Ј.П. „Охридски Комуналец“ – Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 12.10.2013 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) од населбите „Воска“ и „Даљан“. Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10:00 часот и претходно да го пријават во Р.Е. „Механизација“ на телефонот 046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П. „Охридски Комуналец“ благовремено да го подигнат.
повеќе...Tag: комуналец
Кај „Мазија“ ќе никне ново зелено катче
Кај областа „Мазија“ која се наоѓа во близина на обновеното живеалиште на жолтиот локвањ, екипите на „Охридски Комуналец“ деновиве работаат на формирање на ново зелено катче. Железната ограда која беше поставена во тревниот дел покрај каналот е дислоцирана и сиот простор ќе се расчисти од обраснатите жбунови, трње и расфрланиот отпад. Земјениот дел ќе се обработи и ќе се засадат украсни зимзелени садници, листопадни садници и сезонско цвеќе според естетско хортикултурно решение. Со тоа градскиот парк ќе биде збогатен со ново катче кое во иднина ќе биде тековно одржуван од…
повеќе...Се расчистува предворјето на црквата Св.Софија
Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ утрово отпочна сеопфатна акција за расчистување на предворјето на црквата Св.Софија. Акцијата опфаќа уредување на тревникот пред црквата, западниот дел на црквата Св.Софија кадешто во летниот период се одржуваат дел од настаните на фестивалот „Охридско Лето“, се расчистува сметот, а внатрешноста на колонадите ќе се дезинфицира. Граѓаните од стариот дел на градот изразија голема благодарност за расчистувањето и апелираа, и во иднина да се сочува чистотата кај црквата Св.Софија, бидејќи е еден од најрепрезентативните објекти во стариот дел на Охрид. На 10 октомври 2013, во рамките…
повеќе...Се средува просторот кај поранешната зграда на МРТВ
Со соодветна механизација, по налог на Локалната самоуправа, денеска екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ го уредуваат просторот кај поранешната зграда на МРТВ. Просторот кој веќе со години е запуштен со искршени прозорци, изгравирани ѕидови и пропадната фасада, претставува собиралиште на скитници и зависници на дрога, а жителите години наназад апелираат да се интервенира и да се уреди просторот конечно ќе го добие својот урбан изглед. Според предвиденото , денеска се сечат гранките на дрвјата и се чисти депонијата која со години се шири. Од понеделник екипи на Ј.П. „Нискоградба“ ќе…
повеќе...Акција за кабаст отпад од „Христо Узунов“, „Карабегомала“, „Горна Влашка Маала“ во сабота
Ј.П. „Охридски Комуналец“ – Охрид, ги известува граѓаните на општина Охрид дека на 5-ти октомври (сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) од населбите „Христо Узунов“, „Карабегомала“ и „Горна Влашка Маала“. Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10:00 часот и претходно да го пријават во Р.Е. „Механизација“ на телефонот 046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П. „Охридски Комуналец“ благовремено да го подигнат.
повеќе...Македонија без отпад
Во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање и асоцијацијата „Ајде Македонија“, на 5-ти Октомври (сабота) и годинава ќе се спроведе кампањата „Македонија без отпад“ која има за цел да допринесе за здрава и чиста животна средина и развивање на свеста кај граѓаните за правилно управување со отпадот. Годинешната акција е поддржана од Општина Охрид во соработка со ЈП „Охридски Комуналец“ и ќе се спроведе во сабота (5 октомври) на локалитетот Кале со почеток во 08 часот. Сите заинтересирани граѓани можат да се вклучат во акцијата на два…
повеќе...Се чисти речното корито на Велгошка Река
По налог на Општина Охрид, а согласно испланираните годишни редовни и вонредни активности, екипите на „Охридски Комуналец“ деновиве го расчистуваат речното корито на Велгошка Река, во близина на поранешната фабрика „Езерка“. Се работи комбинирано, со употреба на специјална механизација, но поради непристапноста на теренот голем дел од активностите за расчистување се одвиваат и рачно. Се очекува да се подигнат 30 м³ отпад: натрупана земја, чакал, пластична амбалажа и друг вид отпад. Со ова ќе се минимизира можноста за прелевање на водата од своето речно корито и поплавување на околното земјиште.
повеќе...Охрид ќе биде препознатлив по палмите
Расадникот кој функционира во рамките на работната единица „Паркови и зеленило“ нуди широк асортиман од декоративните садници од видот палми- „trachycarpus fortunei“. Овие тропски растенија заради својата украсна вредност и егзотичен изглед, на парковските површини им даваат посебна убавина и изглед. Палмите од видот „trachycarpus fortunei“ добро се аклиматизирани на временските услови во охридскиот крај, отпорни се на ниски температури, а есенскиот период е идеално време за нивно засадување. Палмите се по пристапна и сега намалена цена, а граѓаните во Расадникот можат да добијат корисни совети околу нивното засадување и…
повеќе...Интервју со директорката на ЈП „Охридски Комуналец“ – Елена Скрческа
Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ има одлична можност во следниов период да го оправда претходно донесеното мото: „Охрид – препознатливо чист“. Причина повеќе за тоа не се само промените на Локалната власт, туку и промените на раководното место во ЈП „Охридски Комуналец“. Од оваа година прв човек на претпријатието е жена! Жена која повеќе од три децении е сврзана со ова јавно претпријатие од кое зависи и впечатокот за убавиот Охрид. Разговараме со госпоѓа Елена Скрческа, вршител на должноста директор на ЈП „Охридски Комуналец“… WebOhrid: Најпрво, како се чувствувате како прв човек…
повеќе...Во сабота акција за кабаст отпад од населба „Гоце Делчев“
Ј.П. „Охридски Комуналец“ – Охрид ги известува граѓаните на општина Охрид дека на 28 септември (сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) од населба „Гоце Делчев“ позната како „Бараки“. Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10:00 часот и претходно да го пријават во Р.Е. „Механизација“ на телефонот 046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П. „Охридски Комуналец“ благовремено да го подигнат.
повеќе...