Активности на ЈП „Охридски Комуналец“

Во градскиот парк и плоштад се врши освежување на зелените површини со замена на оштетените садници и засадување на нови садници од цветниот расад „очиња” како и декоративни грмушки. Со покачување на дневните температури се косат и зелените површини. На паркингот во близина на плоштадот „Крушевска Република” се уредуваат крошните од дрвјата. Се расчистува зелениот појас покрај коловозот од магистралниот пат кој води до село Вапила од расфрланиот отпад (хартија, пластика, комунален и друг вид отпад). По налог на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици се подигнува шут од…

повеќе...

Пролетно освежување на дрворедот од албиции по градскиот кеј

Денеска екипите на „Паркови и зеленило” започнаа со пролетно освежување на дрворедот од албиции покрај пешачката патека по „Кеј Македонија”. Се врши кастрење на гранки и санирање на дрворедот на потег градски плоштад до поранешен хотел „Палас”. Во близина на музичкото училиште „Методи Патче”, за потребите на изградбата на пешачката патека, екипите на „Паркови и зеленило” ги отстрануваат корењата од дрвјата кои претставуваат опасност по инфраструктурните елементи кои се поставуваат.

повеќе...

Заврши уредувањето на дрворедот по улицата „7-ми Ноември“

Денеска екипите на „Паркови и зеленило“ ќе завршат со акцијата за средување на дрворедот по ул. „7-ми Ноември” на потегот од поранешната фабрика „Отекс” до ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски” – Охрид. Извршено е санирање на вкупно 86 стебла од постоечкиот дрворед од јавори, лево и десно од коловозот, со уредување на крошните и кастрење на гранките. Следна планирана активност согласно Програмата за јавно зеленило за оваа година на територијата на општина Охрид е уредување на дрворедот покрај пешачката патека по „Кеј Македонија”. Екипите на „Паркови и зеленило“ активно се вклучени во…

повеќе...

Се расчистува улица „Кленоец“

Екипи на ЈП „Охридски Комуналец“, денеска започнаа акција на темелно чистење на улицата „Кленоец” од почетокот до влезот во село Долно Лакочереј. Се метат тротоарите, се отстранува ниската вегетација и темелно се чистат наносите од земја и песок покрај граничниците. Овој потег ќе се расчистува оваа и наредната работна седмица.

повеќе...

Се реконструира дрворедот по улицата „7-ми Ноември”

Екипите на „Паркови и зеленило” денеска започнаа акција за средување на дрворедот по ул. „7-ми Ноември” на потегот од поранешната фабрика „Отекс” до ОЕМУЦ. „Св.Наум Охридски“. „Постоечкиот дрворед од јавори, лево и десно од коловозот, ќе се санира со кастрење на крошните од дрвјата на кои ќе им се даде форма пред пролетното раззеленување и оформување, а ќе се создадат подобри услови во движењето на пешаците и возилата.“– велат од претпријатието. Оваа акција ќе се одвива етапно во текот на месец март и се реализира согласно Програмата за јавно зеленило…

повеќе...

Се санираат дрвјата и гранките во УЗ „Гоце Делчев“

Екипа на ЈП „Охридски Комуналец“ денес ги санираше дрвјата и ги сечеше гранките во шумскиот дел од УЗ 12 „Гоце Делчев” населба, Бараки. Една екипа на ова претпријатие работеше на раскопување и расчистување на земјата околу засадените повеќегодишни растенија и декоративни грмушки во градскиот парк, паркот на градскиот плоштад и зелената површина помеѓу двете коловозни ленти на „Булевар Туристичка”.

повеќе...

Се расчистува кај Грашница, малото пристаниште и Лескоец

По налог на општинскиот инспекторат се расчистува крајбрежниот појас на Охридско Езеро на потегот од западната страна од охридското Кале до вливот на река Грашница. Езерските води на површина имаат исфрлено големи количини неразградлив комунален отпад: пластична амбалажа, најлони, како и хартија и друг вид отпад (ќе се подигнат 4 м3), пластична амбалажа, најлони, како и хартија и друг вид отпад. Кај малото пристаниште пред х.Палас синоќешниот ветер од јужен правец натрупа големи количини отпад : трска и друг вид комунален отпад, кој се расчистува рачно од езерските води. Се…

повеќе...

Се чисти УЗ „Гоце Делчев“

Денеска екипите на „Услужна хигиена” спроведуваат акција за генерално чистење на УЗ 12 „Гоце Делчев” (Бараки). Бидејќи сообраќајниците од оваа населба се вклучени во поприоритетните улици кои се одржуваат со Програмата за зимско одржување на територијата на општина Охрид за 2014/2015 год., темелно се метат јавните површини од наноси од песок и земја и се расчистува расфрланиот отпад.

повеќе...

Се расчистуваат јавни површини од Охридското кале

Екипа на ЈП „Охридски комуналец“, денеска работи на сечење гранки и санирање на дрвја на делот од охридското Кале, лево и десно од улицата „Св. Кирил и Методи“ која води од Горна Порта до месноста Дрвара. Во акцијата се ангажирани 4 работници.

повеќе...

Се расчистува просторот каде ќе се гради модерна пешачка патека

Екипи на ЈП „Охридски комуналец“ денеска работат на сечење на гранки и дрвја на просторот каде треба да се изгради пешачката патека после каналот „Студенчишта“.

повеќе...