготвува зимската реколта од цветниот расад од видот „виола“ – очиња. Процесот на подготовка започнува со обработка на плодна хумусна земја која е збогатена со органско ѓубриво. Потоа следува никнување на семето во топлите леи на расадникот и засадување на садниците во соодветни саксии со плодна земја. После одреден период кога садникот ќе добие соодветна форма, цврстина и големина, истите ќе бидат засадени во градските парковски површини и ќе ги красат до пролетниот…
повеќе...Продолжува расчистувањето на реката Грашница
Екипите на „Јавна хигиена“ го расчистуваат речното корито на реката Грашница по нејзиното течение на потегот од булеварот „Туристичка“ до улицата „Гоце Делчев“. Оваа акција е продолжение на минатонеделната акција кога машински се расчистуваше речното корито на Грашница во месноста Лескајца, а сега поради тешка пристапност на специјалната механизација, овој потег се расчистува рачно. Речното корито на овој дел од течението има бетонска подлога и се расчистува од тревната и џбунестата вегетација, како и наносите од земја, песок и расфрлан комунален отпад.
повеќе...Се расчистува реката Грашница кај месноста Лескајца
ЈП „Охридски Комуналец“ започна со есенскиот циклус на акции за расчистување на речните корита на реките кои со своето течение поминуваат низ територијата на општина Охрид. „Овие акции се реализираат по налог на локалната самоуправа со цел темелно расчистување на комуналниот отпад и градежен шут кој несовесни поединци го расфрлаат во околните реки, а превентивно ќе се минимализира можноста од прелевање на реките и поплави во околното земјиште.“– информираат од претпријатието. Со првата акција е опфатена р.Грашница по нејзиното течение во месноста Лескајца. Расчистувањето се извршува со специјална механизација-ровокопач, а…
повеќе...Утре ќе се подигнува кабаст отпад од УЗ 12 „Гоце Делчев“ (нас.„Бараки“)
ЈП „Охридски Комуналец” ги известува граѓаните на Општина Охрид дека утре (сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во УЗ. 12 „Гоце Делчев“ (нас.„Бараки“). Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е. „Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од ЈП „Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат.
повеќе...Се уредуваат јавните зелени површини во Подмоље
Во рамките на Програмата за работа на ЈП „Охридски Комуналец“ за годинава е дефинирано и одржувањето на јавната чистота и јавното зеленило во приградските населби и села, каде по однапред запазена динамика се одржуваат јавните површини и хортикултурно се уредуваат зелените површини. „Во согласност со овие активности се расчисти с.Подмоље каде се искоси тревата покрај коловозните ленти и пешачки патеки, се подигна расфрланиот ситен отпад, а потоа се изврши темелно метење на јавните површини.“- информираат од претпријатието.
повеќе...Нов систем за наводнување кај Холандскиот Парк
Екипите на „Паркови и зеленило“ при ЈП „Охридски Комуналец“ поставуваат систем за наводнување во градскиот парк на потегот од Холандскиот Парк до мостот кај каналот Студенчишта. „Со зафатов и овој дел од градскиот парк автоматски ќе се наводнува што претставува главен предуслов за континуирана одржливост на зелените површини.Во тревните површини и делот околу детското игралиште кое во иднина ќе се прошири ќе се постави 150 м. систем за наводнување.“– информираат од претпријатието.
повеќе...