Претседателот на СДСМ Заев се сретна со американскиот конгресмен Енџел

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од генералниот секретар Оливер Спасовски и членот на И.О на СДСМ и претседател на Комисијата за економија, Драган Тевдовски попладнево се сретна со делегација предводена од американскиот конгресмен Елиот Енџел, придружувани од амбасадорот на САД во Р.Македонија, Џејмс Бејли. Актуелната политичка криза во Македонија, мегуетничките односи и евро-атлантските перспективи беа главните теми на разговор. Претседателот Заев ги соопшти политиките на СДСМ насочени кон враќање на уништените демократските вредности во Македонија. „Институциите се партизирани, јавната администрација работи под притисоци на власта, медиумите и судството се…

повеќе...

Заев: На судски рочишта нема да одам, Пуч е директива на власта

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денес одржа прес-конференција, на која истакна: „По вчерашната одлука на Основниот суд Скопје 1 – Скопје за политички монтираниот случај Пуч, јавно соопштувам: 1. Не го признавам правосудството како независна власт по Устав и по закон. Правосудството е под целосна контрола на Никола Груевски и неговата власт. 2. Нема да присуствувам на закажаните судски рочишта. 3. Нема да продолжам да ја почитувам определената мерка да се јавувам во судот секој понеделник во 9 часот, како и останатите мерки за обезбедување на присуство за водење на…

повеќе...

Утревечер по 14-ти пат започнува „Канеофест“ 2015

На летната сцена при Центарот за култура „Григор Прличев“ утревечер, со почеток во 21:00 часот свечено ќе биде отворено четиринаесетото издание на фестивалот „Канеофест 2015“, што го организира ТВ Морис од Охрид, со поддршка на Локалната самоуправа и бројни помагатели. „Традицијата на одржување на Канеофест трае веќе 14 години, а по 4-ти пат е под покровителство и организација на ТВ Морис од Охрид. Гласањето ќе оди преку публика и преку стручното жири кое што ќе биде составено од музички професори. За (фолк вечерта), утревечер пријавени се околу 22 новокомпонирани композиции,…

повеќе...

СДСМ: Оваа власт мора да замине, со неа и екстерното и образовниот хаос

Членот ИО и претседател на Комисија за образование и наука, Петар Атанасов, денес во изјава за медиумите истакна: „Денеска, трета година по ред, Министерството за образование ги објави резултатите од екстерното тестирање. Затоа, сакаме уште еднаш да го повториме нашиот став за овој проект. Екстерното тестирање како проект предизвика многу фрустрации, ги натера децата да учат на памет, тренираше строгост, ги измалтретира родителите и ги деградира наставниците. Лошите законски решенија направија хаос во образовниот процес. Останаа одредбите од член 97 од Законот за основно и член 70а од Законот за средно…

повеќе...

Работилница на ЕАВЕ со врвни филмски експерти во Скопје

Исклучително голем и важен настан за филмската дејност во РМ, за нашите филмски работници и за нашата земја која веќе станува препознатлива како филмска индустрија … Над 20 филмски експерти од релевантни институции, како Еуримаж, Креативна Европа, од неколку европски филмски центри, и 48 продуценти од триесетина земји, меѓу кои Бразил, Аргентина, Сингапур и од цела Европа, ќе учествуваат на работилницата на ЕАВЕ (Европски аудиовизуелни претприемачи) во Скопје од утре до 1 јули. ЕАВЕ е најголема продуцентска мрежа која веќе 27 години работи на вмрежување на продуцентите, нивна едукација и…

повеќе...

СДСМ: Новиот штаб на ВМРО-ДПМНЕ е споменик над спомениците на криминалите на Груевски

Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, денес во изjава за медиумите истакна: „Оваа зграда, тврдина, како што ја нарече Груевски вчера, е споменик над спомениците на криминалите и криминалниот врв на ВМРО-ДПМНЕ. Додека Македонија тоне во сиромаштија, додека 180.000 луѓе живеат со по 40 денари на ден, за оваа грамада од камен, замислениот султан Груевски, според достапните пресметки, употребил меѓу 15 и 30 милиони евра! Нели слушнавме со каква притресеност Груевски ги буткал измените на деталните урбанистички планови?! Е па како што со нив крател од зеленилото на скопјани за своите милионски…

повеќе...

Заев: Повикувам чесните во ДУИ да ја напуштат криминалната Влада и да поддржат преодна

Претседатеделот на СДСМ, Зоран Заев денес одржа прес-конференција, на која истакна: „Денешната прес конференција ја одржуваме во седиштето на партијата, а не во Кампот на слободата, поради потребите за прес конференцијата. Треба внимателно да ги слушнете снимките и внимателно да ги проследите преводите преку титловите на видео бимот. Со аудио доказите што ќе ги презентираме денеска продолжуваме и конкретно да го откриваме вистинското лице на врвот на ДУИ. Јасна е нивната одговорност за ужасната состојба во Македонија во секоја смисла, и од досега презентираните докази и аргументи, затоа што ништо…

повеќе...

Македонија домаќин на министерски состанок на ЦЕИ

Македонија, како земја претседавач со Централно-европската иницијатива (ЦЕИ), денеска во Охрид е домаќин на Министерскиот состанок на министрите за надворешни работи на државите членки на ЦЕИ. Заклучокот на шефовите на дипломатиите на шесте земји од Западен Балкан, Австрија и Италија на работниот појадок го изнесе македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски. „Сите земји од Западен Балкан имаат иднина во ЕУ и таа иднина ги определува и перспективите на земјите од нашиот регион. Таквата иднина мора да биде заокружена со една јасна временска рамка. Без таква временска рамка би го…

повеќе...

ЦЕИ Министерски состанок во рамки на Македонското претседателство

На 15-ти јуни (понеделник) во Охрид ќе се одржи Министерски состанок на министрите за надворешни работи на државите членки на Централната Европска Иницијатива (ЦЕИ), во рамки на овогодинешното претседавање на Република Македонија со ЦЕИ. На Состанокот ќе присуствуваат министри за надворешни работи и шефови на делегации од државите членки на ЦЕИ како Македонија, Албанија, Австрија, Белорусија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка, Молдавија, Црна Гора, Полска, Романија, Србија, Словачка, Унгарија, Италија, Словенија и Украина, а поканети се и специјални гости од Европската Унија, Европската банка за реконструкција и развој, Секретаријатот на…

повеќе...

Министерот Спасов на Меѓународната конференција на трудот во Женева

Владата на Република Македонија во своите стратегиски приоритети и цели го има отворањето нови работни места, односно намалувањето на невработеноста. Овие цели се реализираат преку примена на ефикасни активни политики за вработување, при што континуирано се следи и подобрува процесот на вработување на различни категории граѓани преку бројни програми и мерки за вработувања. Ова го истакна министерот за труд и социјална политика Диме Спасов во обраќањето на 104. сесија на Меѓународната конференција на трудот во Женева. Од мерките кои придонесуваат за зголемување на вработеноста, Спасов ги посочи Годишниот акциски план…

повеќе...