Здружението Институт за развој на заедницата (ИРЗ) – Тетово, во соработка и со поддршка на Совет на Европа, на 8 Јули 2014 година во Охрид организира еднодневна конференција, чија што цел е размена на мислења и искуства за користење на социјални медиуми за информирање на граѓаните и како може тие да помогнат за учество во процесите на одлучување на локално ниво. Конференцијата се организира во продолжение на обуката за медиумска писменост наменета за претставници на граѓански организации и новинари од Република Македонија, која се организира од 5 до 7 Јули…
повеќе...Tag: конференција
Ѓуровски: Контролните натпревари се исклучително важни за создавање на силна репрезентација
Македонската фудбалска репрезентација ги продолжува подготвките за претстојните два натпревари со Кина на кои селекторот Бошко Ѓуровски покрај Ѓоко Зајков и Тауљан Сулејманов, нема да смета ниту на Борче Маневски, на кого селекторот Ѓуровски му излезе во пресрет и му дозволи да замине на финални преговори со неговиот евентуален нов клуб. „Мини турнеите низ Австрија и Италија како и оваа во Кина ќе бидат исклучително важни во создавањето на селекцијата за квалификациите за Европскиот шампионат во Франција. Целта е да најдеме играчи кои ќе одговорат на моите барања и да…
повеќе...Точков: Водата во Охридското Езеро преку 90% е од прва и втора класа, јавните чешми безбедни за пиење
Центарот за јавно здравје Охрид, согласно својата програма и процедури за работа пред секоја летна туристичка сезона врши комплетна контрола на квалитетот на површинската вода во Охридското Езеро од македонска страна, но и на сите оние водотеци или реки кои што се вливаат во Охридското Езеро. Редовно се следи состојбата и со квалитетот на водата за пиење и со квалитетот на водата од јавните или артески чешми кои што ги користат граѓаните и туристите во овој летен период, информира на денешната прес конференција Сашо Точков, специјалист по санитарна хемија и броматологија…
повеќе...Барбара Фритоли и Лео Нучи за старт на 54-то издание на „Охридско Лето“
Големи уметници чиишто настапи ги красат најпрестижните светски сцени. Охридско Лето и оваа година ќе блеска по 54-ти пат. Повторно најголемите, најславните и најуспешните ќе остават блескава трага во богатата историја на фестивалот. „По традиција на Антички за старт на фестивалот имаме голема ѕвезда, а годинава ќе ја започнеме со две мега ѕвезди. На 12 јули вечер на популарни оперски арии во изведба на уметниците со прекрасен глас Барбара Фритоли, сопран од Италија, Лео Нучи, баритон од Италија под диригентската палка на маестро Луис Горелик од Италија во придружба на…
повеќе...Меѓународен научен собир за безбедност во Охрид
Утре, среда во Охрид свечено ќе биде отворена Меѓународна научна конференција на тема „Македонија и Балканот 100 години од првата Светска војна – Безбедност и евроатлански интеграции. Конференцијата во организација на Факултетот за безбедност-Скопје ќе се одржува престојните два дена во Охрид. Свое учество ќе земат претставници од Словенија, Хрватска, Бугарија, Србија, Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Романија, Македонија и др. Овој голем меѓународен научен собир за безбедноста се одржува по петти пат во регионот. Над 100 меѓународни професори и научни ќе презентираат свои трудови и воедно ќе дебатиртаат на…
повеќе...Заменик министерот Ќамили на министерска конференција во рамки на Брдо Процесот
Делегација на Министерството за внатрешни работи предводена од заменик министерот за внатрешни работи Земри Ќамили, учествува на дводневната (02/03.06) Министерската конференција во рамки на Брдо Процес, во Брдо при Крањ, Република Словенија. На конференцијата учествуваат и делегации на министерствата за внатрешни работи на домаќинот Република Словенија, на Република Хрватска, Босна и Херцеговина, Република Србија, Црна Гора, Република Косово, како и претставници на регионални и други организации. На Конференцијата, заменик министерот Ќамили имашe кусо обраќање во рамки на заедничката дискусија на тема – “Зацврстување на регионалната соработка и координирана помош на…
повеќе...Меѓународна конференција за водоснабдување и отпадни води
Заменик градоначалникот на Охрид, Ангел Јанев, утрово ја прогласи за отворена четвртата меѓународна конференција за водоснабдување и отпадни води што денес и утре се одржува во Охрид . Учесниците на научната средба ќе расправата за водо- снабдувањето и одведувањето на отпадните води како едно од клучните прашања за иднината на човештвото. „Ние сме подрачје богато со вода, но тоа не значи дека можеме нерационално да се однесуваме со ова ретко природно богатство. Охридското Езеро е едно од трите најстари природни езера во светот и најголемиот базен со чиста вода…
повеќе...Одржана првата меѓународна научна конференција за спорт во Охрид
Во Конгресниот Центар на УКИМ во Охрид, се одржa меѓународната научно-стручна конференција за спортот која е во организација на Факултетот за физичка култура и Универзитетот “Св.Кирил и Методиј”. Одржувањето на научната стручна конференција која е прва од ваков тип во регионот, ги опфати најновите теоретски сознанија и научни истражувања за ефектите на физичката активност на антрополошкиот статус кај децата, младите и возрасните, како и нивна имплементација во физичкото и здравствено образование, спортот, спортската рекреација, кинезитерапијата, спортскиот менаџмент и др. Свои согледувања и излагања на стручната конференција имаа научници и професори…
повеќе...Прес конференција на селекторот Бобан Бабунски пред натреварот со Португалија
Репрезентација до 21 година утре во 18:00 часот на „Националната Арена Филип Втори“ во Скопје ќе го одигра шестиот натпревар во квалификацискиот циклус за пласман на следното Европско Првенство кое наредната година се одржува во Чешка. На прес конференција во „Куќата на фудбалот“ свое видување за средбата дадоа селекторот Бобан Бабунски и фудбалерите Стефан Ашковски и Дарко Мицевски. „Имаме неколку нови млади играчи. Станува збор за фудбалери, што ги следиме извесен период. Тие активно настапуваат во своите клубови и апсолутно имаат потенцијал за да бидат носители на У-21. Португалија е силна репрезентации.…
повеќе...Учество на министерот Попоски на Меѓународната Конференција „Европскиот идентитет и иднината на Балканот“
Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски, денеска, учествуваше на Меѓународната конференција на тема: “Европскиот идентитет и иднината на Балканот“, која се одржа во Скопје под покровителство на Австриско-францускиот центар за приближување во Европа и Европското движење на Македонија, а во организација на Амбасадите на Франција и Австрија во Скопје. Во своето воведно обраќање пред присутните, министерот Попоски истакна дека Конференцијата претставува одлична можност за афирмирање на европската иднина на регионот генерално, но и за промовирање на европската иднина на Македонија, која е возможна само преку активна поддршка…
повеќе...