Виолинистот Немања Радуловиќ од Србија и пијанистката Сузан Маноф од САД вечерва на „Охридско Лето“

Вечерва во Црквата „Св.Софија“ со почеток во 21 часот на програмата на „Охридско Лето“ ќе настапат Виолинистот Немања Радуловиќ од Србија и пијанистката Сузан Маноф од САД, со изведба на дела од Чајковски, Моцарт, Бах, Франк, Равел. Немања Радуловиќ се вбројува меѓу највпечатливите уметници од младата генерација на денешната музичка сцена, со своите атрактивни настапи одушевувајќи го аудиториумот. Радуловиќ е добитник на престижните награди „Јоахим“ во Хановер, „Џорџе Енеску“, „Антонио Страдивари“ „Јехуди Мењухин“, „Вијенјавски-Липински“ во Полска. Тој беше прогласен за International Revelation of the Year” од Victoires de la Musique…

повеќе...

„Пијанисти лауреати на меѓународни натпревари во 2012“ на „Охридско Лето“

Вечерва во црквата „Св.Софија“ со почеток во 21 часот на програмата на „Охридско Лето“ се пијанистите Варвара Непомнјашчаја и  Арсениј Тарасевич-Николаев, лауреати на меѓународни натпревари во 2012 година. Варвара Непомнјашчаја во 2012 г. одржа сјајна победа на престижниот пијанистички натпревар „Геза Анда“ во Цирих, одушевувајќи ја публиката и добивајќи суперлативни оѕиви од стручното жири: брилијантната техника, нијансирање, емотивност, интелигенција… На овој триуфм му претходеа години студирање на Руската Музичка академија „Гњесини“, Конзерваториумот „Чајковски“, усовршување во Германија кадешто сега и предава на Хамбуршкиот Универзитет на музика и театар, а, исто така,…

повеќе...

„ZZ QUARTET“ вечерва на „Охридско Лето“

Вечерва со почеток во 21:00 часот во предворјето на Црквата „Св.Софија“ на репертоарот на „Охридско Лето“ е „ZZ QUARTET“. Впечатливите иницијали на бендот ZZ потекнуваат од презимињата на иницијаторите Ратко Зјача (гитара) и Симон Занчини (хармоника). По сензационалниот деби-албум „The Way We Talk“ (In + Out Records), тие започнаа да свират заедно со Мартин Ѓаконовски (бас) и Адам Нусбаум (тапани) со што пишуваат ново поглавје во историјата на џез-музиката. Симон Занчини вели: „Она што со сигурност го имаме се европејските корени, многу класични влијанија, фолкор, авангарда, импровизација, а понекогаш и…

повеќе...

Пијанистите Марк Соле Лери и Фредерик Шовел од Франција на „Охридско Лето“

Вечерва со почеток во 21 часот во црквата „Св.Софија“ на програмата на „Охридско Лето“ ќе настапат двајцата пијанисти Марк Соле Лери и Фредерик Шовел од Франција со изведба на дела од Моцарт, Дворжак, Менделсон-Мошелес, Пуланк, Мијо. Пијано дуото Марк Соле-Лери – Фредерик Шовел го сочинуваат двајца успешни пијанисти – претставници на француската изведувачка школа. Во текот на своето повеќегодишно постоење дуото се промовира како еден од најуспешните ансамбли од ваков вид во Франција и надвор од неа, а неодамна стана добитник на наградата на конкурсот „Grieg“ во Осло, Норвешка. Ансамблот…

повеќе...

Пијанистот Рудин Ленго (Албанија – Канада) вечерва на „Охридско Лето“

Вечерва со почеток во 21 часот на програмата на „Охридско Лето“ во предворјето на Црквата „Св.Софија“ ќе настапи пијанистот Рудин Ленго од Албанија-Канада. Изведбата на Рудин Ленго ја карактеризираат како „длабока, имагинативна и исклучително комуникативна“. Во изминатите неколку години тој освоил повеќе награди на натпреварите во Америка и Велика Британија меѓу кои „Glenn Gould School Concerto Competition“ (2012), „Knigge Music Competition“, „TD Elora Competition“ (2010), „William C. Byrd International Competition“, „Mary Winston Smail Memorial Award“ за најдобар пијанист, како и бројни стипендии и грантови од различни универзитети и фондации. Студиите…

повеќе...

Вечер на Европската Унија на „Охридско Лето“

На програмата на „Охридско Лето“ вечерва, во Света Софија фестивалските возбудувања продолжуваат со концерт на Baltic Guitar Quartet во рамките на Вечер на Европска Унија.   Концертот на познатиот и атрактивен квартет на гитари, започнува од 21 часот. На програмата се дела на Бокерини, Рукс, Рубенс, Пјацола, Брамс, Metallica.  „Квартетот BGQ е водечки ансамбл на гитари во Балтичките земји, а членовите на квартетот се победници  на различни натпревари и активни солисти, а нивната музика е сензитивна, колористична и рафинирана без претенциозност“, вели селекторката на музичкиот дел на програмата Гордана Јосифова…

повеќе...

Етно звуците ќе го милуваат Антички

Во организација на општина Охрид и под покровителство на Градоначалникот Никола Бакрачески, една од најпопуларните македонски бендови, групата Љубојна, ќе настапи на целовечерен концерт на Антички театар, чиј влез е слободен за сите вљубеници на македонскиот мелос со современ ритам. Од 2001 година креирајќи ја современата музичка сцена, групата Љубојна се занимава со градењето на популарен македонски музички јазик, а на седми овој месец пред големиот празник Свети Климент летен, кога се слави заштитникот, патронот на градот ќе настапи на фантастичниот амбиент на Антички театар. Концертот кој ќе започне во…

повеќе...

Роби Лакатош ансамбл од Унгарија на „Охридско Лето“

Вечерва на Античкиот театар со почеток од 21:00 часот на репертоарот на „Охридско Лето“ е Роби Лакатош ансамбл-Унгарија. Роден во легендарното семејство на ромските виолинисти со потекло од Јанош Бихари, „Кралот на ромските виолинисти“, Роби Лакатош пораснал со музиката и на 9-годишната возраст дебитирал како прва виолина во ромскиот оркестар. Неговата музикалност се развивала не само преку семејството, но и на Конзерваториумот „Бела Барток“ во Будимпешта кадешто во 1984 г. ја добил 1-та награда по класична виолина. Во 1986-96 гг., заедно со неговиот ансамбл, Лакатош го воодешувувал аудиториумот на “Les…

повеќе...

Јубилеен концерт на „Охридско Лето“ – 50 години Музичка младина на Македонија

Во црквата Света Софија, вечерва со почеток од 21:00 часот во рамките на фестивалската програма на „Охридско Лето“ јубилеен концерт, 50 години Музичка младина на Македонија.  Камерниот оркестар на музичка младина на Македонија, под диригентската палка на Саша Николовски  Ѓумар и солистот  Катерина Бачевска – флејта ,  ќе изведат дела на Моцарт, Бах, Бритн, Сарасате, Пјацола, Шчедрин, Хајдрих. Камерниот оркестар на музичка младина на Македонија постои повеќе од 28 години и е основан како прв сегмент на летниот музички камп на Музичката младина на Македонија, во Охрид 1986 год. Овој…

повеќе...

Пијанистката Марија Ѓошевска вечерва на „Охридско Лето“

Вечерва со почеток во 21:00 часот во предворјето на црквата Св.Софија на репертоарот на „Охридско Лето“ е македонската пијанистка Марија Ѓошевска, со изведба на дела од Шуберт, Шопен, Шуман. Марија Ѓошевска  е еден од најистакнатите и најактивни пијанисти во Република Македонија со врвни професионални перформанси, виртуозност и изразита индивидуалност. Марија Ѓошевска дипломира, магистрира и докторира на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на истакнатиот педагог проф. Борис Романов. Добитник е на повеќе награди на државни и меѓународни натпревари. Како солист и камерен музичар настапува на бројни реномирани меѓународни…

повеќе...