Хуманоста на дело „Предновогодишен хумантиран концерт“ на охридската Гимназија

На 29-ти декември во 20.00 часот ОСУ „Св. Климент Охридски” приредуваат спектакуларен Хуманитарен концерт во Центарот за култура „Григор Прличев” под мотото „Let’s get Loud – Хуманоста на дело” и порачуваат: „Ние не сме професионалци ние сме гимназијалци кои ќе го кренат својот глас во името на хуманоста. Дојдете да го видите најдоброто од Охрид !!!!! Ве очекуваме заедно да ја завршиме годината со најголемта журка во градот ..можеби и пошироко. LET’S GET LOUD AND PARTYYYYYYYYY!“

повеќе...

Предновогодишен концерт во ЦК „Григор Прличев“

Во недела, во НУ Центар за култура „Григор Прличев” – Охрид ќе се одржи предновогодишен концерт, на кој ќе настапат Студио „Визави”, дечињата од  ЈОУДГ „Јасна Ристеска” – Охрид, „Распеано Рибарче“ и Дедо Мраз. Концертот ќе се одржи во недела, со почеток во 12 часот, а влезот чини 50 денари.

повеќе...

Одржан Новогодишниот хуманитарен концерт во Центарот за култура

Музика и хуманост беа двете основни бои кои ги мешаа и комбинираа уметниците Петар Маркоски, Богдан Василевски , Ѓоко Танески, Дамјан Пејчиноски и The Backdoor band, поткрепени со новогодишните сценски креации на Impact group, квалитетниот звук на ELBO, прекрасно модераторство на Ена Тунтева и отворените срца на бројната публика, на вчерашниот новогодишен хуманитарен концерт кој во организација на Црвен крст Охрид се одржа во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид. Полни два часа охридската публика уживаше, се забавуваше и ги потпевнуваше рефрените на познати македонски и светски евергрини и…

повеќе...

Новогодишен хуманитарен концерт во Центарот за култура

Празници се ближат и вистинско време е да бидете хумани и израдувате некого. Не пропуштајте ја приликата да уживате во прекрасните изведби на охридските музичари Петар Маркоски, Дамјан Пејчиноски, Богдан Василевски, Ѓоко Танески, The Bacdoor Band, кои ќе бидат носители на Новогодишниот хуманитарен концерт, што во организација на Црвен крст Охрид ќе има за цел музиката и забавата да ја преточи во хуманост. Средствата собрани од продажбата на влезници и прекрасни новогодишни креации изработени од децата од Оригами клубот при Црвен крст Охрид, ќе бидат наменети за набавка на новогодишни…

повеќе...

Спектакуларен концерт на „Дримкол“ од Вевчани во МНТ Скопје

Синоќа во македонскиот народен тетар во Скопје, КУД „Дримкол“ од Вевчани уште еднаш ја потврди својата професионалност, достоинство, квалитет и целосно го оправда епитетот Верен чувар на Македонската и Вевчанската култура и традиција. На големата сцена на МНТ, синоќа настапија 95 уметници на Дримкол, членови на фолклорниот ансамбал, патувачкиот театар, пејачката група и големиот народен оркестар. На програмата беа застапени фолклорни сценски обработки од Вевчани, Охрид, Битола и од Егејските делови на Македонија. Синоќешниот концерт на Дримкол понуди еден различен пристап кон презентацијата на фолклорот во Македонија, сосема различен концепт…

повеќе...

Концерт на КУД Дримкол од Вевчани вечерва во МНТ

КУД Дримкол од Вевчани денеска во 19 часот во новиот македонски народен театар во Скопје ќе одржи концерт со наслов „Едно видување еден век“.  „Темата се однесува на важноста на човечките меѓусебни пријателски односи во општественото денешно живеење, во ова сурово време, потребата од разговор човек со човека. Истото ќе биде презентирано и од членови актери на патувачкиот театар кој работи во склоп на КУД Дримкол, Вевчани. Во делот на фолклорната презентација ќе бидат застапени песни и ора од јужно и западно играорно подрачје“, вели претседателот на КУД Дримкол, Тошо…

повеќе...

Фолк пејачот Гаги Тришески го живее македонскиот сон во Швајцарија

Фолк пејачот Гашо Тришески, пoзнат како Гаги по потекло e од Кичево, а веќе долги години наназад работи и живее во Базел-Швајцарија. Во музичките води сериозно запливува уште кога живеел во Кичево но неговите големи и забележителни успеси се на швајцарска територија. Имено,неофицијално дознаваме дека Гаги на своите настапи низ градовите каде што има македонци низ Швајцарија, зема вртоглаво големи хонорари и дека е доста баран по тамошните забави и свечености. Кога го прашавме за хонорарор, тој скромно ни одговори дека секој човек кој својата работа ја работи со љубов…

повеќе...

Ќе се собираат доброволни прилози за помош во лечењето на охриѓанецот Марјан Вељаноски

Црвен крст Охрид, информира дека музичкиот настан-промоција на албумот „Ретро перспектива“ на младата џез пејачка Стефанија Милеска од Битола, кој денес ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 18 часот ќе биде со хуманитарен карактер. Влезот за присуство на настанот останува слободен, а на влезот во големата сала ќе бидат поставени собирни каси на Црвен крст Охрид во кои ќе се собираат доброволни прилози за помош во лечењето на нашиот сограѓанин, 30-годишниот Марјан Вељаноски. Во договор со пеачката Стефанија, и дел од средствата од продажбата на…

повеќе...

Светската музичка атракција 2CELLOS во Метрополис Арена

Супергрупата од двајца, 2CELLOS (Ту Челос) на Лука Шулиќ и Стјепан Хаузер, познати како Хрватите кои го освоја целиот свет, доаѓа во Скопје. 2CELLOS ќе настапат пред македонската публика на 4. декември на сцената на Метрополис Арена. Концертот е дел од офф-програмата на „Таксират“ кој за своето 17. издание подготвува повеќе настани кои ги задоволуваат различните музички вкусови. Во тоа име, на овој концерт на „Таксират“ кој е организиран во сорабтока со културната манифестација „Охридско Лето“, маестралните 2CELLOS гарантираат незаборавно доживување и за оние со најпрефинет музички вкус. Дотолку повеќе…

повеќе...

Овации за Македонската Филхармонија, Дуке Бојаџиев и Каролина Гочева во Карнеги Хол

Камерниот оркестар на Македонската Филхармонија, првпат во историјата, заедно со солистот Дуке Бојаџиев настапи во престижниот Карнеги Хол во Њујорк, кој има 125 годишна традиција и во кој редовно концертираат најголемите музички имиња на денешницата. Македонската музика наиде на одличен прием кај американската публика, со долготрајни овации на крајот на концертот на камерниот оркестар, засилен со Бојаџиев и Каролина Гочева, јавува Македонската телевизија. „Целиот концерт беше на македонски, во среде Њујорк во Карнеги Хол. И имав доста пријатели не-Македонци, половина од публиката беа од Њујорк или од светот, но беа…

повеќе...