Денеска директорот на МЈП Проаква, РЕ – Охрид, Томе Паскалоски, на прес конференција обелодени факти околу штетниот договор кој се однесува на малите хидро -електрани а кој е склучен во време на минатата локална гарнитура. „Иницијативата за формирање на друштво кое се однесува на малите хидро електрани е од 2007-ма , а наредната година на 1-ви март , формирано е Друштво со ограничена одговорност – Мали хидро електрани, „Летнички извори“. Станува збор за јавно – приватно партнерство помеѓу Проаква од една и Конзорциумот Турбо Институт “Фероинвест“ од Скопје од друга…
повеќе...Tag: конференција
Здравјето на животните и безбедноста на храната – Приоритет за Агенцијата за храна и ветеринарство
Од 18 до 20 ноември 2014 година во Охрид, во соработка со Светската Организација за здравствена заштита на животните (ОИЕ), Агенцијата за храна и ветеринарство беше домаќин на Регионалниот Семинар за националните контакт точки за ветеринарни препарати. Семинарот го отвори директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски кој пред претставниците на 32 земји од регионот и од Европската Унија, 8 предавачи од светски рамки и претставници од седиштето на Светската Организација за здравствена заштита на животните од Париз, и регионалните канцеларии во Софија и Брисел го истакна заначењето…
повеќе...Меѓународна конференција на земјите – членки на здравствената мрежа на ЈИЕ
Имплементацијата на стратегијата Здравје 2020 на Светската здравствена организација, овозможување посебна група во рамки на здравствената мрежа на Југоисточна Европа во случај на определени елементарни непогоди која би имала за задача брзо организирање на сите земји-членки на мрежата за подобра координација и помош меѓу нив, како и поголема мобилност на лекарите во тие земји и нивна едукација. Ова се трите главни цели за кои се дискутираат учесниците на меѓународната конференција на земјите – членки на здравствената мрежа на Југоисточна Европа, која почна денеска во Скопје во рамки на македонското претседателството…
повеќе...Наскоро конечна разврска на проблемот со електричната енергија во ОУ „Григор Прличев“
„Можно е уште во текот на овој ден , да има конечна разврска и надминување на проблемот со струја во основното училиште “Григор Прличев“,“ најави денес охридскиот градоначалник Никола Бакрачески кој потенцира дека Локалната власт е во постојани преговори со доверителите кои ја имаат блокирано сметката на Основното училиште „ Григор Прличев“ по што веднаш потоа ќе биде платен долгот кон ЕВН и училиштето ќе добие електрична енергија. „Денеска претпладне имавме работни средби и состаноци со доверителите, со нив работни состаноци имаме и во текот на попладнево. Ги разгледуваме сите…
повеќе...ЈП „Билјанини Извори“ интензивно преговара за вклучување на електрична енергија
„Јавното претпријатие ЈП „ Билјанини извори“ со поддршка на Локалната самоуправа и градоначалникот Никола Бакрачески, води интензивни преговори со ЕВН за начинот на плаќање на заостанатиот наследен долг и вклучување на напојувањето со електрична енергија“ – изјави денеска директорот на претпријатието Ристе Мишев. Тој објасни дека голем дел од наследените долгови од претходното раководство ,кое недомаќински работело се сервисирани, сметката е одблокирана уште на почетокот на летото и дека е уверен за брзо решавање на проблемот со исклучената електрична енергија. „Јавното претпријатие „Билјанини извори“ нема плаќано фактури за електрична енергија…
повеќе...Кузески: ВМРО-ДПМНЕ и Бакрачески наместо да ги решаваат проблемите на нас охриѓани тие ни создаваат нови
Портпаролот на ОО на СДСМ Охрид, Александар Кузески денес одржа прес-конференција пред ОУ „Григор Приличев“. Изјавата дадена за медиумите ја пренесуваме интегрално: „Исклучена е струјата во основното училиште Григор Прличев во Охрид. Учениците држат настава само додека има дневна светлина и топлина, родителите и граѓаните збунето прашуваат што се случува? Според информациите доставени до нас причина е огромниот долг на училиштето од над 800 илјади денари или повеќе од 13 илјади евра! Ова е последица на неодговорното однесување на Бакрачески и ВМРО-ДПМНЕ. За контрадикторноста да биде поголема, со предвидениот ребаланс на…
повеќе...ЛДП: Субрата Рој е само една демаскирана лага од многуте на оваа власт
ОО на ЛДП Охрид, денес одржа прес-конференција, на тема „Контраверзиите околу случајот Субрата“, на која зборуваше советникот од ЛДП Охрид, Дејан Блажески. „ЛДП изразува жалење заради огромното фијаско на проектот Субрата, со кој Премиерот и нeговите министри на крајно несериозен начин си поиграа со граѓаните, сервирајќи им успешна приказна на еден од најпримитивните начини, потикнувајќи ја лажната надеж во оваа сериозно осиромашена земја. Имено, Субрата Рој е само една демаскирана лага од многуте на оваа власт. Портокаловата “галантонска” белосветска измама резултираше со очекуваниот епилог. Нити трага од најавената инвестиција во…
повеќе...Одржана донаторска конференција за интегрирано образование
Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми и заменик министерот Спиро Ристовски, денеска, присуствуваа на донаторската конференција посветена на интегрираното образование, која се одржа во присуство на претставници од надлежните институции кои делуваат во сферата на образованието, како и претставници на амбасади и меѓународни организации кои го поддржуваат процесот на интеграција на образованието во земјата. „Она што сакам да го истакнам во контекст на интегрираното образование е дека Република Македонија е земја во која со години се негува и надградува мултикултурноста и мултиетничноста и тоа благодарение на она што децата…
повеќе...Делегација на Царинската управа на регионална конференција за гранична безбедност во Приштина
Во периодот 3 – 6 ноември 2014 година, делегација на Царинската управа присуствува на Регионална конференција за гранична безбедност која се одржува во во Приштина, Косово, а е организирана од косовската гранична полиција и царина, во соработка со Програмата за контрола на извозот и гранична безбедност (EXBS) на САД. На конференцијата учествуваат високи претставници на Граничната полиција и Царина на Албанија, Косово, Македонија и Црна Гора, претставници на меѓународните организации ICITAP, SELEC, FRONTEX, кои разгледуваат прашања поврзани со прекуграничната трговија, борбата со организираниот криминал, заканите од тероризам и предизвиците со…
повеќе...Меѓународна конференција „Smart City“ во Драч, Република Албанија
Министерот за образование и наука, м-р Абдилаќм Адеми, денеска присуствуваше на првата меѓународна конфенреција „Smart City“ во Драч, Република Албанија. „Огромна е улогата на образованието, обуката и на научно-истражувачката дејност во напорите за развој на просперитетно општество кое води грижа за сопствената одржливост и развива креативен и иновативен човечки капитал. Би сакал да се задржам на две работи: Политиката за истражување и развој, и на подготовката на младите и на возрасните за квалитетно вработување преку образовните политики креирани во сите степени на образованието,“ истакна во своето обраќање пред присутните министерот…
повеќе...