Нови вработувања за децата без родители

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов на прес-конференција за медиумите информираше за Програмата Д 10 како конкретен чекор и проект за подобрување на состојбата и квалитетот на живеење за лицата кои до 18 годишна возраст имале статус на дете без родители и без родителска грижа. „Поддршката на државата за овие лица е континуирана и сеопфатна, почнувајќи од периодот на детството па сè до вклучувањето на пазарот на трудот и вработувањето. Обезбедувањето на лична егзистенција преку вработување и интегрирање во општествениот живот е најважен чекор за овие лица. Како…

повеќе...

Завршна конференција на Проектот на ЕУ за техничка помош на МИОА

На денешната Завршна конференција на проектот на ЕУ за Техничка помош на Министерството за информатичко општество и администрација и зајакнување на имплементацијата на Националниот систем координација на обуки, беа сублимирани резултатите и очекувањата од неговото спроведување и согледани позитивните страни од преземените активности. Во своето обраќање министерот Ивановски се осврна на реформите во јавната администрација, како приоритетна област на Владата на Република Македонија за напредокот во процесот на пристапување во ЕУ. „Главната наша цел беше да создадеме услови за развој на професионална, компетентна, ефикасна, одговорна и етичка државна служба која…

повеќе...

Рангелова: Значително подобрена општествената улога на жената

Под мотото „Дел од новото време, дел од нашето движење“ денеска се одржа годишна конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ. На конференцијата во своето обраќање претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова истака дека во изминатите години во Република Македонија се направени многу значајни чекори за подобрување на општествената улога на жената. „Не може да се заборави незаменливата улога на жената во семејството, даровите на дружливост, лична чуствителност и нежност со кој е богат женскиот дух, што се вистинска сила за живот во семејството“, рече Рангелова. Според…

повеќе...

Василевски: Изградбата на новиот експресен пат Охрид-Пештани, значително ќе придонесе за олеснување на протокот на сообраќај низ населените места

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, д-р Сашо Василевски денес одржа прес конфернција на која се осврна на обезбедените средства за проекти во патната инфраструктура, која што според него ќе ги подобри и осовремени патиштата низ државата. Дел од средствата обезбедени за реализација на оваа Програма, се однесуваат на изградба и реконструкција на повеќе делници, но денес Василевски се задржа на изградбата на патниот правец Охрид-Пештани на ниво на експресен пат кој веќе се наоѓа во собраниска процедура, односно го помина првото читање на 24-тата седница на Собранието на Република…

повеќе...

Министерството за образование и наука доделува 2905 стипендии за студентите

Министерот за образование и наука м-р Абдилаќим Адеми, на денешната прес конфенреција, ги повика студентите да аплицираат по електронски пат за Конкурсот за доделување стипендии за студентите. „Станува збор за вкупно 2905 стипендии, за академската 2014/2015 година, кои се поделени во 3 групи. Како и минатата година министерството ќе додели 1500 стипендии за студенти од социјални категории; 630 стипендии за студенти кои постигнале особено висок успех во учењето, и тоа за студенти запишани на техничките факултети и медицинските науки кои постигнале просечен успех од I-та до тековно запишаната студиска година…

повеќе...

Министерката Јанкулоска во Рим на конференција „ИПА 2013 Западен Балкан“

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска и утре во Рим, Италија, учествува на министерска конференција „ИПА 2013 Западен Балкан“, во организација на италијанското Министерство за внатрешни работи, а посветена на ИПА проектот „Борба против организираниот криминал – меѓународна соработка во казненото право“. На маргините од конференцијата, министерката Јанкулоска имала средба со домаќинот на настанот, нејзиниот италијански колега Аџелино Алфано, на која се разговарало на повеќе теми од заеднички интерес. Двајцата министри, соопшти денска МВР, ја оцениле досегашната соработка како исклучително квалитетна во духот на пријателството меѓу двете држави. На…

повеќе...

Отворена дводневната Конференција за млади лидери „Предизвици и можности за балканското лидерство денес“

„Живееме во свет во којшто сосема поинаку функционираат и политиката, и економијата, и безбедноста и комуникациите. Во тој свет потребни се лидери кои ќе знаат да носат одлуки“, рече Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, на отворањето на дводневната Конференција за млади лидери „Предизвици и можности за балканското лидерство денес” во Охрид. Според претседателот Иванов, радува фактот што се повеќе луѓе се приклонуваат на школите на мислења кои на се даваат планетарно значење, пред се на климатските промени, економијата, политиката и безбедноста. „Да бидете креативни и да создавате иновативни идеи.…

повеќе...

Конференција за млади лидери – „Предизвици и можности за балканското лидерство денес“

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, утре – 29 ноември, сабота, ќе се обрати на Конференцијата за млади лидери „Предизвици и можности за балканското лидерство денес”, што ќе се одржи на 29 и 30 ноември во Охрид. Предвидено е на отворањето на конференцијата да се обратат поранешниот Претседател на Република Бугарија, г. Георги Прванов и поранешниот Претседател на Република Албанија, г. Бамир Топи. Учесници на Конференцијата за млади лидери „Предизвици и можности за балканското лидерство денес” се претставници на петте генерации на Школата за млади лидери, што по иницијатива…

повеќе...

Научна конференција „Практичната настава на идните педагози, наставници и воспитувачи во мултикултурни средини – искуства и предизвици“

Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми, денеска присуствуваше на Меѓународната научна конференција „Практичната настава на идните педагози, наставници и воспитувачи во мултикултурни средини – искуства и предизвици“, која се одржа на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, при што истакна ваква заедничка средба на практичари и научни соработници ќе вроди со конструктивни искуства и идни соработки кои ќе придонесат кон понатамошно унапредување на релевантните образовни политики. Министерството, напомена Адеми, како матична институција се грижи за образовните политики кои го креираат образовниот простор во Република Македонија.…

повеќе...

Тунтев: Приведувањето на поранешниот градоначалник Петрески претставува политичка хајка и пресметка со неистомислениците на власта

ОО на СДСМ Охрид одржа прес-конференција на која што се обрати претседателот на ОО СДСМ, Томислав Тунтев, кој истакна: „Дали на власта и треба нов политички прогон со монтиран судски процес за одвлекување на вниманието на јавноста од секојдневните скандали и случувања кај нас? Изгубената доверба во судството, селективна правда, контролата на власта врз судството и политички притисок врз судиите, нотирани во Извештајот на ЕК, Извештајот на американскиот Стејт департмент и извештаите на други меѓународни организации, оставаат сомнеж дека и овој случај на приведувањето на поранешниот градоначалник на Охрид, Александар Петрески претставува политичка хајка и…

повеќе...