Во преубавиот амбиент во манастирскиот комплекс „Св. Наум“ синоќа свечено беше отворена првата меѓународна конференција за авантуристички(активен) туризам што од 10 до 12 мај се одржува во Охрид. Со погача, ракија, локум и со препознатливите звуци на „Билјана платно белеше“ беа пречекани претставниците на дипломатскиот кор во земјава, над 300 туроператори и новинари од „Лонли планет“, „Национал географик“,„Њујорк тајмс“ , “Гардијан“ и други светски медиуми кои се дел од настанот. Тие имаа можност да вкусат специјалитети на традиционалната охридска и македонска кујна, а дегустираа и од надалеку познатите македонски вина.…
повеќе...Tag: конференција
Охрид домаќин на меѓународната конференција AdventureNext Balkans
Имајќи го во предвид растечкиот пазар на производи, услуги и корисници во делот на авантуристички ( активен) туризам Швајцарската влада , општина Охрид заедно со Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија и САД ја организираат првата Меѓународна конференција за авантуристички туризам што ќе се одржи во Охрид од денес до 12ти мај, на која е предвидено учество на над 300 тур оператори за овој вид туризам во светот. Главна цел на ова конференција за туризам е да го прикаже Балканот како регион кој е подготвен за…
повеќе...Oд 10 до 12 мај во Охрид, Регионална конференција за активен туризам
Под мотото „Знаење, партнерство, пораст“, од 10 до 12 мај во Охрид ќе се одржи првата Регионална конференција за активен туризам. Најавено е присуство на повеќе од 200 претставници од јавниот и од приватниот сектор од 12 дестинации од Југоисточна Европа, кои ќе се поврзат со веќе потврдени 45 меѓународни туристички оператори од 16 земји. Конференцијата има цел да го поттикне избивањето на Балканот како една од најдобрите и најнедопрените дестинации за активен туризам во Европа. Лела Крстевска од Агенцијата за промоција и за поддршка на туризмот во Македонија појасни…
повеќе...Балканска музејска конференција „Запознај, види, направи“ во Албанија
Музејски професионалци од Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Република Македонија, Грција, Косово, Црна Гора, Холандија, Србија, Словенија, Шведска и Обединетото Кралство присуствуваа на една од најголемите музејски конференции на Балканот. Четвртата годишна конференција „Запознај, види, направи“ се одржa од 13-15 април 2016 година во Скадар, Албанија. Конференцијата е организирана од Балканската мрежа на музеи, мрежа на повеќе од 40 музејски институции од Балканот и Фондацијата Културно наследство без граници. Овогодишната „Запознај, види, направи” ja пoддржa од Фондацијата Ниархос Ставрос (ФНС), а се организира во партнерство со Историскиот музеј на Скадар,…
повеќе...Лазаревска: Бакрачески и ДПМНЕ не реализираа ни 1% од приоритетните проекти што им ги ветија на охриѓани
„Никола Бакрачески и ВМРО-ДПМНЕ не се грижат за охриѓани и нивните потреби, туку исклучиво за бизнис интересите и тендер политиките бандата на Никола Груевски. Бакрачески и ВМРО-ДПМНЕ не реализираа ни 1% од приоритетните проекти што им ги ветија на охриѓани“, обвини денес на прес-конференција раководителот на Центарот за комуникации ОО СДСМ Охрид, советничката Жаклина Лазаревска. Како што кажа таа, во Охрид го нема ветениот затворен пазар, го нема ни домот за стари лица. „Наместо индустриска зона во Мауцхер, има голема депонија на која се складира градежен шут и ѓубриште од целиот град. Нема ни откупно-дистрибутивн центар…
повеќе...Во Струга се одржува Втората едуконференција на наставници и информатичари 2016
Втората едуконференција на наставници и информатичари 2016, во организација на здружението Пријатели на образованието, се одржува од 1 до 3 април 2016 година, во Струга. Конференцијата е наменета за наставници и студенти – идни наставници, со цел да им помогне во развивањето и подобрувањето на организациските, комуникативните, методолошките и дидактичките вештини. На Едуконференцијата за наставници и информатичари 2016 ќе се презентираат примери од наставата кои се потврдени како ефективни, корисни и интересни. Ќе се дискутира на многу теми од интерес за професорскиот професионален развој. Учесници ќе имаат можност да следат…
повеќе...Стојаноски: Се што во својот мандат вети Бакрачески, ништо не исполни
ОО на СДСМ Охрид, денес одржа прес-конференција, на која говореше, координаторот на советничката група на СДСМ Охрид Јован Стојаноски. „Недомаќинското и неодговорно работење на градоначалникот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Бакрачески се повеќе доаѓа до израз. Се што во својот мандат вети Бакрачески, ништо не исполни.Го нема ветениот Дом за стари лица, нема затворен Градски пазар, нема откупно-дистрибутивен центар за земјоделски производи, нема индустриска зона во Мауцхер. Индустриската зона Охрид – Струга, која спектакуларно беше отворена од Никола Груевски плива во вода. Нема нити домашни нити странски инвестиции во Охрид. Проектот за модернизација, проширување…
повеќе...Codefest Junior – можност најмладите ИТ ентузијасти да ја покажат својата иновативност
Програмерскиот маратон Codefest е веќе добро познат на јавноста како успешен македонски производ со интернационална етикета, кој 4 години по ред се организира во Охрид, а се повеќе го привлекува вниманието на сите страни на технолошката заедница. Оваа година, од 15-17ти април Codefest ќе го одржи своето четврто издание, на кое покрај редовните учесници, за прв пат се воведува и Codefest Junior, посветен на најмладите, најкреативните и најиновативните умни глави и ИТ ентузијасти. Идејата доаѓа од соработката на организацијата на Codefest со Центарот за иновации ЕМКИЦЕ, МБАН – Македонската мрежа…
повеќе...Иванов ќе се обрати на конференцијата „Геостратегиската положба на Македонија и бегалската криза“ во МАНУ
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, утре ќе се обрати на отворањето на конференцијата „Геостратегиската положба на Република Македонија и бегалската криза”, што ќе се одржи во Македонската академија на науките и уметностите, со почеток во 10:00 часот. Конференцијата се организира во заедничка соработка на Центарот за стратегиски истражувања при Македонската академија на науките и уметностите и Институтот за геостратешки истражувања и надворешна политика при Министерството за надворешни работи на Република Македонија.
повеќе...Лазаревска: ДПМНЕ не се грижи за училиштата, пример е токму училиштето во Трпејца
Во просториите на Општинската организација на СДСМ Охрид, советничката група на СДСМ во Советот на општината денес одржа прес-конференција, на која се обрати советничката Жаклина Лазаревска. „Признанието на изборниот криминал по срамната одлука на Уставниот суд е директно поврзана со криминалот и корупцијата. Никола Груевски потроши 630 милиони евра за споменици, а ВМРО-ДПМНЕ за училиштата во Охрид кадешто учат деца не направи буквално ништо. Колку локалната власт од ВМРО-ДПМНЕ не се грижи за училиштата, пример е токму училиштето во село Трпејца, коешто е оставено на забот на времето. Ова училиште е руинирано, нема основни…
повеќе...