Цеца и неверојатни 15.000 фанови на „Билјанини извори“

Светлана Ражњатовиќ – Цеца синоќа на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид ги надмина очекувањата. И на организаторите и на публиката. Пред почетокот на концертот стотици фанови останаа пред врата затоа што српската фолк дива го распродаде охридскиот стадион. Нешто повеќе од 15.000 луѓе во еден глас пееја хитови и не само од последниот албум. „Лепи громе мој“, „Жуто пиле„, „Позив“, „Име и презиме“ беа парчиња од една цела музичка приказна низ која ги водеше неуморната Цеца. Со посвета за секоја песна не ги забораваше ниту мажите ниту жените во публика…

повеќе...

Македонија на светската културна мапа – Спектакл кој треба да се доживее

Со еклектичниот настап на култниот детроитски диџеј Дерик Меј и Македонската филхармонија во автентичниот простор на Античкиот театар во Охрид утре, 2 август, со почеток во 22 часот, Македонија ќе биде ставена на светската музичка мапа. Организаторите најавуваат досега невидено шоу на овие простори. Дерик Меј е долгогодишен пријател на Македонија. Досега има настапувано преку десет пати на различни сцени низ земјава, која ја сака, во која стекна пријатели, во која ужива во природните убавини и културни наследства и чија храна ја обожува. На овој значаен ден за Македонија, 2…

повеќе...

Утревечер концерт на музичката младина на Македонија под диригентската палка на Емилио Перцан

Утре во црквата „Света Софија“ концерт ќе одржи Оркестарот на Музичката младина на Македонија под диригентската палка на Емилио Перцан. Како солисти ќе се појавуваат младите музичари – членови на оркестарот, а на концертот ќе учествува и германската чембалистка Тамила Галиева. Музичката младина на Македонија е национална невладина организација која работи преку, со и за млади луѓе, развивајќи ја нивната креативност и поддржувајќи го нивното почетно јавно претставување на полето на музичката уметност. Досега има направено повеќе од 9.000 манифестации, концерти, мајсторски курсеви, курсеви за млади менаџери во културата, привлекувајќи…

повеќе...

Утре на Охридско лето – Концерт од творечкиот опус на композиторот Томислав Зографски

На 29 јули (вторник) во црквата „Света Софија“ на програмата на фестивалот „Охридско лето“ е концертот со наслов „ОД ТВОРЕЧКИОТ ОПУС НА КОМПОЗИТОРОТ ТОМИСЛАВ ЗОГРАФСКИ (1934-2000) – КОН 80 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО“. „Македонското музичко творештво секогаш зазема достојно место на фестивалските програми. Организираме авторски концерти, настојуваме делата на нашите композитори да звучат во изведбата како на македонските уметници, така и солистите и ансамблите од странство. Овој пат авторската вечер му е посветена на еден од најзначајните македонски музички творци Томислав Зографски, со што фестивалот се вклучува во одбележувањето на 80…

повеќе...

Цеца: Среќна сум и возбудена што конечно ќе се појавам пред публиката во Охрид

Досегашната продажба на влезниците за концертот на најголемата српска музичка ѕвезда, Цеца, вели дека на стадионот „Билјанини извори“ на 1 август во 21 часот ќе има повеќе од 20.000 луѓе. Истите тие, ќе имаат неповторлива можност во живо да го преслушаат албумот „Позив”. Истиот оној албум со кој што во регионот Светлана Ражњатовиќ – Цеца рушеше рекорди на слушаност и посетеност на концертите. Неработниот понеделник го продолжи периодот во кој влезницата за концертот на Цеца ќе ве чини 600 денари, до среда. Од среда до денот на самиот концерт ќе…

повеќе...

„Охридско лето“ и „Танец“ за спас на еден детски живот

Вечерва на Антички театар, во рамките на Охридско лето, со почеток од 21 часот концерт на ансамблот на „Танец“ кој цели шест децении е симбол на македонскиот фолклор, традиција и култура. Фестивалот и овојпат ќе биде во знакот на хуманоста. Заедно со Танец несебично ќе ја помогнат акцијата на новинарите за спас на 11 годишното момче од Охрид кое боледува од многу тешка  болест (прогресивна мускулна дистрофија). Потребна е итна операција на клиниката “BY” во Пекинг,  која чини 35 000  евра. Семејството не е во состојба да ги плати трошоците…

повеќе...

Продадени рекорден број влезници за концертот на Цеца

По само неколку дена отворена продажба на влезниците за концертот на Цеца, организаторот објавува бројки од рекордно брзата продажба. Имено, за само неколку дена продадени се повеќе од 3.000 влезници по првичната цена од 500 денари. Истата останува уште денес. Веќе од утре, влезниците ќе чинат 600 денари, се до 27 јули. За оние кои што знаат во колкав тираж се распордаваше последниот албум на Светлана Ражњатовиќ – Цеца, ова не би требало да е никакво изненадување. „5 минута”, „Да раскинем са њом”, „Добро сам прошла”, “Име и презиме” се…

повеќе...

Општината ќе поддржи низа културни случувања во Охрид

Со цел да се укаже на значењето на културните вредности  кои се наша  придобивка  и како такви  мора  да ги негуваме, Општина Охрид и годинава  застанува односно  финансиски поддржува  низа културни манифестации кои  се  одржуваат во Охрид. Меѓу културните настани кои  во наредниов летен период  не очекуваат а зад кои застанува Општина Охрид се,културно забавното лето во Трпејца „На зајдисонце“, традиционалната вечер на Живко Чинго, фестивалот на ново компонирани народни песни „Песна на летото“, Поетската ноќ во Велестово , Илинденскиот марш , фестивалот „Охридски Трубадури“, Фестивалот на духовна музика и…

повеќе...

Спектакуларно отворено 54-то издание на фестивалот „Охридско лето“

Со спектакуларен настап на големите италијански ѕвезди, сопранот Барбара Фритоли и баритонот Лео Нучи вечерва на прекрасната сцена на Античкиот театар во Охрид беше отворено 54.издание на фестивалот „Охридско лето“. Тие настапија заедно со диригентот Луис Горелик од Аргентина и Македонската филхармонија која со овој гала-концерт одбележа 7 децении од своето постоење. Фритоли и Нучи изведоа дел од познатите оперски арии на Верди, како што се „Дон Карло“, „Травијата“, „Моќта на судбината“ и други. 54-тото „Охридско лето“ за отворено го прогласи претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, покровител на фестивалот,…

повеќе...

Претседателот Иванов се сретна со организаторите и уметниците кои ќе го отворат фестивалот „Охридско лето“

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска во „Вила Билјана” во Охрид ги прими организаторите на фестивалот „Охридско лето”, како и светски познатиот сопран, оперската ѕвезда од Италија,  Барбара Фритоли, италијанскиот баритон  Лео Нучи и аргентинскиот диригент Луис Горелик, со чии настапи свечено ќе биде отворено годинешното 54 –то издание на фестивалот. Во пресрет на утрешното отворање на „Охридско лето”, македонскиот претседател изрази задоволство од годинешната програма, посочувајќи дека фестивалот дава исклучителен придонес за промовирање на македонската култура во светот, како и на најзначајните светски културни достигнувања пред македонската…

повеќе...