Со паѓањето на првиот снег дежурните екипи на „Охридски Комуналец“ веднаш во 21 часот излегоа на терен. Согласно Програмата за зимско одржување на територијата на општина Охрид, екипите делуваа по приоритет на улици и реони со специјалните возила кои претходно беа ставени во состојба на приправност. Коловозите се посипуваа со мешавина од сол и ризла за непречено одвивање на сообраќајот. Интервенирано е со 9м³ абразивни средства по улиците од Стар Град, населба „Гоце Делчев“-„Бараки“ и сообраќајниците од градот, информираат од претпријатието.
повеќе...Tag: комуналец
Комуналец подготвен за работа во зимски услови
Екипите на Ј.П. „Охридски Комуналец“ деновиве ги интензивираа подготовките за подобро функционирање на сите свои служби во зимски услови. Согласно најавите од Управата за хидрометеоролошки работи за снежни врнежи, екипирани се дежурните служби кои се на располагање 24 часа, дефинирани се приоритетните улици и подрачја на делување, дефинирана е специјалната механизација и абразивни средства. Во стариот дел од градот, поради специфичноста на теренот, пристапните патеки и степенеци ќе се чистат рачно, па од тие причини на повеќе пунктови се депонирани 50 вреќи сол. Обезбедени се доволни количини за расчистување на…
повеќе...Во сабота акција за зелен отпад од населбата У.З.14 „Радојца Новичиќ“ (Црногорци)
Ј.П. „Охридски Комуналец“ – Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на 23 ноември (сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) од населбaта У.З. 14 „Радојца Новичиќ“ (Црногорци). Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10:00 часот и претходно да го пријават во Р.Е. „Механизација“ на телефонот 046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П. „Охридски Комуналец“ благовремено да го…
повеќе...Нови леи со ружи ќе го красат Охрид
Најпрометната улица во Охрид -„Булевар Туристичка“ ќе ја красат нови леи со ружи, растение кое со право го носи приматот кралица на цветовите. Од денеска се започна со засадување на потегот од спортската сала до сообраќајницата кај гимназијата. На овој потег се засадуваат 150 садници ружи од различен вид и различни нијанси од бои. Со оваа активност ќе се продолжи по целата должина на „Булевар Туристичка“, а предвидено е леи со ружи да ги красат и другите фреквентни сообраќајници.
повеќе...ЈП „Охридски Комуналец“ во моментов ја разгледува можноста за интензивирање на процесот на селекција на отпад
Во однос на предлогот за селекција на отпад од ОК на ВМРО-НП, Ј.П. „Охридски Комуналец“ со одговор дека претпријатието во моментов ја разгледува можноста за интензивирање на процесот на селекција на отпад. „Имено изминативе години на територијата на општина Охрид како и на територијата на цела Република Македонија веќе се врши одреден степен на селекција на ПЕТ амбалажа и хартија преку наменски контејнери и мрежи за хартија. ЈП Охридски Комуналец веќе ја планира следната фаза во однос на селекцијата на отпадот што би се реализирала во самите домаќинства како што впрочем тоа…
повеќе...Јавен конкурс за избор на директор на ЈП „Охридски Комуналец“
Врз основа на член 19-а од Законот за дополнување на Законот за јавни претпријатија ( Службен весник на Р.М бр.22/2007 ), како и врз основа на Одлуката за распишување на јавен конкурс за избор на директор на ЈП ‘‘Охридски Комуналец‘‘ Охрид бр.08-6946/1 од 13.11.2013 година, Градоначалникот на Општина Охрид објавува: ЈАВЕН КОНКУРС за избор на Директор на Јавното Претпријатие за комунална дејност ЈП ‘‘Охридски Комуналец‘‘ Охрид Кандидатите за директор на ЈП ‘‘Охридски Комуналец‘‘Охрид, треба да ги исполнуваат следните услови, потребни за извршување на работата, предвидени во Законот за јавни претпријатија…
повеќе...Во сабота акција за подигнување на зелен отпад од населба „Видобишта“
Ј.П. „Охридски Комуналец“ – Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на 16-ти ноември (сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) од населбa „Видобишта“. Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10:00 часот и претходно да го пријават во Р.Е. „Механизација“ на телефонот 046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П. „Охридски Комуналец“ благовремено да го подигнат. Зелениот отпад треба…
повеќе...Одбележан 7-ми ноември – патронот на ЈП „Охридски Комуналец“
Ј.П. „Охридски Комуналец“ денес го одбележа својот патронен празник „7-ми ноември“. Во административните простории на Ј.П.„Охридски Комуналец“, во присуство на градоначалникот Никола Бакрачески, на 12 вработени им беа врачени награди за 10, 20 и 30 години непрекината работа во ЈП „Охридски Комуналец“. Исто така доделени се 4 награди за најуспешен работник за покажана успешност во работата во 2013 година. Во продолжение во целост Ви го презентираме говорот од директорката на ЈП „Охридски Комуналец“, Елена Скрческа: „Според пишаните документи првите почетоци на претпријатието датираат од далечната 1952 г. Во текот на…
повеќе...Во сабота акција за зелен отпад во населбите „Воска“ и „Даљан“
Ј.П. „Охридски Комуналец“ – Охрид ги известува граѓаните на општина Охрид дека на 9-ти ноември (сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива ограда и др.) од населбите „Воска“ и „Даљан“. Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10:00 часот и претходно да го пријават во Р.Е. „Механизација“ на телефонот 046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П. „Охридски Комуналец“ благовремено да го подигнат. Зелениот…
повеќе...Максимален ангажман на „Јавна хигиена“ во есенскиов период
Екипите на „Јавна хигиена“ есенскиов период со зголемен ангажман го подигаат паднатиот лист од јавно-прометните површини. Дневно се собира и подига околу 15 м³ непресуван лист од градскиот парк, коловозите и тротоарите во централните и периферните делови од општина Охрид, кој потоа се транспортира во расадникот, каде истиот се компостира. Заради неповолните временски услови во изминативе два дена и засилениот ветар од јужен правец, езерските води по градскиот кеј исфрлија големи количини окрек, реса и друг вид отпад. На расчистувањето ќе се работи во наредните три дена бидејќи, според првичните…
повеќе...