Владата на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ во своето 10 годишно владеење успеа македонското образование да го донесе на самото дно во европски рамки и од него да направи единствено само фабрика за партиски вработувања.Ова го истакна на денешната прес конференција Жаклина Лазаревска , кандидат за пратеник и советник на ОО СДСМ Охрид. „Незнаењето на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ кулминираше со безмилосно трошење на народните пари на “проекти“ од типот: „Компјутер за секое дете“ , екстерно тестирање и оценување на учениците и наставниците , целосно нефункционална Кембриџ програма, пренатрупаност на наставниот…
повеќе...Tag: конференција
Арнаудов: Програмата „Реално“ е најсоодветно четиво за сите области вклучувајќи ги водените басени во Македонија
Особено е значајна тематиката која ја опфаќа внатрешната пловидба. Република Македонија и тоа како е богата со водни ресурси, но за одржување во оптек на водените басени потребни се значајни проекти кои денес може да ги согледаме како наведени во програмата РЕАЛНО на ВМРО ДПМНЕ. Ова го истакна на денешната прес-конференција претседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид и кандидат за пратеник во ИЕ 5 Др. Љубен Арнаудов. Тој наброи само неколку проекти кои се директно поврзани со градот Охрид. „Брод за чистење на езерското дно, одржување на пловни патишта, поставување сигнализација на пловни патишта…
повеќе...Бакрачески: Заводот за кардиоваскуларни заболувања од Охрид бележи тренд на постојан раст и развој
Заводот за кардиоваскуларни заболувања од Охрид е една од поуспешните приказни во системот на јавно здравство на Р.Македонија и институција која во последната деценија бележи тренд на постојан раст и развој, како во бројот на услуги и волумен на работа, така и во бројот на нови воведени методи, постапки и процедури, рече во изјава за медиумите, градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески. „Сето тоа беше забележано од страна на Министерството за здравство и Владата на Р.Македонија која што во изминатиот период од 10 години постојано вложуваше во оваа здравствена установа,…
повеќе...Тунтев: Нашата цел е да создадеме услови за младите да останат да живеат и работат во Македонија
Во просториите на ОО на СДСМ Охрид, денес се одржа прес-конференција, на која говореше д-р Томислав Тунтев, пратеник и претседател на ОО СДСМ Охрид. „Во своите изборни програми, и во 2013, и во 2014 година, ВМРО-ДПМНЕ ветуваше преродба и забрзан развој на Охрид, но не реализира ниту еден од ветените приоритетни проекти. Нема нова современа автобуска станица, нема затворен базен за пливање, нема модерно градско пристаниште, нема покриен современ зелен пазар, нема дом за стари лица, нема индустриска развојна зона, нема ниту една катна гаража, ниту еден нов водоводен систем,…
повеќе...Арнаудов и Василевски: ЈЗУ Општа болница е една од најсовремените болници во регионот
Во програмата на ВМРО-ДПМНЕ како и во изминатиов период, така и во периодот кој следи од програмата „Реално“, многу проекти се започнати и ќе бидат завршени, истакнаа денес кандидатите за пратеници во ИЕ 5 Д-р Љубен Арнаудов и Д-р Сашо Василевски. Како што рекоа еден од главните сегменти на Владата на РМ, предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде столбот на здравството, сигурно, безбедно, бесплатно, достапно за секој граѓанин на Македонија. „Имавме тешка задача да дојдиме до оваа болница која веќе не е општа болница на градот, туку е и регионална болница.Во…
повеќе...Милошоски: За набавка на медицински апарати предвидени 33 милиони евра
Во програмата на коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ предвидени се вкупно 33 милиони евра за набавка на најсовремени медицински апарати и опрема за здравствените установи низ Македонија. Тоа денеска во Охрид го истакна Антонио Милошоски, носител на кандидатската листа на коалицијата „За подобра Македонија“ во петтата изборна единица. „За здравствените установи во рамки на Петтата изборна единица предвидена е набавка на 930 медицински апарати, со вкупна вредност од 6,5 милиони евра, од кои три милиони евра за охридските болници и установи“, изјави Милошоски. Тој најави и целосна обнова и…
повеќе...Василевски: ВМРО-ДПМНЕ макотрпно се залага за земјоделските политики
Кандидатот за пратеник на ВМРО ДПМНЕ во ИЕ5 Д-р Сашо Василевски денес се сретна со жителите во село Горно Лакочереј.Во изјава за медиумите, тој истакна: „Земјоделството претставува примарна стопанска гранка и неоделив сегмент од економскиот и националниот развој на нашата држава. ВМРО ДПМНЕ покажува како се цени трудот на македонскиот земјоделец со тоа што макотрпно се залага за земјоделските политики. Додека нашите политички опоненти го потценуваат значењето на субвенциите како непотребни ВМРО ДПМНЕ им ја дава помошта што им е потребна на земјоделците за одржување и нивен развој. И повеќе од…
повеќе...Арнаудов: Поголем дел од програмата на ВМРО-ДПМНЕ е посветена на младите и нивниот правилен развој
Претседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид и кандидат за пратеник во ИЕ 5 Др. Љубен Арнаудов, денес се сретна со жителите на Лескоец. Во изјава за медиумите тој истакна: „Денес младите преставуваат движечка сила и промотор на новите вредности на секое општество и држава. Токму поради тоа поголем дел од програмата РЕАЛНО на ВМРО ДПМНЕ е посветена на младите и нивниот правилен развој. ВМРО ДПМНЕ како сериозна политичка партија која секогаш мисли за својата младина создава предлог мерки за решавање на проблеми кој ги засегаат и на локално и на национално…
повеќе...Василевски: На Плаошник ќе блесне целокупното црковно и световно жариште
„Од ова свето место од местото каде што Св. Климент ја ширел писменоста насекаде во светот од местото наречено Плаошник ви се обраќаме за да промовираме едно од најзначајните капитални дела од доменот на културното наследство. Проект насловен како изградба на Светиклиментовиот универзитет кој е дел од програмата РЕАЛНО на ВМРО ДПМНЕ и проект кој претставува континуитет на духовното меѓутоа во поново време и туристичко согледување на оваа локација.“ – истакна Др. Сашо Василевски, кандидат за пратеник од ВМРО ДПМНЕ Охрид во ИЕ 5. Василевски истакна дека Светиклиментовиот универзитет ќе содржи…
повеќе...Домазетоски: Коалицијата ВМРО за Македонија ќе го укине екстерното тестирање и ќе воведе комбиниран модел на образование
Во просториите на ОК на ВМРО-НП Охрид денес Коалицијата ВМРО за Македонија одржа прес-конференција. Конференцијата беше посветена на иницијативата поднесена во август 2013 година, односно иницијатива за укинување на екстерното испитување во основното и средното образование во Македонија, кој што од Коалицијата ВМРО за Македонија сметаат дека како проект не е во ред да се применува во образованието. „Веќе неколку години поточно од учебната 2012/2013 година Владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ без никакво чувство на одговорност и самокритичност, спроведува проект во основните и средните училишта наречен Екстерно проверување, т.е екстерно тестирање.…
повеќе...